Не знаев каде и кого да пашам, па случајно ми текна да пишам тука! Го обожавам форумов, барем луѓето се искрени кога се на нет и кога не ги гледаш, а тие искрено и директно ти кажуваат.
Еве вака: Девојка ми и јас одиме веќе 3 мес. јас сум во друга држава на студирање и не можам да си одам дома често, на 2-3 месеца. Многу често се караме во неделата еднаш е сигурно расправија, таа секој пат ми се заканува дека ќе ми раскине, онака од одоколу...како нешто не оди помегу нас, чувствувам дека е несигурна и ми потенцира дека далечината си го прави своето. Кога се караме често знае да каже и дека не си одговараме во карактерите но ме сака. И јас ја сакам и затоа ја толерирам, да беше некоја друга уште првиот пат ќе и ги удрев клоците, но премногу ја љубам. Не можам без неа, никогаш не ми се случувало ова иако сум имал многу врски, дури сум давал и совети на овие теми....Знам дека сум многу вљубен во неа, но не можам да издржам да се караме секоја недела и таа да ми се заканува со раскинување. Па јас сум машко, главен, многу ги почитувам жените, немој да ме разберете погрешно. Ама кога некој секој пат некогаш директно, а некогаш не, ти се заканува во врската со раскинување??? Видете ние и да раскинеме, што јас сум и верен и немам некоја посебна глупост направено од тие размери...ќе ми биде тажно 2-3 месеца и ќе продолжам понатаму, но не сакам да ја загубам? Се тера јас да сум се сменел...бла бла бла...иако јас веќе многу се сменив, и токму поради неа. Јас ја сакам а и таа мене, но имаме многу караници. Да продолжам со неа или не? Совет???