Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Самио Исус, бог да го прости, ветувал уште пред 2000 години на разни луѓе некои свои враќања и тоа за брзо време, и то најмногу во следни 20-30 години ако не и побрзо,и дека тие луѓе ќе доживеат да го видат неговото повторно враќање и воспоставување на кралство божје на земјата:

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Матеј 10

30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила
.........
34. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
Mатеј 24

1. И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”
Марко 9

27. Вистина ви велам, овде стојат некои, што не ќе вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо.”
Лука 9

Денес сите знаеме дека исус ни се вратил ни некакво кралство божје е воспоставено на земјата, и дека неговот ветување испаднало лажно
Не можиме секогаш сѐ, секоја точка, секој стих да знаеме што значи. Но го знаеме концептот на верувањето, а тој е беспрекорен.
Не можиме да веруваме на еволуцијата, затоа што нема цел. Зошто суштествата сакаат да живеат. Кон што се стремат? Која би била целта на еволуцијата? Да станиме богови. Нема што друго освен тоа. Па ако низ напредокот на познавање на создаденото можи да се стани бог, тоа можи само ако Бог некаде бил во нештата низ кои сме сакале да напредуваме до богови. Тогаш зошто сме се трошеле низ создаденото од Бог да го завладееме и така да станиме богови, кога Бог е тој кој единствен кој обожува. Ако го нема од почеток, не е ни можно да биди постигнато. Едноставно како и да мислиш без Бог постоењето е невозможно. Ако човештвото мисли дека преку напредокот низ познавањето на создаденото ние ќе се обожиме, на погрешен пат сме се фатиле. Гледај како Писателот на Библијата мислел на сѐ. Не е ли тоа главната порака на Вавилонската кула. Не се стремете во правец кој е безсмислен. Колку и да е за вас голем и значаен, всушност е безсмислено мал и ситен. Подоцна со текот на времето тоа ќе го откриете, но новите хоризонти пак ќе ве лажат и пак нови вавилонски кули ќе сакате да градите. Баталете, тоа е само вечно губење на време, произлезено од мислата види до кај стасавме, види колку знајме, види колку сме моќни. И кога ќе излезите од зад кривина ќе видите уште многу пат и нова кривина.

Во врска со наброените стихови искрено не можам да тврдам дека ги разбирам, немам сретнато толкување, но можам да изнесам размислување.

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Матеј 10

Едната страна. Ова можеби значи дека најпрво ќе бидат откриени скоро сите народи, скоро сите изгубени племиња пред Христовото доаѓање. Тогаш кога ќе се приближи времето нема да има многу племиња и заедници надвор од цивилизацијата и тоа ќе биде знакот дека се приближило времето. Она кое е сосема сигурно и е познато. Тоа што се ветува дека ќе има неоткриени заедници дури и кога ќе дојде Христос, тоа значи дека христијаните имаат ветување дека секогаш ќе имаат места за намира да ја негуваат својата вера. Во христијанството ако сакаш да бидеш совршен и ако некој нешто сака да ти земи, најправилно е дај му го. Но злото посакува да земи сѐ. Не само телото, имотот, туку дури и семејството, па дури и верата и душата. Твојата и на ближните. Кога ќе дојди да биде посегнато по работите кои не сакаш да ги дадеш, а и не е добро да ги дадеш, замини од таму оди во друго место. Си создал богатство, го посакуваат, остај му го оди на друго место, тоа богатство не е важно. Зборуваме за совршенство. Така што имаме ветување од Бог колку и да расти цивилизацијата Бог до крајот на времето ќе зачува осамени места за христијаните намира да ги осветуваат своите души. Тоа е главното во изреченото.
Другата страна. Јасен е поимот градови, соодветно на вообичаената употреба на библискиот зборовник, секоја заедница на луѓе е населба. Населбата е град. Можеби во изворот зборот да е синоним и за град и за населба. Зачудува зошто Бог го употребил „Израилевите“ градови. Можеби затоа што им пророкувал дека ќе бидат гонети токму од израелците, па како ќе ги бркаат од едно место, тие да одат во друго. Од Делата апостолски се гледа дека главниот поттик за гонење на христијаните доаѓа од израелците. Некое време ги примаат мирно, некаде подолго, некаде пократко. Некаде се мештаните мирни и долго време не ги гонат. Се додека не порасне суетата кога ќе почнат да ги гонат, а христијаните не смеат да си ја дозволат, треба да се агресивни, да се тепаат и најдобро е да си заминат. Така од едно место некое време додека почнат да ги гонат, во друго некое време, нема да ги поминат сите израилеви градови. Во турско време ние македонците така ја зачувавме верата. Ако кај еден бег стани неподносливо, пребегнувале кај друг кој имал себичен интерес да ги зачува, после кај трет. Другиот бег сака да има нови работници, сака да му растат селата и некое време ќе се прави арен за да му останат кај него. Кога ќе дојди повторно до насилство, самоволие, земале што можеле да земат, најважно да се зачува верата и оделе кај друг бег. Така и од македонскиот пример се потврдува мудроста на советот како да се зачува верата.
Секаде каде што има израелци се израилеви градови. Со оглед на римското насилно растурање на израелците низ цел свет, 70 години по Христос, навистина тешко е да се стигни во сите градови кои се израилеви, што било тешко исполниво и во римско време. Бидејќи уште тогаш израелците ги имало раштркани низ цело Римско Царство. Речено е дека нема да ги помините сите израилеви градови, но бројот на израилевите градови постојано растел. А границата е она од првата страна на описот, тогаш кога цивилизацијата ќе допри до сите простори, што е ветено нема да се случи во целост до самиот крај.

Доволно потрошив време, за другите стихови другпат.
 
Последно уредено:
Не можиме секогаш сѐ, секоја точка, секој стих да знаеме што значи. Но го знаеме концептот на верувањето, а тој е беспрекорен.
Не можиме да веруваме на еволуцијата, затоа што нема цел. Зошто суштествата сакаат да живеат. Кон што се стремат? Која би била целта на еволуцијата? Да станиме богови. Нема што друго освен тоа. Па ако низ напредокот на познавање на создаденото можи да се стани бог, тоа можи само ако Бог некаде бил во нештата низ кои сме сакале да напредуваме до богови. Тогаш зошто сме се трошеле низ создаденото од Бог да го завладееме и така да станиме богови, кога Бог е тој кој единствен кој обожува. Ако го нема од почеток, не е ни можно да биди постигнато. Едноставно како и да мислиш без Бог постоењето е невозможно. Ако човештвото мисли дека преку напредокот низ познавањето на создаденото ние ќе се обожиме, на погрешен пат сме се фатиле. Гледај како Писателот на Библијата мислел на сѐ. Не е ли тоа главната порака на Вавилонската кула. Не се стремете во правец кој е безсмислен. Колку и да е за вас голем и значаен, всушност е безсмислено мал и ситен. Подоцна со текот на времето тоа ќе го откриете, но новите хоризонти пак ќе ве лажат и пак нови вавилонски кули ќе сакате да градите. Баталете, тоа е само вечно губење на време, произлезено од мислата види до кај стасавме, види колку знајме, види колку сме моќни. И кога ќе излезите од зад кривина ќе видите уште многу пат и нова кривина.

Во врска со наброените стихови искрено не можам да тврдам дека ги разбирам, немам сретнато толкување, но можам да изнесам размислување.

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Матеј 10

Едната страна. Ова можеби значи дека најпрво ќе бидат откриени скоро сите народи, скоро сите изгубени племиња пред Христовото доаѓање. Тогаш кога ќе се приближи времето нема да има многу племиња и заедници надвор од цивилизацијата и тоа ќе биде знакот дека се приближило времето. Она кое е сосема сигурно и е познато. Тоа што се ветува дека ќе има неоткриени заедници дури и кога ќе дојде Христос, тоа значи дека христијаните имаат ветување дека секогаш ќе имаат места за намира да ја негуваат својата вера. Во христијанството ако сакаш да бидеш совршен и ако некој нешто сака да ти земи, најправилно е дај му го. Но злото посакува да земи сѐ. Не само телото, имотот, туку дури и семејството, па дури и верата и душата. Твојата и на ближните. Кога ќе дојди да биде посегнато по работите кои не сакаш да ги дадеш, а и не е добро да ги дадеш, замини од таму оди во друго место. Си создал богатство, го посакуваат, остај му го оди на друго место, тоа богатство не е важно. Зборуваме за совршенство. Така што имаме ветување од Бог колку и да расти цивилизацијата Бог до крајот на времето ќе зачува осамени места за христијаните намира да ги осветуваат своите души. Тоа е главното во изреченото.
Другата страна. Јасен е поимот градови, соодветно на вообичаената употреба на библискиот зборовник, секоја заедница на луѓе е населба. Населбата е град. Можеби во изворот зборот да е синоним и за град и за населба. Зачудува зошто Бог го употребил „Израилевите“ градови. Можеби затоа што им пророкувал дека ќе бидат гонети токму од израелците, па како ќе ги бркаат од едно место, тие да одат во друго. Од Делата апостолски се гледа дека главниот поттик за гонење на христијаните доаѓа од израелците. Некое време ги примаат мирно, некаде подолго, некаде пократко. Некаде се мештаните мирни и долго време не ги гонат. Се додека не порасне суетата кога ќе почнат да ги гонат, а христијаните не смеат да си ја дозволат, треба да се агресивни, да се тепаат и најдобро е да си заминат. Така од едно место некое време додека почнат да ги гонат, во друго некое време, нема да ги поминат сите израилеви градови. Во турско време ние македонците така ја зачувавме верата. Ако кај еден бег стани неподносливо, пребегнувале кај друг кој имал себичен интерес да ги зачува, после кај трет. Другиот бег сака да има нови работници, сака да му растат селата и некое време ќе се прави арен за да му останат кај него. Кога ќе дојди повторно до насилство, самоволие, земале што можеле да земат, најважно да се зачува верата и оделе кај друг бег.
Секаде каде што има израелци се израилеви градови. Со оглед на римското насилно растурање на израелците низ цел свет, 70 години по Христос, навистина тешко е да се стигни во сите градови кои се израилеви, што било тешко исполниво и во римско време. Бидејќи уште тогаш израелците ги имало раштркани низ цело Римско Царство.

Доволно потрошив време, за другите стихови другпат.
Сето христијанство цркви попови манастири камбани икони... постои ради повторното одаѓање на исус и кралството божје.
Кога ќе дојде?
едно е сигурно, ТРЕБАШЕ да дојде пред 2000 години и не дојде. Не се знае зошто, шо го спречило, али знаеме дека тој темелен настан на христијанството - кикснал.
Филозофски расправии имаат и муслимани и будисти и хиндуисти и зоостареијанци п аи пагани. Сите поткрепени со логички размислувања, али слаба вајда во пракса. Ни Хиндус може да ти го покаже жив Шива или Вишна ни Паган може да те однесе до кај Один или Сварог или Зевс исто ко шо христијанин не може да ти го покаже госпот. Ни папата ни патриархот ни шаман од амазонските џунгли не знат да ти кажат кај е исус и оти не дојде како шо ветил и во време кога ветил.
Тука сите се слагаме и атеисти и верници - го нема. Не се врати. Не дојде. И никој не знае кога ќе дојде и дали воопшто ќе дојде.
Црквата тоа го знае пошто како шо гледаме примарно и се овоземни уживања и богатства. Така не беше првите век два додека се уште и тие беа уверени за враќањето. Дури ни евангелијата не ги запишале верувајќи дека секој момент ќе настапи кралството божје со ангели труби златни палати и неисцрпни фонтани со вино и бунари со скара. Ни цркви градеа ни земјишта купуваа ни хотели менаџираа... веруваа. Али како што бледнееше верата на црквата така се зајакнуваше нивното материјално богатство.

А инаку во стихот кој така нашироку го опишуваш
1. Не треба да се обиколат сите градови изралилеви (а тоа не е секој град во светот каде живее макар еден евреин, туку градовите во Израел,
2 Тоа му е кажано на учениците и следбениците на исус пред 2000 години кои требаше да одат по градови и проповедаат, тие немаше да стигнат да ги обиколат пред да се врати, е сега тешко е да се верува дека некој од учениците исусови од пред 2000 години се уште бос талка по континенти од град до град барајќи израелци....
 
Не можиме секогаш сѐ, секоја точка, секој стих да знаеме што значи. Но го знаеме концептот на верувањето, а тој е беспрекорен.
Не можиме да веруваме на еволуцијата, затоа што нема цел. Зошто суштествата сакаат да живеат. Кон што се стремат? Која би била целта на еволуцијата?
Тотално погрешно! Еволуцијата итекако има цел - опстанок! И за таа цел, живите организми развиле способност да се адаптираат на условите и околината што ги опкружува. Таа адаптација допринела до биодиверзитетот што денес го гледаме. Еволуцијата е факт, реалност. Да се негира реалноста е врвен показател дека живеете во илузија.
 
Тука сите се слагаме и атеисти и верници - го нема. Не се врати. Не дојде. И никој не знае кога ќе дојде и дали воопшто ќе дојде.
Црквата тоа го знае пошто како шо гледаме примарно и се овоземни уживања и богатства. Така не беше првите век два додека се уште и тие беа уверени за враќањето. Дури ни евангелијата не ги запишале верувајќи дека секој момент ќе настапи кралството божје со ангели труби златни палати и неисцрпни фонтани со вино и бунари со скара. Ни цркви градеа ни земјишта купуваа ни хотели менаџираа... веруваа. Али како што бледнееше верата на црквата така се зајакнуваше нивното материјално богатство.
Се силиш во сопствениот хаос трошејќи си го времето:чда:[DOUBLEPOST=1475772511][/DOUBLEPOST]
И православните христијани умират :D
Толку ги “познаваш“, зато така разбираш:cool:
 
Опстанок што завршува со смрт?!
Секое живо суштество има инстинкт за преживување - опстанок. Тој инстинкт е движечката сила позади еволуцијата и биодиверзитетот. Концептите за бесмртност, духовност, спритуалност и слично, постојат само кај живите битија чија когнитивна способност е на повисоко ниво и е нова гледано од еволуциски аспект.
 
Збориш за фабрички материјал? Многу уникатно
 
Се силиш во сопствениот хаос трошејќи си го времето:чда:[DOUBLEPOST=1475772511][/DOUBLEPOST]
Толку ги “познаваш“, зато така разбираш:cool:

Добро де има разлика. На моите мошти никој нема да фрла паричка со намера дека ќе се излечи од болест. :D
 
Трагедија на непостоењето:([DOUBLEPOST=1475772844][/DOUBLEPOST]
А за што да зборувам? За канцелариски?
Па ако си човек вероватно од антрополошки...
 
Секое живо суштество има инстинкт за преживување - опстанок. Тој инстинкт е движечката сила позади еволуцијата и биодиверзитетот. Концептите за бесмртност, духовност, спритуалност и слично, постојат само кај живите битија чија когнитивна способност е на повисоко ниво и е нова гледано од еволуциски аспект.

Ова ме подсеќа на стихот од Книгата на Законот во поглавје II

19.Зар Бог да живее во пес? Не, но највисоките се од нас. :) [DOUBLEPOST=1475773044][/DOUBLEPOST]
Трагедија на непостоењето:([DOUBLEPOST=1475772844][/DOUBLEPOST]
Па ако си човек вероватно од антрополошки...

Вие негирајќи си ја реалноста и еволуцијата и научните факти самите си го негирате постоењето. Така да тоа што си го напишал се однесува на тебе! ^_^
 
Еволуцијата не е ексклузивна на антропологијата, туку е биолошки феномен. Сите живи битија подложат на еволуција.
 
христијаните застанаа со еволуција пред 2000 години
 
Еволуцијата не е ексклузивна на антропологијата, туку е биолошки феномен. Сите живи битија подложат на еволуција.
Освен човекот кој или што може да поима еволуција или слично...?[DOUBLEPOST=1475774354][/DOUBLEPOST]
Вие негирајќи си ја реалноста и еволуцијата и научните факти самите си го негирате постоењето. Така да тоа што си го напишал се однесува на тебе! ^_^
Како ние? Та нели во еволуцијата единката завршува со смрт што ти си го прифатил
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom