Секогаш сум добивала морници од гатачи и гатачки. Не сум верувала во нивните моќи и секогаш во главата сумги замислувала ко луѓе алчни за пари, арно ама појдов од љубопитност. Имено, дојде тетин ми, ќе оделе кај некоја гатачка во Бутел, па дали сме сакале и ние. Мајка ми се согласи, а јас па изјавив желба дека сакам да одам баш да видам што ќе ми каже( ми падна на памет и Фрејзер и неговата студија околу магиите). Мајка ми се зачуди кога слушна дека и јас сакам да одам и ме предупреди да не си терам мајтап пред жената. Ајде отидовме, прво од жената језа ме фати, појма неам зошто. Седнавме, на масата стави икони и вода, ми рече дека сум имала проблеми со главата(а болки и проблеми имав со срцето), дека сум нагазнала на магии(не рече какви), рече дека личност со долга црна коса не ми мисли арно( не е возможно таа личност да ми мисли лошо), рече дека не сум спиела ноќе( тоа беше точно), ми рече некои рандом букви кои ми мислеле лошо( не ми ни текнува на такви личности). Ме праша дали сум дала книга на некого,и викам скрипта само, ми вика не, не, книга, да, книга си дала тоа е работата. Втф сивикам ама ај, имаш ли црн дечко и ја гледам и викам јок, немам, епа ќе имаш ми вика.
Си викам ах мори шо отиде од таа љубопитност. По еден ден од случката, јас прв пат сонив нешто поврзано со манастир и икони, не беше убав сонот и се потресов кога станав. Што отидов, ах будала една. Него една икона кај жената ми падна в очи, не се разбирам многу, но прв пат гледам таква икона, беше излупена и тоа доста, а светецот не го познав.Ова ми е прво искуство со гатачка и веќе никогаш. Глупости....