Still Life
Одамна ми се нема случено да чепкам на фејсбук додека гледам филм, ама ова беше навистина досадно на моменти. Последните 5 минути вредеа од филмов, другово ни емоција да извлече од тебе ни ништо, еден праволиниски живот на еден обичен граѓанин гледаш, кој е влезен во едно секојдневние од кое никако не може да излезе дури и кога сака (моментот кога ја пржеше рибата). Сакам драми, ама драми кои ќе извадат емоции од тебе, овде емоциите беа во последните 5 минути, откако типкава си замина од возот, потоа се случи хумор, црн хумор, трагедија и иронија на животот. Ова да беше распределено низ цел филм ќе беше многу подобар, овака
4/10 од мене и тоа поради крајот само, со тоа дека успеа да собере луѓе за погребот на Били и со последната сцена која претстави дека сепак она што го правел не било залудно.[DOUBLEPOST=1476578790][/DOUBLEPOST]А сега овака еден пост кој можете слободно да го прескокнете, ама да си ја завршам задачата и да ми пише оцени Злате таму кај што фалат, по 3-4 реченици за секој филм за кој што немам пишано ништо.
Grave of the Fireflies
Мислам дека сум единствениот на кој што не му легна којзнае колку филмов, барем според тоа што го прочитав во темава. Чудна ми беше анимацијата некако, не се поврзав со ликовите, на моменти и малку досаден ми беше.
6/10 со можност некогаш пак да го изгледам, па може поинаку ќе го доживеам тогаш.
Rebecca
Срамота ќе беше клубов да помине без Хичкок. Уште немам изгледано негов филм,а да ме нема воодушевено. Супер трилер, можеби не е на ниво на Rope, M for Murder, Strangers on a Train и останатите, ама пак, со шмекот негов, автоматски е подобар. Лоренс Оливие поштено си развали цел филм
8/10
Good Bye Lenin
Одамна се има зборено за филмов на форумов, па и општо по интернетов, ама никогаш не дојде на ред да го изгледам. Знам дека кога видов дека е предложен за тука, си реков добра е, конечно ќе го изгледам и јас овој. Ама ништо посебно не излезе,
6/10. Што ќе направи еден син за својата мајка, на моменти дури и претерано беше, се граничеше со лудост, ама сепак од друга страна, друго време било тоа, пред 20 и кусур години, друг начин на живот. Иако имаше интересни моменти низ филмов, вестите што ги снимаа со другар му посебно, толку ми остана од филмов, нешто над просек, ништо повеќе.
The Congress
Њот, знаев дека нешто чудно ќе пуштиш ти, ама што беше ова бе
?
Се беше супер додека не почна анимацијата (па и таа беше во ред првите 15тиина минути), тука се изгубив скроз во филмот и изгубив секаква поврзаност со филмов и мислам дека механички го догледав, не се ни сеќавам што и како точно се случи на при крајот, знам само дека последните минути со душа чекав да заврши.
4/10
Once Upon a Time in The West
Мислев дека ќе помине клубов без 10ка од мене за некој филм, ама тогаш се појави класикава
Филмиште, сите што работеле на сетов си ја завршиле работата скроз, од чистачи до режисер и актери. Нема нешто што не е интересно, Клаудиа Кардинале е мелем за очи, приказна каква што денешниве режисери можат само да сонуваат, хармоника низ цел филм, пукотници, епик карактери!!! Не знам кој пат го гледам, ама никогаш нема да ми е досаден.
10/10
A.I. Aritificial Intelligence
Ова ми беше еден од оние култни филмови кои уште ги немам гледано или ги имам гледано додека сум бил копиљ па скроз ги имам заборавено (или воопшто не сум ги сфатил тогаш).
Значи, модерен Пинокио, ваљда за тоа време кога е излезен бил филмиште, сега мене не ми легна толку многу, едно поради Џуд Лоу (ако Бред Пит добива улоги оти е pretty face, овој...), друго оти стануваше напорен на моменти со оглед на фактот дека траеше прилично долго, трето оти многу многу не се поврзав со малиот робот.
Добар филм е се на се, ама кај мене ќе го нема тоа култно место, ќе биде доста добар филм само
7/10
A Simple Plan
Малку се изненадив кога видов дека обичен трилер од Холивуд е за гледање тука, се зачудив што не ми е гледан досега, или барем начекан некаде по ТВ некогаш. Како влијаат парите на сите луѓе и како тие можат да ги променат сите луѓе. Сепак, сите имаат цена на светов, треба само да ја најдеш точната цифра. Тортон каква глума имаше низ цел филм, алал нека му е, буквално се може да изглуми типот.
Филмов интерен, со неколку предвидливи моменти, ама трилер од деведесетите не може да не е добар филм
. 6/10
Останат ми е уште Lunacy, макар што осеќам дека два саата ќе пукнам од досада, ама ќе го изгледам и него и ќе напишам и за него 2-3 збора.