и се јавив испаднавме да чуствуваше нешто спрема мене ама
јас бев замислен за друго па не обрнав мн внимание и вчера окулу 19:30h негде беше ми се јавува и ми вика он нас ништо не бидува ти си не заитересиран воа ноа
и пак ја зезнав работава ај вие како по искусни посоветувајте ме за понатаму :kesa:
--- надополнето ---
Мн е повлечена не зборува се разбирам од нејзините другарки :kajg:
--- надополнето ---
Знам и уште еднаш ке пробам да разговараме на таа тема ако биде нешто арно ако не пак арно ама не сакам лесно да ја испуштам али таа е
Си бил замислен за секс со неа и само тоа ти ги окупирало мислите. Сè она што таа сакала да ти го каже ти било здодевно, па си одлетал.
Малку поконкретно: во зависност од годините, терминот „секс“ може да значи држење за рака, лапање, драпање итн (можеби не си спремен на вистински секс, а ниту таа). Сеедно, она што ти го сакаш од неа е физичка љубов, ништо емоционално, т.е. никакви приказни. И тоа е во ред, зашто физичката љубов е она што сите го разбираат, и машките и женските. И не постои вистинска врска без физичка љубов.
Затоа, идниот пат кога ќе се видите, кажи ѝ го токму тоа: дека сакаш да се гушкате, лапате, фаќате, па и до секс да отерате ако треба (можеби ви е рано, но знај дека тоа те чека, а и неа, па затоа кажи ѝ дека тоа сакаш да го направиш со неа, пред некој друг да ѝ каже).. И не е дека не си заинтересиран за неа, туку твоите чувства кон неа се стриктно физички и дека не можеш да разбереш што таа ти кажува, бидејќи те опојува самиот факт што таа е таму со тебе и дека сите зборови што ги вели се безначајни и самото нејзино присуство до тебе ги засенува сите зборови што ќе бидат кажани (ова можеш и да го цитираш, ако сметаш дека може да стане поромантично).
Можеби таа ќе се налути што така ѝ велиш, демек ти не се интересираш за неа како личност итн. На ова биди спремен дека навистина е така: мажите иницијално *не* ги разбираат жените и *не* се интересираат за нив додека не добијат физички контакт на љубов од нив. Ова е така зашто жените се од старт понапредни од мажите во однос на физичката љубов: тие се опремени со посебен орган за доживување на физичко задоволство (т.е. клиторис) и можат да се задоволат сексуално пред мажите воопшто и да помислат на секс (жените порано влегуваат во пубертет од мажите, мислам една или две години - доволно време да се испитаат и да го доживеат тоа). Затоа, физичкото задоволство за нив веќе не е предизвик (го совладале) и веднаш бараат емоционално поврзување.
Биди свесен за ова кога ќе зборуваш со неа и кажи ѝ дека едноставно *не ги разбираш* нејзините потреби за чувства, бидејќи *не си дотаму стигнат*. Фактички, ти неа ќе ја молиш за помош, т.е. ќе ја молиш за честа да бидеш на исто рамниште со неа, со твоето барање да имате физичка блискост.
И биди спремен дека може да те одбие. Биди спремен дека може таа ќе сака некој „маж“, кој е веќе на тоа ниво (т.е. поискусен) и дека нема да сака да те учи нешто тебе, т.е. дека нема да сака своето време да го губи со тебе. Во тој случај вашето пријателство ќе може комотно да го прекинеш, зашто ако девојката не сака да има секс со тебе, не ги почитува твоите основни желби, кои се исто така и нејзини (и жените сакаат секс, можеби и повеќе од мажите), бидејќи ќе ги бара од друг.
Но, јасно ти е дека вашето другарство ионака е завршено, со самиот факт што сте дискутирале за чувствата. Вака, барем биди искрен пред себе и пред неа. Ако те одбие, ќе се разделите заради различни интереси (таа би сакала да биде со друг, „позрел“). Ако те прифати, *таа ќе те прифати со сите твои недостатоци*, имено тоето неискуство, и ќе ти биде вистинска пријателка и девојка. Во секој случај, другари веќе нема да бидете и може или да се разделите во однос на љубовта или да се споите во однос на љубовта.
И добро е што се грижиш за тоа. Секоја девојка би посакала да има некој како тебе, што внимава на секој нејзин збор и што се труди да ѝ ги цени чувствата.
Со среќа. :helou: