Сонови, толкување на сонови

Член од
30 јули 2016
Мислења
75
Поени од реакции
17
Каде можам да најдам вистински толкувања на сонови? Сонувам премногу барам по социјалниве мрежи и ништо сегде е различно незнам каде е точно.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Каде можам да најдам вистински толкувања на сонови? Сонувам премногу барам по социјалниве мрежи и ништо сегде е различно незнам каде е точно.
Јас лично не верувам на соновници и "фемина" стил толкувања. Најдобро толкување е твоето за твојот сон. Ти ги знаеш деталите, го знаеш амбиентот, ги знаеш боите, ги знаеш предметите, ја знаеш персоната и ги препознаваш емоциите.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Јас многу ретко паметам сонови, но пред некој ден имав помалце морничаво искуство со сон.

Си легнав доцна, ама пак многу тешко заспав таа вечер. И сонувам како со татко ми се возиме во нашата кола на една од главните улици во мојот град, ноќно време. Инаку улицата е на кејот на реката. И тоа ептен имав чувство дека тоа стварно да се случува. Не само визуелно, туку како да ја чувствував и околината од сонот. Татко ми вози, а јас седам на совозачкото место. И осеќам и како прозорецот сум го отворил, влегува провев низ стаклото. Кога одеднаш, без најава татко ми започнува да вози во рикверц. Јас онака се осеќам збунето, како да пробувам нешто да му кажам, ама тој како да не ме слуша. И одеднаш фаќа голем лак онака во рикверц и излетуваме во реката. Одамна не сум почувствувал таква паника и страв. Во сонот почнав да викам, и мислам дека можеби и навистина сум се развикал пред да се разбудам. И кога се разбудив, пак бев целиот во паника, онака инстинктивно си помислив да се јавам во ниедно време на татко ми да не му се случило нешто, ама за некоја секунда се соземав дека тоа беше само сон.

И сега не знам дали има толкување овој сон. Факт е дека потсвеста игра улога. Татко ми инаку за кратко време проживеа многу лоши работи. Прво беше во болница, па му се случи да падне и да добие потрес на мозокот, а капак на се е што поради политички причини од неодамна е деградиран на работното место. Доста сум загрижен за неговото здравје, иако не покажувам лично пред него, за да не му стварам дополнителни нервози.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ве молам за толкување на еден многу убав сон
Сонував дека имаме две бебиња
Едното е машко, а второто е женско и е денес родено и е мало. И јас му се радувам - женско ќе ме чува
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Ве молам за толкување на еден многу убав сон
Сонував дека имаме две бебиња
Едното е машко, а второто е женско и е денес родено и е мало. И јас му се радувам - женско ќе ме чува
Да сонуваш бебиња во сон, тоа не е убаво, значат ѓаволи, неубаво нешто.
Ќе имате нешто проблеми низ дома...[DOUBLEPOST=1474316877][/DOUBLEPOST]
Ее прашањето е где су паре ? Хахахаааа
Нема потреба да се прашуваш, бидејќи ти си ги убила вошките во сонот... :icon_lol:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да сонуваш бебиња во сон, тоа не е убаво, значат ѓаволи, неубаво нешто.
Ќе имате нешто проблеми низ дома...
Ти благодарам иако мене сонот ми беше многу пријатен и многу се радував на бебињата
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Ти благодарам иако мене сонот ми беше многу пријатен и многу се радував на бебињата
Можеби па потсвеста работи, сакаш бебе да имаш...:)
И си сонувал за тоа како и ги добиваш затоа и си бил среќен.
Ама сепак мислам дека претходното што го кажав е. Не знам.
Не битно, подобро е и да не ги толкуваме соновите што ги сонуваме, а и да не ги кажуваме, така викаат постарите.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
1
Sonuvav kako deckomi bese so edna druga ne bese ubava i mi bese cudno zosto e so nea ama drugarkami mi rece taa ima mn pari zatoa toj odi so nea i jas pominav nekolku pati kraj niv da vidam kako ke reagira toj koga ke vidi deka znam za niv a toj sekogas koga ke me videse stanuvase i begase nastrana od nea za da ne si pomislam jas deka se zaedno . Ve molam sto moze da znaci sonot
 
Јас мислам дека е враме да се земете
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Sonuvav kako deckomi bese so edna druga ne bese ubava i mi bese cudno zosto e so nea ama drugarkami mi rece taa ima mn pari zatoa toj odi so nea i jas pominav nekolku pati kraj niv da vidam kako ke reagira toj koga ke vidi deka znam za niv a toj sekogas koga ke me videse stanuvase i begase nastrana od nea za da ne si pomislam jas deka se zaedno . Ve molam sto moze da znaci sonot
Можеби се сомневаш во него. Или мислиш да не те остави за некоја богата, несигурна си во себе. Може тој прави нешто што не ти се допаѓа но го прави дека има добра заработка. Можеби тоа те мачи па сакаш да зборуваш со него за тоа.
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Сонував пред два дена, како тетка ми игра ли игра во сонот, како во некоја свадба да се наоѓаме и јас и ги чувам децата. Во сонот свесно и како да се исплашив и станав.

Имам и уше еден сон, често сонувам непознат маж во сонот... И тоа еден дечко во кој сум била заљубена во него преку букви, ама најсериозно, не можам повеќе да го сонувам, кажете ми чаре.
Знам дека е тој, ама не можам да го видам... Му го слушам само гласот, во сонот уствари го гледам, ама не знам, не го гледам. Не знам како да го објаснам. :(

И не, не мислам на него пред да си легнам, уопште ни во мисли не ми е понекогаш, ама сепак ми доаѓа на сон. Обавезно.
 
S

SpaceTraveler

Гостин

Хаха земи си dream-catcher, мојш да ги најдеш на псај транс групите на фејсбук :P се шалам...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom