Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Абе да е бистар психологот ќе покрене прашање зошто постојат религиите, кога истите немаат докази дека постојат работите што ги проповедаат.
Мики, проблемот е што продаваш магла, бетер и од политичар си :D
Јас знам дека не постојат работиве, затоа те чепкам тебе, ти самиот не можеш да си докажеш за истиве работи, па не сакајќи да се побиеш себеси во ставовите, веруваш во нешто за кое немаш доказ дека постои.
Ако неможеш да го докажеш умот, значи ли дека си без ум?:rolleyes:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Ако неможеш да го докажеш умот, значи ли дека си без ум?:rolleyes:
Напротив, тој најлесно се докажува.[DOUBLEPOST=1476129485][/DOUBLEPOST]
Кеплер (ваљда сакаш да се поистоветиш со Јохан Кеплер? Ех, што ти се вели скромност...),

доволно долго сум на форумов и со леснотија препознавам типоси, кои во сето свое високоумие, ем абер немаат од религиите, ем, за да ја покажат својата ѓоамити супериорност во однос на глупите верници, поставуваат прашања на кои иако добиваат соодветни одговори, продолжуваат со бесконечно поставување нови и нови прашања, со надеж дека ќе ги фатат верните во незнаење, со што ќе си го оправдаат своето неверие, ем се надеваат дека јавно, на форумов, ќе изнесат доволно „докази„ со кои „као„ ќе докажат дека религиите се обична безмислица, зад кои не постојат „докази„.

Но, се се секирај, сметам дека и за тебе, како и другите слични на тебе, на порталов има доволно забавни теми, на кои можеш/те успешно да учествуваш/те.
Постојано пробуваш да се извлекуваш на иста финта, јас те прашував човечки, ти ми одговараш како политичар.
Дај докази за твојата религија, ако јас тебе ти продавам велосипед ти очекуваш велосипедот да е функционален, е во случајов ти продаваш нешто што ниту постои, ниту функционира, значи колку и да е сложено, се може да се докаже (доколку постои), а во твојов случај ниту се докажува, ниту постои.
Не е проблемот за мојата супериорност или нечија инфериорност, проблемот е што мразам преваранти, а во суштина целата црковна организација е превара.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Исто како верата во Бог.
Не е проблем да докажеш вера, проблем е кога неможеш да го докажеш тоа на кое се однесува таа вера а истото го прикажуваш како вистина.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Напротив, тој најлесно се докажува.
Ум не постои, постојат само мисли.....освен ако склоп на мисли не го дефинираш како ум....што би било тотално небитно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
.............................
Ти пишав пред неколку страни како треба да изгледа доказот, не се докажува со приказна туку со веродостоен документ оставен од него или некоја влијателна институција (во тоа време некоја царштина) дека навистина постоеше фиљан чоек шо праеше од водата вино, чекореше по водата без да пропадни и тн и тн.

Во моментов науката најде начин да го мапира целиот твој мозок, веќе има најдено начин за читање на мозочните бранови (ако си го видел Стивен Хокинг како пишува без да кликне на тастатура, зборува иако тоа „госпо“ му го одзел), а за кратко време не повеќе од 20-30 години најверојатно ќе имаме библиотеки со нашата свест, па и откако ќе починеме ќе може да си направиш муабет со компјутерот, кој ќе размислува на истиот начин како што размислувал тој што починал.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не е проблем да докажеш вера, проблем е кога неможеш да го докажеш тоа на кое се однесува таа вера а истото го прикажуваш како вистина.
Верата е логосен потенцијал на човекот, без разлика кој како се служи со неа по сопствен избор, едни за добро, други за зло...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти пишав пред неколку страни како треба да изгледа доказот, не се докажува со приказна туку со веродостоен документ оставен од него или некоја влијателна институција (во тоа време некоја царштина) дека навистина постоеше фиљан чоек шо праеше од водата вино, чекореше по водата без да пропадни и тн и тн.
Е ми, ко знајш како требал да „изглеа„ доказо, то значи дека самио го знајш доказо или доказо ти е лично достапен. Према томе, не барај од мене докази, оти самио ги имаш.

Што се однесува до чудата Христови, истите се забележани од евангелистите, како веродостојни автори на текстовите од евангелијата, кои проверените сведоштва ги забележале на соодветен начин: со писмен запис. Чудата Христови, забележани во евангелијата, се неповторливи и „научно„ недостапни за проверка. Така, денес ја имам/е само верата, како потврда за нивната вистинитост.

Ама чекај троа; да не очекуваш аудио запис од 10.2 канали и видео запис со 8К резолуција од пред 2 000г.?....[DOUBLEPOST=1476131276][/DOUBLEPOST]
Во моментов науката најде начин да го мапира целиот твој мозок, веќе има најдено начин за читање на мозочните бранови (ако си го видел Стивен Хокинг како пишува без да кликне на тастатура, зборува иако тоа „госпо“ му го одзел), а за кратко време не повеќе од 20-30 години најверојатно ќе имаме библиотеки со нашата свест, па и откако ќе починеме ќе може да си направиш муабет со компјутерот, кој ќе размислува на истиот начин како што размислувал тој што починал.
Јааааа...
И у каква релација ќе стапиш ти со твојот ПЦ? Живо ме занима!
И каква врска има твојов текст со темава?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Верата е логосен потенцијал на човекот, без разлика кој како се служи со неа по сопствен избор, едни за добро, други за зло...
Но не е доказ, не е факт и не е знаење. За што ќе ја користиш и како ќе ја користиш е друг муабет.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Е ми, ко знајш како требал да „изглеа„ доказо, то значи дека самио го знајш доказо или доказо ти е лично достапен. Према томе, не барај од мене докази, оти самио ги имаш.

Што се однесува до чудата Христови, истите се забележани од евангелистите, како веродостојни автори на текстовите од евангелијата, кои проверените сведоштва ги забележале на соодветен начин: со писмен запис. Чудата Христови, забележани во евангелијата, се неповторливи и „научно„ недостапни за проверка. Така, денес ја имам/е само верата, како потврда за нивната вистинитост.

Ама чекај троа; да не очекуваш аудио запис од 10.2 канали и видео запис со 8К резолуција од пред 2 000г.?....
Ноуп, доказ надвор од библијата, а напишан од веродостојно тело или почитуван научник од тоа време, додатно доказот да е достапен и во денешно време во некој музеј.
Историјата може да ја пишува кој сака и како сака, после 1000 години можеби ќе напишат дека во Македонија живееше најголемиот преродбеник на сите времиња, чедо пратено од госпо да ја опраи земјата, пастирот коле што ја намали невработеноста и ја опраи државата, арно ама тоа ќе го напише некоја будала на која и наместиле тендери и и го средиле животот, иако со вистината нема допирна точка. Ова ти го пишувам со цел да ти доловам дека треба да ги проверуваш изворите и да не земаш се здраво за готово, пробај да се запрашаш дали работите се онака како што те маткаат.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Но не е доказ, не е факт и не е знаење. За што ќе ја користиш и како ќе ја користиш е друг муабет.
Зависи што подразбираш под доказ.
Верата како што реков е посебен дар на човекот да антиципира врз основа на знаење и познавање, што секако и самата спаѓа во формите на знаење на човековиот капацитет.
Тежината на верата е во тоа што, доказот без вера е недокажлив.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ноуп, доказ надвор од библијата, а напишан од веродостојно тело или почитуван научник од тоа време, додатно доказот да е достапен и во денешно време во некој музеј.
Уште нешто, некоја музичка желба?....

Библијата е доволно универзален извор за вистини, кои не се забележани во ниту една запишана човекова историја, а кои (вистини) се однезуваат на сиот створен Свет, на животот и на човечкиот род, и која го опфаќа минатото, сегашноста и иднината на Светот и животот.

Тоа што Библијата не е пишувана од „научници„ во модерна смисла на тој израз, не ја намалува нејзината вредност, туку ја покажува Божјата промисла и непрекинатата Божја комуникација со човекот, низ сите минати времиња, се‘ до денес. Библијата е пишувана од страна на Бога внимателно одбрани ликови, кои ја пишувале со одредена смисла и цел па затоа Библијата, т.е. Светото Писмо, не е обичен белосветски историјат, кој опфаќа случајно одбрани настани, туку запис од Црквата, наменет за оние кои Го бараат Бога и кои бараат спасение на своите души.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Уште нешто, некоја музичка желба?....

Библијата е доволно универзален извор за вистини, кои не се забележани во ниту една запишана човекова историја, а кои (вистини) се однезуваат на сиот створен Свет, на животот и на човечкиот род, и која го опфаќа минатото, сегашноста и иднината на Светот и животот.

Тоа што Библијата не е пишувана од „научници„ во модерна смисла на тој израз, не ја намалува нејзината вредност, туку ја покажува Божјата промисла и непрекинатата Божја комуникација со човекот, низ сите минати времиња, се‘ до денес. Библијата е пишувана од страна на Бога внимателно одбрани ликови, кои ја пишувале со одредена смисла и цел па затоа Библијата, т.е. Светото Писмо, не е обичен белосветски историјат, кој опфаќа случајно одбрани настани, туку запис од Црквата, наменет за оние кои Го бараат Бога и кои бараат спасение на своите души.
Абе имаше порано еден лик што пробував да го оправам во бодибилдинг темата и не успеав, па и ден денес се бламира по интернет и си го заебува животот, мислам дека уште потежок случај си ти.
Јас ти викам, дај друг извор што го поткрепува, ти пак со библијата, гледај ги работите од повеќе страни, не верувај на секого, помина комунизмо кога мораше да го заокружиш Тито.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова ти го пишувам со цел да ти доловам дека треба да ги проверуваш изворите и да не земаш се здраво за готово, пробај да се запрашаш дали работите се онака како што те маткаат.
Е баш ти фала на советот, инаку немаше да ми текне....:icon_lol:

Но, како што напишав погоре, содржината од Писмото е запишана од Боговдахновени ликови од Црквата, така да за веродостојноста од Писмото гарант се Црквата и, конечно, Сам Бог, Духот Свет, под чија благодат е напишано целото Писмо.

За мене лично, би било лудост ако автентичноста на записите од Писмото барам да биде „докажана„ и „потврдена„ од ликови кои се надвор од Црквата, што по автоматизам би значело да барам потврда од фаци кои, во најдобар случај, не веруваат (во Бога)[DOUBLEPOST=1476132691][/DOUBLEPOST]
Абе имаше порано еден лик што пробував да го оправам во бодибилдинг темата и не успеав, па и ден денес се бламира по интернет и си го заебува животот, мислам дека уште потежок случај си ти.
.
Самиот се ста‘аш у групата членови на форумов, кои упорно и упорно се повикуваат на погрешни примери...:icon_lol:[DOUBLEPOST=1476132808][/DOUBLEPOST]
Јас ти викам, дај друг извор што го поткрепува, ти пак со библијата, гледај ги работите од повеќе страни, не верувај на секого, помина комунизмо кога мораше да го заокружиш Тито.
Јас не сум протестант, кон непрекидно се повикува на Писмото, туку се повикувам на Црквата и на нејзиниот Творец.
За секој случај, прочитај што ти одговорив, оти се чини дека се читаш само самиот себе а не и одговорите кои ти се упатени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom