1. Битола не е Скопје. Еден пример Колку е небитна Битола можи да се види по колибата од 2 спрата шо треба да се вика Кино Манаки шо се гради на Широк Сокак веќе 4 години, а во Скопје за пола година се гради зградиште од 7-8 спрата во барок.
2. Цена на чинење на затворен градски базен во Македонија и Србија шо ги има на нет: Куманово 2.500.000€, Пирот 4.000.000€, Охрид 5.000.000€, Панчево 8.000.000€. За училишен нема потреба да се дискутира колку би чинел. До пред 2 години поќето училишта немаа сали за физичко, камоли да очекват затворен базен.
3. Во најмала рака смешно е да кажиш дека релативно голем објект кој треба да работи 14-17 саати дневно и да има константно висока температура на воздух и вода би трошел 2-3.000€ за струја годишно. Испод 50.000€ годишно не би бил трошокот за струја или мазут.
4. Тендери за јавно-приватно партнерство ако не се лажам ги имаше барем 2 или 3. И никој не се пријави. Па за профитабилен бизнис демек се работи?
5. Иначе за да е колку толку самоодржлив објектот т.е. чаре треба да се бара во алтернативната енергија (соларни панели, геотермална енергија, отпадни води, топлотни пумпи) и комерцијални објекти кои би се издавале. Без ова курац дека би било рентабилно.
6. И да нема забуни и јас сакам да се изгради затворен базен, макар и да треба државата да ги покрива трошоците за градење и одржување.