Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Да во право си, верувањето во еврејскиот бог нема допирна точка со човековиот вид, говор и слух туку има со умот

мики1 кажа
“А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.“

П.С а што е со исус христос, и тој ли не можел да биде виден, слушнат, да се разговара со него.
Исус е силна метафирична приказна која е составен дел од човековиот развој во кој се опфатени духовни промени, искажани или поточно трасиран пат до возвишеното преку страдање.
 
Исус е силна метафирична приказна која е составен дел од човековиот развој во кој се опфатени духовни промени, искажани или поточно трасиран пат до возвишеното преку страдање.


сакаш да кажеш дека тој е приказна, не е бог, богочовек?

....................................


Кога ти нарекуваш бог-спасител и ни сугерираш да веруваме, јас не верувам, барам, копам наназад и доагам до сознание дека овој бог е всушност еврејскиот бог, читам за војни, убиства, крвопролевања во името на овој бог кој што ти го нарекуваш спасител, каков спасител може да е одговорен за геноциди на цели нации, тој не е спасител, тој попрво е демон за мене
ако мислиш дека јас некого или нешто мразам си грешка, тоа што го гледам, читам, разбирам и на крај го расудувам и го кажувам овде на форумов, тебе како поборник на христијанската религија те прашувам, прашања кои највероватно за тебе треба да бидат табу тема т.е воопшто да не се прашуваат.
ова за мене е најобична конверзација, разговор, но од друга страна твојата религијата е дел от твојот личен идентитет, свето нешто и ти изгледа богохулење.

да те потсетам дека ова не е еден од храмовите на твојата религија, ова е форум, место каде што кажаниот збор (филозофијата, фактите, логиката) владее и тежината на истиот одлучува дали и колку ке биде прифатен од читателите, и колку болка, навреда или возхитување ке предизвика.
 
Исус е силна метафирична приказна која е составен дел од човековиот развој во кој се опфатени духовни промени, искажани или поточно трасиран пат до возвишеното преку страдање.

Бидејќи не знам што значи болдираниот збор, ако може образложение... каква приказна е христијанскиот спасител?

П.С. Да не мислеше МЕТАФИЗИЧКА? Поврзано со метафизика? Во стилот на Кант и неговите Пролегомени...?
Ќе те распнат православните, па и католиците ако така глаголаш за „големиот спасител на човештвото од неговиот грев“... ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Верувањето неможе да биде форма на знаење. Еве уште еден конкретен пример, имаш две изјави:

- ,,Верувам дека надвор има паркирано 10 автомобили" и
- ,,Гледам дека надвор има паркирано 10 автомобили".

Во првиот случај не станува збор за знаење, туку за претпоставка, верување дека имало 10 автомобили, во вториот случај, се работи за знаење, бидејќи изјавата кажува за видени, сигурни 10 автомобили.

Колку и да верувам јас дека ти живееш во подрум, тоа нема да биде доказ дека живееш во подрум, нема да биде знаење дека живееш во подрум и нема да биде факт дека живееш во подрум.
Ако верувањето неможеш да го потврдиш со доказ, тогаш тоа верување само по себе не е ништо повеќе од обичен субјективен став, лично убедување - толку.
Еве татко ти кажува, сине на паркингот има 10 коли, ко јас на пример за подрумот.
Ќе му веруваш на татко ти и ќе знаеш за колите или ќе одбиеш да знаеш што и колку има на паркингот и ќе бараш доказ?
 
Еве татко ти кажува, сине на паркингот има 10 коли, ко јас на пример за подрумот.
Ќе му веруваш на татко ти и ќе знаеш за колите или ќе одбиеш да знаеш што и колку има на паркингот и ќе бараш доказ?
Или ќе му веруваш или ќе знаеш. Ако му веруваш, нема да знаеш. Верувањето не е знаење.
 
Или ќе му веруваш или ќе знаеш. Ако му веруваш, нема да знаеш. Верувањето не е знаење.
Ни на татко си неверуваш, освен сам на себеси т.е. на твоите очи кога ќе видиш 10 коли на паркинг? Самоверник?
Зошто твоето “гледање“ е доказ а од татко ти не е доказ?
 
Ни на татко си неверуваш, освен сам на себеси т.е. на твоите очи кога ќе видиш 10 коли на паркинг? Самоверник?
Зошто твоето “гледање“ е доказ а од татко ти не е доказ?
Залудно се обидуваш да играш на ,,картата" на сочуство и емпатија, тие нема да го сменат фактот дека верувањето не е знаење! Јас може да верувам безусловно некому, но тоа и понатаму ќе биде - ВЕРУВАЊЕ не знаење! Верувањето неможе да биде доказ, без разлика дали тоа верување се однесува кон некој што ќе ти биде драг или не, чувствата немаат никаква врска со фактите.
 
Ни на татко си неверуваш, освен сам на себеси т.е. на твоите очи кога ќе видиш 10 коли на паркинг? Самоверник?
Зошто твоето “гледање“ е доказ а од татко ти не е доказ?
Тоа не се нарекува само-верник, бидејќи нема ништо со верување...
Ни на татко му нема да верува @Ipsissimus , бидејќи татко му може да расправа и за Исус дека е спасител, не само за коли да зборува - никој нормален не би му верувал бидејќи догмата заробува, го јаде духот од внатре, со надежи, со верувања, далеку од спознавања, надминувања...
Затоа верувањето во богови е срам за човештво денес, бидејќи старо-еонските религии го уништија методот за да секој може да добие доказ за она во што верува. Измисливте сказни како „оној што поверувал, а не видел“ е бомбона, а оној што истражува е клетник - грешник!
Море марш таму со тие раковски идеи!

Секој има да истражува, секој има да негира или прифаќа според своето разбирање и знаење, секој ќе напредува со свој напор - а не да ширите лаги како верувањето водело кон спознавање, само ако доволно сте стекнале милост од богот, бидејќи без таа милост (која сезнајниот ти бог сепак знае на кои луѓе ќе им даде милост, не знам што се мачат сите) бесцелно е се, останува догмата ... пу јаз'к.

Тоа е лага на страиот еон, на религиите како христијанство и ислам кои направија брат со брат да се мразат од дното на душата.

Затоа, ако не разбираш дека само верување води кон догма и дрдорење - подобро преиспитај се повторно кај си залутал во животот.
 
сакаш да кажеш дека тој е приказна, не е бог, богочовек?
.
Како ќе се разбере приказната зависи од поединецот, за некој е бог, богочовек или син божји, за други човек,а за трети е само приказна без да се дефинира ништо.
 
Залудно се обидуваш да играш на ,,картата" на сочуство и емпатија, тие нема да го сменат фактот дека верувањето не е знаење! Јас може да верувам безусловно некому, но тоа и понатаму ќе биде - ВЕРУВАЊЕ не знаење! Верувањето неможе да биде доказ, без разлика дали тоа верување се однесува кон некој што ќе ти биде драг или не, чувствата немаат никаква врска со фактите.
Верата е ЗНАЕЊЕ, во случајов со примерот без ралика дали ќе ја потврдиш со исказ од таткоти или лично самиот ќе видиш доказ.:cool:
 

Бидејќи не знам што значи болдираниот збор, ако може образложение... каква приказна е христијанскиот спасител?

П.С. Да не мислеше МЕТАФИЗИЧКА? Поврзано со метафизика? Во стилот на Кант и неговите Пролегомени...?
Ќе те распнат православните, па и католиците ако така глаголаш за „големиот спасител на човештвото од неговиот грев“... ;)
МЕТАФОРИЧНА приказна :)
 
Затоа, ако не разбираш дека само верување води кон догма и дрдорење - подобро преиспитај се повторно кај си залутал во животот.
Само влета ко падобранец и не разбра ништо, колку да го браниш малиов.:)
Јас воопшто не сум за само верување, туку и проверување...:cool:
 
Back
На врв Bottom