Незнам тогаш навистина таа не е за тебе
ПС. РубинРед, ти текнува дека ветив еднаш за во петок дека ќе пишам што направив со девојчето? - Епа НИШТО
! Имавме огромна кавга во друштвото во која јас не бев умешан и излегоа многу работи нечесни на виделина. Од тогаш таа не се заентересира за него(да чукнам). Сега нешто друго ме мучиии.........
Незнам да приметувам дали некоја ме сака, но за ова мислам дека може да бидам сигурен. Значи кога нешто збори ме буља со смешкање(а најчесто кажува глупости кои ни самата не си ги знае
), потоа во школо кога и да поминам ја гледам кај мене пред училна и ја имам приметено како позади столб или кога поминува од далеку ме гледа...
Но, кога е на мсн и на фејсбук е сосема различна. Имам чуство како да ме одбегнува и тоа воопшто не ми е пријатно, но од друга страна кога ќе заседне до 5 сабајле не ме остава да спијам. И навистина неможам да ја прочитам дали ме сака или не. Значи ова е најсериозно. До пред неколку недели не ни знаев дека има Љубов и Секс, но сега навистина ми е потребна помош