Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
До крај на втората светска војна, русите немаа произведено ниту еден млазен авионски мотор. Нивноо производство се сведуваше на неколку едноставни типови на авиони. При посета на фабриката за Ил-2 Хенри Валас запиша “Фабриката за штурмовик авиони своето постоење го должи на машините опремата и алуминиумот добиени од Америка. Фабриката личи како старите погони на Боинг во Сиетел“
Немаше ништо спектакуларно или ново од руска страна во авионската индустрија за време на втората светска војна, но после војната дојде нагло до експанзија на новитети во нивната авио индустрија. Тоа се должи покрај копирање на англиска америчка технолоогија и на напредната германска авио индустрија која им падна во раце. Германските фабрики и полигони за тестирања, при крај на војната беа префрлени во подземни градби или расцепкани на помали единици и така не претрпеа големи штети при сојузничките бомбардирања. Koга запрепастени руси го видоа тоа богатство и разновидност на западната технологија (веднаш по војната беше организирана посета на руски авио инженери на германските фабрики и тест полигони каде им беше презентирана запленетата технологија, модели и прототипови на имиња како Тупољев, Гуревич и други) - веднаш почнаа да ја размонтираат и да ја префрлаат во русија. Во германија авионски мотори произведуваа БМВ, Јункерс и Дајмлер Бенц, Русите буквално кренаа и си однесоа во русија фабриките за мотори на Дајмлер - Бенц од: Штетин, Генхаген, Штер, Прага, Будимпешта, Остмарк, Хеиделбург, фабриките на БМВ од Еинсенхак, Минхен, Зухлсдорф, кко и фабриките на Јункерс од Дасау, Котен, Нордхаусен и Магдебург.
Во октомври 1946 дојде до најголемата интелектуална миграција во човечката историја, на возови русите натоварија германски имженери, техничари, нивни семејства и ги однесоа во русија. Во русија ги поделија на помали групи, по 15стина инженери и техничари, на секоја таква група доделија по 30 сетина руски инженери и техничари со цел да учат и научат западен - германски начин на проектирање по фази на нацрт, технички проект и презентација. Најголема група на германски инженери беа пратени во Кјубишев. Тука беа собрани околу 800 најеминентни германски аеронаутички инженери од БМВ и Јункерс, од Курт Шел - шеф на развој на ракетни мотори кај БМВ, Винтер, Каул, Шенк, Титц, Вајнер, Милер, доктор Валтер Бад шеф на инженерскиот тим во Јункерс и кој имаше 10 години работено со амерички авио инженери и беше добро запознат и со америчките методи на работа, потоа Френдел Хаселоф, Волк, Рентел, Хох, Раус, Хасиг, Хатман, доктор Шибе кој беше дизајнер на Јункерсовите турбини, дизајнери на мотори Похл и Герлах кои беа раководители на тест програмата во Јункерс, како и Штудел и Бокерт и многу многу други инженери техничари и специјалисти од сиите области на авио моторите посебно на млазните. Исто така во руски раце паднаа и иљадници иљадници документи, нацрти, планови, лабараториски испитувања, резултати од тестови како и готови и полуготови мотори, прототипови и делови. Во Кјубишево е изградена и фабрика, точна копија на Јункеросвата фабрика од Лајпциг.
Тоа беа почетоци на повоениот развој на руската авијација. Првите млазни мотори за русите ги правеа германски тимови во фабрики опремени со германска опрема каде работеа германски техничари а врз основ и копирајќи ги запленетите германски мотори. Првите руски млазни авиони (Миг и Јак) полетаа со германски мотори Јункерс 004 (кои русите го означија со РД-10) Првиот развоен проект беше базиран на јункерсовиот модел 012 па како следен го зедоа Јункерс 022 и да не должам, кон крај на 40 стите геманскиот инженерски тим му госоздаде на русите К ,моделот 5 степен турбoпропелерски мотор со 14 степен компресор кој русите го користеа за својот бомбардер Ту-20 како и за своите цивилни - патнички авиони.
И покрај огромен број на германски инженери (преку 6000 однесени во Русија) и запленети фабрики погони машини опрема искуство.... руската авио индустрија заостануваше зад америчката и западната поготову кај моторите. Германските мотори иако беа за тоа време напредни и добри, не можеа да ги дадат перформансите кои се бараа за современи повоени борбени авиони, и русите пак се најдоа во слепа уличка, без излез. Не успеа со скалирање и едноставно зголемување на германски мотори д добијат снага, економичност, ефикасност, и на крај, повторно како и многупати порано - се обратија за помош на западните високоразвиени земји и нивната феноменална инжинерија
Али за тоа во следниот пост.....