Како прво, кога одиш во амбасада да бркаш ваква работа поготово кога поднесуваш документи за происход или да правиш интервју, треба да се нацрташ таму уште пред да почнат со работа (Без оглед кога ти е закажано, 9ч или 11ч), и да си го спремиш пасошот, штом ќе излезе тој дечкото (Знаете за кого зборам, 50г+, се заканува дека ќе ја затвори амбасадата ако не го слушате, се понаша малку грубо), веднаш треба пасошот него да му го дадеш, тој ќе провери дали имаш термин и ќе те викне штом ќе ти дојде редот. Ако некој отиде во 11 саат таму па и уште заборавил пасош или незнаел дека треба да носи, веќе пропаднал терминот.