Епа вака испадна ситуацијата: Ова се неговите зборови ( Се работи за неговиот ненамерно игнорантски однос спрема мене, за која работа успеа да ја сфати се додека не му кажав да прекиниме,и му објаснам зошто, тоа беше се со цел да го убедам да се поправи, значи во никој случај не посакав да се разделиме, туку само сакав да сфати, зошто иако му кажував цело време, не се поправаше)
Искрено, јас сакам едно време да сум сам, да размислам, имам многу голем проблем! Ние не ќе можеме да продолжиме заедно! Не сакам да те повредам, и ако се смириме, знам дека ќе ми речеш да се разделиме, затоа поубаво со време, ионака не сакам уште повеќе да се заљубам во тебе, а и ти во мене за на крај уште повеќе да страдаме! Тебе ти треба озбилен човек! Сфатив дека цело ова време те повредував, и сфатив дека не можам да се сменам, затоа не сакам да те повредам! Ти заслужуваш се, сее, и несакам ваква девојка да повредам! Те засакав многу, ама знам дека на ист начин ќе продолжам, не можам да се сменам, а пробав! Затоа одлучив да се разделиме со време, подобро ќе биде така, или ќе ти се обратам кога ќе се сменам, а сега во моментов не можам да се смирам со тебе! Јас ако бидам уште еднаш со тебе сакам да биде на тој начин на кој што заслужуваш а не вака, не сакам да те повредувам на овој начин! Ти не заслушуваш ваков дечко, затоа најдобро ќе биде да бидиме пријатели! Во моментов не можам да бидам во врска, а и имам огромен проблем, мислам дека треба да бидам сам и мора да бидам сам сега! + ( Го прашав дали се работи за да излегува со др девојки, без обврски - ми рече не не имам проблеми, сфати дека не те заслужувам тебе, јас не сум добар како што си ти и во моментов нема шанси да бидеме заедно)! Ти продолжи да живееш, не чекај ме мене, незнам што ќе биде! Во моментов неможам да се смирам! Ти си предобра девојка, треба некој да те заслужи! Целта е да не се повредиме од љубовта, јас многу те засакав, ама знам дека ќе дојде ден и ќе ми речиш да се разделиме! И тогаш јас му одговорив, за некое време кога ќе знаеш што сакаш од животов и љубовта, побарај ме, тука ќе сум јас! На тоа ми одговори : Ќе те побарам, извини премногу, не те заслужувам! Ама ќе се потрудам за се да ми успее, и ќе те побарам!
ИЗВИНЕТЕ МН Е ДОЛГ ТЕКСТОВ! ама тоа е она што се случи сабајлето! Одтогаш плачам, се работеше за сериозна врска, пред веридба! Планирање на заеднички живот.....сега незнам ова е како гром од ведро небо! Барам да го сфатам ова, но не можам, незнам што е......
Како да се помирам со ова? Што да правам?.....