Да ти кажам дека јас да бев - никогаш немаше да ти простам, прво неверство а после и ударот...
Како и да е, сите девојчиња сме различни, така да можно е вистински да ти прости...
Немој да одиш ко слепец некој, види ако имаш некоја шанса кај неа сеуште, пред да направите било што, седни на муабет со неа, извини и се, кажи и се шо ти лежи на душа, па и да не бидете заедно - она да го има во предвид твоето извинување.
Тоа што си се сменил е многу веројатно, не е ретко да се менуваат луѓето, особено дур се малди и особено после некои вакви настани. Сепак, исконсултирај се сам с себе дали си повеќе од сигурен дека во најголемата нервоза нема да ти текне да удриш по девојче, па макар и да ја видиш као се лапа со некој (ова ти го нагласувам зашто ти САМО си видел пораки, ако е нешто посериозно може поагресивно да реагираш)
Биди искрен со неа, разговарајте, џабе не ви се дадени устите и говорот, освен тоа, чим нејзина најдобра другарка се вмешала - не е тоа за без причина, можно е и она да ја има пратено за да види каква е ситуацијата... Само секако, тоа е претпоставка, да не ти давам многу надежи.
Со среќа, иако не те сакам воопшто пошо си ја удрил, ама ај... пробај си ја среќата и биди ни пример дека луѓето навистина се менуваат