Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Уште еден од авионите кој се покажал и докажал во борбени и воени услови беше Ф-100 Супер Сејбр.
Овој на изглед чуден авион, кој на себе имаше доста делови од титаниум, за прв пат полета во 1953 година како ловец на Америчката авијација. После година дена тестирања, подобрувања, отклонувања на мани, во 1954 година овој авион стана званично дел од америчките воздушни сили. Во тек на следни години, овој авион ги доби и карактеристиките на ловец бомбардер, со додавање на носечки точки под крила, електрика, радар, автопило, структурно зајакнување...
Беше вооружен со 4 топа од 20мм и до 3200 килограми терет од водени и неводени ракети воздух - воздух, воздух - земја, противрадарски ракети, водени и неводени бомби, додатни резервоари за гориво....
Така настана и верзијата 100Д, нејбројната и најефикасната во военото воздухопловство.
Авионот постигна и низа рекорди, во 1953 и 1955 светски рекорд на брзина, во 1955 го освои трофејот на Бендик, во 1956 првото полнење со гориво во лет помеѓу два авиона, во 1957 светски рекорд за едномоторни авиони за најдолг лет (14 часовен лет со полнење на гориво во воздух), во 1959 први млазни авиони кои го прелетаа северен пол.
Ф-100 беше и прв млазен авион на америка кој зеде учество во војната во виентам, каде одигра значајна улога, имено Ф-100 беше користен за блиска подршка на трупи на земја и за бомбардерски задачи од мала висина, доста опасни мисии секогаш изложени на силен оган и од ПА орудија и од пешадиско оружје.
Ф-100Д изврши најмногу борбени мисии во виетнам од америчките авиони, вкупно 360.283 борбени мисии и при тоа беа изгубени 186 авиони од неприателска ПВО одбрана (или по 1 авион на секои 1937 мисии). Додатни 7 авиони беа уништени при напади на амерички аеродроми (на земја) и уште 45 авиони поради технички проблеми и други проичини, или се на се губитоци од 238 летала.
Овој авион покрај америчкото воздухопловство, го користеа и авијациите на Тајван, Турција (која ги користеше во конфликтот на Кипар), Франција (која ги користеше во акциите во Алжир) и Данска