По толку дремење на овие теми знаеш ти подобро
,единствен начин да се разберат две суперсили е кога едната е на колена 
Не би имал Путин ништо против таа глобализација ако СССР ја предводеше а не САД.
Се согласувам со болдираното, но Русија нема претензии за да биде владетел на светот,
доволно проблеми има за решавање дома, СССР беше друго, и тоа го правеше на сосема друг начин и други мотиви, но СССР е минато.
Вистината е дека и САД и Русија имаат заеднички проблем, тоа се банкарите и глобалистите.
Додај ја тука и Кина.
Ништо од она што се случи по 1913 (кога САД го изгубија ФЕД) не требаше да се случи.
Ниту 1 СВ, ниту Болшевичката Револуција, ниту 2 СВ.
Со стапката на технолошки развој што ја имавме, денес требаше Марс да биде населен, и наместо нуклеарно оружје, да правиме вселенски бродови.
Мислам дека САД и Русија имаат заеднички проблеми, и ова е шанса еднаш во 100 год. да седнат и да почнат да работат заедно, а двете земји да бидат добитници.
Ќе го цитирам тука Гоце Делчев:
"Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар
меѓу народите"
Оваа мисла е изразито анти-глобалистичка, т.е. Националистичка.
Со други зборови, ако секој си ја гледа својата работа, ќе има мир во светот.