Котелот ќе ти биде бескорисен доколку немаш радијатори низ куќата и доколку не се истите веќе поврзани преку цевки со заеднички извор на топлинска енергија - дали досегашните извори кои си ги користел на струја или на дрва.
Доколку немаш радијатори или имаш радијатори, но не се истите поврзани преку цевки со заеднички извор на топлинска енергија, ќе мораш допрва да копаш низ куќата и да правиш инсталација за поврзување на радијаторите со котелот на пелети.
А доколку планираш да користиш печка на пелети, тогаш се знае - ја поставуваш во просторијата од каде што топлината ќе се шири кон другите простории.
За куќи и станови до 100 квадрати, би требало да заврши работа котел со моќност до 12 киловати.
Еве ти го најновиот ценовник на Еко Шпар од Охрид, каде што го нудат котелот Minima со моќност до 12 киловати за домови до 100 квадрати, по цена од 66.050 денари.
http://www.ecospar.com.mk/sites/default/files/cenovnik.pdf
Еве ти го и најновиот каталог на Еко Шпар, каде што ги имаш техничките спецификации на печките и котлите на пелети кои ги нудат.
http://www.ecospar.com.mk/sites/default/files/EcoSpar_Web_Catalogue_MK.pdf
За достапноста на залиха и каде можат да се нарачаат и испорачаат печките и котлите на пелети од Еко Шпар, најдобро ќе биде да ги контактираш нив телефонски за да добиеш информација од прва рака.
http://www.ecospar.com.mk/mk
http://www.ecospar.com.mk/mk#contact
Кога сме кај пелетите, кај мене дома користиме претежно српски Forest Enterprises од Алфаплам и Bioenergy Point.
http://www.forestalfaplam.com/article/forest-pelet.html
http://www.bioenergy-point.rs/sr/drveni-peleti
Не знам точно од каде моите ги нарачуваат пелетите, но барем еднаш имаат нарачано српски пелети од Алпин Пелет, кои продаваат и македонски пелети, но јас лично те советувам да се држиш настрана од македонските пелети, бидејќи неретко се случува да имаат остатоци од дрвца кои можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во каминот. Доколку купуваш македонски пелети од било кого, задолжително провери ги сите вреќи од прва до последна за да се увериш дали има било какви остатоци од дрвца во вреќите.
http://www.alpinpelet.com.mk/proizvodi/11-products/37-peleti.html
Кога моите нарачуваат пелети, вообичаено нарачуваат цели пратки од 50 до 100 вреќи, при што следува попуст, па така ако една вреќа од 15 килограми се продава по цена од 200 или 210 денари, за нарачка од 50 до 100 вреќи може да се начека попуст така што една вреќа од 15 килограми би чинела 180 или 190 денари.