- Член од
- 3 октомври 2014
- Мислења
- 29
- Поени од реакции
- 15
- Возраст
- 39
zdravo jas sum na forumov, sakam da zemam WHIRLPOOL SPIW 412 za soba od 30 kvadrati vo kuka izolirana ve molam za mislenje
Другар јас ја земав истата клима лани ова време, ама сега гледам има друга серија, нема од таа што ја земав јас. Дали има некаква разлика меѓу двете освен бојата на лентата каде што е лед дисплејот, не знам.
Јас греам спална од околу 20м2 со пвц, без надворешна изолација. Лани немаше некоја јака зима, па успеваше да ја загрее собата без никакви проблеми.
Е сега, недостатоците. Надворешната единица брмчи како трактор, првиот пат кога се случи ова, а тоа беше кога паднаа температурите под нула, се уклучи компресорот и буквално се тресеше цела куќа, од вибрациите кои се пренесуваа по ѕидот, за среќа траеше кратко, само 2-3 мин. ама се случуваше се почесто и почесто.
Друг недостаток е тоа што испушта многу вода од надворешната единица, па тоа доведува и до мрзнење на целиот долен дел од надворешната единица. Дури и не ми се веруваше дека може да се случи тоа ама ете, можело. Ставам кофа под неа и ја празнам еднаш до двапати во денот.
Пак ќе кажам, климата успева да ги задоволи моите потреби засега, т.е. грее соба од 20м2, но не вреди за парите кои ги дадов за неа.
Ако можеш да се носиш со овие „можни“ недостатоци купи си ја, башка сега гледам во сет ја имаат за речиси 10к поефтино отколку што ја купив јас.[DOUBLEPOST=1475433543][/DOUBLEPOST]
Која марка конвекторни греалки се најдобри?
До лани, речиси 5 години греев соба од 15м2 со конвектор Термор од 1.5 киловати. Не сум имал никакви проблеми со него и не само што успеваше да го згрее собичето, туку и малку трошеше, мераци. Дури и сега, иако не ми е потребен повеќе, ќе го чувам „за секој случај“

Со други марки немам никакво искуство.










