Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Ауч.Малку повеке информации?Ја навреди?Или нешто друго е во прашање?: )
искрено неам појма... најверојатно не ја навредив туку само сакав да прајме муабет (неам ни појма за шо) а та не идеше ми рече утре ко ќе се отрезниш... и ја грабнав (иии онда иде блекаут)
 
Напиши и едно мини-рефератче на фејсбук/мсн/you choose, извини и се и објасни и дека си немал зла намера.
После то почекај некој ден за да „олади“ ситуацијата.
Не вервам за таква глупост да ти се скара, онака, засекогаш :)) А ако ти се скара, не ти ни треба (што ќе ти е покрај тебе човек кој незнае да толерира?)
 
Како да го освојам?

Ми се свиѓаше еден дечко, многу. И тој беше заинтересиран за мене, ми даваше знаци, но наеднаш се олади, а и почна да се крева многу, а потоа беше во врска со друга. Сега тие се скараја, па сакам да напраам тој да ме засака.. Предлози??:kesa:
 
Предлози ? Оди со типот на кафе , на прошетка ако он не иницира ти иницирај ја истата. Неможеш да очекуваш магична самовила да ти пише на форум и да те просветли со „10 совети како да го шармираш“ . Ако не му се допаднеш на човекот после запознавањет- јебига , има многу други риби (и јапанци) во морето.
Глупаво е да се генерализира со „Сите мажи сакаат кога женската им минува со прсти нис коса“ и слични такви глупости , не се сите исти . Запознајте се подобро и ќе видиш како ќе се одвива сето тоа.
 
Дај бре женско да засака машко ајде ако не е лесна треба да се помачиш малку ... ама машко да засака женско па тоаа брее лесна работа зимај соблекуј се и ке виис како ќе те засака има да трчи по тебе :smir:
 
Како на филмовите бе срце,речи му некад навечер страв ми е ако сакаш да ме испратиш курци палци,и таман пред да си отидеш залапај го.

Премногу нападно, флерт малце па нека го држи малце во неизвеснот ипак не е само да го смува туку да ја засака.Најди некој после и прај го љубоморен, слики на фејс стави нови ебе еден батка сакаше бизнис со тоа (има тема тука)...после кликни му лајк некој на неговите слики, пиши му топ си срцка.Па кликни лајк на некоја негова страна која и на него му се допаѓа и така ке мисли дека имате повеќе заеднички работи.Ама не заборавај лајкот е битно да го ставиш другото само по себе ке си дојде.Ајде поздрав4е :pos2:
 
Купи му цвеќе, букет цвеќе. Мажите паѓаат на такви ствари. Кажи му дека има убави очи а не гз, слушај го внимателно кога ти раскажува за козметика или за ситуации што му се случувале дома за време на фамилијарен ручек. После некое време купи му парфем. Иако музиката која што он ја слуша тебе ти звучи глупаво, трпи, и пофали го дека има добар вкус за музика. Испраќај го до дома, или плати му такси. Машките сакаат кога ке им викнеш такси и платиш за истото. На сите негови глупави вицеви и шеги, смеј се на глас како божем посмешно немаш чуено. И така натамо Кристина...
 
Е цвеќе,нека му купи една нова игра да видиш дали нема да ја засака.:pos:
 
Јас да сум на твое место,би му кажала директно дека го сакам, па после што сака нека биде, вака барем ќе видиш на што си.
 
Николина ти во директен напад а? :kesa:
18 и уште незнаеш како "да го освоиш", овој изгледа е неостварена љубов некоја?
 
Кристина, штом ти он давал знаци тогаш, сега ти давај му него знаци. А што викаш како ти се свиѓа идејата?
 
Прати му пар пораки ,како си шо правиш..бла бла па кај си ти,одамна се неаме видено.. И ако он превземе иницијатива нешто као ај да се видиме мала, ондак ќе се упеца... Ако не ,кажи му чао
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom