Предлог за серии и кратки рецензии

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Злате, а да си пуштиш ID Extra на телевизор? :)
Не се сложувам. И јас порано гледав многу крими документарки рандом на Дискавери и слични ама вакви како The Jinx не се среќаваат често
 
Имам 2 нови серии да ви предложам:

Atlanta - започнав да ја гледам поради Donald Glover кој ја има и главната улога, но воедно е и креаторот на серијата. Неговиот лик е типичен 20-something младич кој се труди да успее во светот. Има ќерка, но не е во брак со нејзината мајка. Нема место за живеење, речиси е бездомник. Нема завршено факултет и нема работа. Се што има е братучед рапер кој преку ноќ станува познат во градот со една песна, која самиот Earn (ликот на Glover) успева да ја истурка во локална радио станица. Приказната не е лоша, а најмногу што ми се допаѓа во врска со серијата е кинематографијата. Поприлично инди за серија со таква приказна.

The Exorcist - базирана на познатиот роман на William Blatty. Степенот на хорор не е на ниво како на филмовите кои што сме ги гледале, но тук-таму има по некој напнат момент. Имаше една доста интересна сцена каде што едно момче беше опседнато од демон и се надевам дека во идните епизоди ќе има повеќе слични моменти, зошто токму тоа е интересното за серијата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ја пробав оваа една епизода, некако не ме привлече приказната. Не ми е баш јасно што би терале во 10 епизоди од по еден час. А ептен јак рејтинг има.
Пробај ја, станува напнато дејство натаму. Доста твистови има, мада јас не сум за повеќе од една сезона, сосема доволно ми беше, не би продолжил со истово судење уште една сезона, иако првата беше одлична.
 
Timeless - 3 туѓинци се приморани да патуваат назад во времето на конретни денови за да ја спасат промената на историјата и со тоа да ја зачуваат сегашноста. Иако има многу серии со слична тематика, интересен е концептот. Што ќе се случи со сегашноста каква што ја знаеме, доколку се промени и најмал дел од историјата?
 
Frequency - За CW серија не е лоша. Некои можеби го гледале и филмот, па знаат за што се работи. Во најкратки црти, една девојка детектив која живее во 2016 година, започнува да комуницира преку фрекфенција на стара машина (ја нарекувам едноставно машина зошто не знам како се вика) со својот татко кој сеуште е жив во 1996. Таа знаејќи ја неговата иднина, му сугерира одредени работи (да не издавам премногу) и на тој начин, ја менуваат неговата иднина и нејзиното минато и сегашност.
 
Friday Night Lights , Parenthood ,Bloodline кој пробал , знае :D

Lost - класика
Breaking Bad - класика

30 Rock ако е некој за комедија
 
Две нови серии:

Shooter Продуцент Марк Валберг и серија инспирирана од истоимениот филм со некои промени во приказната. Вака од изгледани први две епизоди делува интересно. Трилер, акција.

Startup не видов дали некој до сега ја спомнал. Цела прва сезона излезе наеднаш во Септември. Два познати лика во серијава се Адам Броди од The O.C. и Martin Freeman. Млад банкар треба да сокире украдени пари од кои дел ги бара прљав полицаец. Тоа пробува да го направи со помош на млада програмерка/хакер која бара инвеститори за својата идеја за нова виртуелна валута.
 
Еве ви една серија за сите вас што барате предлог.

The OA - сеуште не сум ја изгледала целата сезона, така да, не можам 100% да објаснам за што станува збор. Една слепа девојка после неколку години се враќа дома отткако била заробена кај еден човек заедно со уште неколкумина. Но, таа сега може да гледа. Низ епизодите се провлекува тематиката "луѓе кои имаат умрено, но се вратиле назад во живот", така да, очекувам околу тоа да се врти дејствието. Во секој случај, серијава е мистерија, се осеќа добра доза на тензија, те тера да откриеш што се случува, осеќаш дека има нешто, нешто чудно, таинствено. Инаку, започнав да ја гледам поради Brit Marling, ја обожав, секогаш глуми во слични сценарија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom