имаа тие и те каква помош, арно ме потцети да продолжиме со серијалот за западната и америчка наука и техника кои ја направија русија индустриска земја, ја спасија од пропаст а сега и како ја одржуваа во живот.
Имено видовме дека пред втората светска во царска русија (а попосле и во таа комунистичката) главни иницијатори, задвижувачи на технолошки напредок беа западните земји и нивната технологија. Почнувајќи од машини, фабрики ценнтрали опреми за рудници, транспорт и обработка на руди експлоатација и рафинирање на нафта, електрификација, земјоделска механизација, авто и авио индустријата... во русија беше втемелена од запад и америка. Втората светска војна русија ја преживеа благодарение на огромната помош која америка и англија и ја пратија во нивни најкритични денови кога беа над амбисот на поразот и катастрофата. Величенствента америчка индустрија и технологија овозможија не само да води војна на цела планета, од пацифик, индонезија, пацифик африка европа.... туку и да помага со грандиозна воена и невоена помош за да ја сочуваат русија па дури и да продолжи со својот сопствен раст и развој на сите полиња.
Веднаш после втората светска војна русите беа во можност да ја видат за нив зачудувачки високата германска технологија и научен напредок. Свесни дека им се падна седумк н лото веднаш почнаа со размонтирање на германските фабрики и погони кои се наоѓаа на нивната окупирана територија и да ја префрлуваат во русија. Две третини на авионската индустрија на источна германија беа отштрафени и префрлени во русија, сите делови на германската ракетна индустрија беа натоварени на возови и однесени во русија заедно со техниччари и инженери кои таму се затекнаа, речиси целокупната индустрија за електрични уреди беше демонтирана и префрлена во русија, неколку погони за производство на автомобили, неколку стотини бродови беа префрлени во руски пристаништа и превземнени од русија, погони и фабрики за прецизни инструменти, воени погони, замисли дури и во договор со Америка, им беше дозволено да размонтираат и префрлат во русија значајни капацитети и од америчката окупациона зона (фабриката за авионски мотори на Дајмлер Бенц, фабрика за куглични лежаји и неколку фабрики за производство на муниција.
Негде до 50 сетите беше комплетирано префрлање на западната технологија во русија и почнаа со неа да произведуваат, но се покажа дека им недостасуваат многу технички решениа кои не ги најдоа во германија а не можеа сами да ги развијат па пак се свртеа кон запад, во период до 1963 русите КУПИЈА 50тина комплетни хемиски фабрики, а речиси целота флота н атрговски бродови им беше изградена на запад! Во тој период почнува и набавка на компјутерски системи од запад, технологија која русите никогаш не ја совладаја туку се снадбуваа со неа од америка и западни земји.
И од кога почнаа со производство, се покажа дека не е така еедноставно да се монтира туѓа западна напредна фабрика и произведе исто така квалитетен производ. Руските производи кои воглавном беа слаба копија на запдните, својот пазар најчесто го наоѓаа во земјите од третиот свет, и самите неразвиени и технолошки слаби. Еден ппример за неопходноста на западна технологија за русија е и изградбата на асуанската брана, имено русите ја добија работата како приатели и сојузници на Египет, но за да ја завршат работата мораа да користат Шведски и Британски опреми и машини! Најголемата руска (а едно време и светска) железара (која работи и денес) во Магнитогорск, е изградена од Мек Ки корпорација, од старата добра благословена Америка и всушност е копија на железарата во Гери, Индијана. најголемата руска фабрика за челични цевки (едно време и во европа) е опромена со машини од америка и запад (Фриц - Мун, Салем, Аетна, Стандард, Манесман...) најголем број на трговски бродови на руската флота беа изградени во западни земји, а речиси сите нивни бродски мотори - се од западно производство, во 60 сети и 70 десети најголема фабрика за воени камиони и возила во русија беше Горки. Таа фабрика е направена од Форд и Аустин.
Сигурно имаш слушнато и за ЗИЛ фабриката, е таа, дете, е направена од Артур Бранд компанија од Детроит, Мичиген, старата добра Америка.....
Но да подзастанеме сега за сега овде, има уште мнооогу чудесии да се кажат на ова тема....
Ај сеа убаво постирај линкови за сето тоа што го тврдиш како поткрепа, зш и ја можам да речам дека руски мигранти ја изградија белата куќа но во реалност не е така.