Дали религијата им штети или им го сменува однесувањето на младината кон други?

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување
Религијата сама по себе е екстремизам со тоа што вели: само нашиот концепт на божественост е точен, само нашите верници ќе се спасат, дргугите се секташи и веруваат во лажни божества!
Тоа и те како е екстремизам, и кај муслимани и кај христијани. Такви се учењата на умирачките богови!

Значи атеистите без религија имаат нездраво семејство и нездрав живот, или тоа не сакаше да го кажеш ти ги извртувам зборовите?
Бог дали постои или не, ти не можеш да знаеш како верник, која што си ги прифатила кој знае кои учења на не знам која црква христијанска.
Така да, ако може да не зборуваш нешто што други ти велат дека треба да веруваш дека е така и точка.

Не мора да кажеш дека треба само вера.... се гледа.
Молитвата е уште една лага дека така се „сработува“ било што во однос на себе си и човештвото според старо-еонските учења.
Со кое право ти можеш да кажеш дека Бог не постои а јас не смеаж според тебе да кажам дека постои?
Атеизмот, колку и да си добра личност во еден момент ќе превладее себичноста. Себичноста е крај за семејството и за пријателството. Парите се вистински за вас. Тие носат се што треба. Ама тие те разделуваат од луѓето, а само Бог те зближува. Преку Христос простуваш ги сваќаш другите и така ги задржуваш за блиски. И тогаш имаш се макар и фрижидерот да е празен.

Незнајш која... МПЦ Охридска Архиепископија

Не ми е денот денес... уште ти ми фалиш, верувај или не верувај во што сакаш, вистината е една Бог ги спасува луѓето, атеизмот (кај што си сам на себе бог а парите ти се икона и идол) тој ги носи до неминовна пропаст. А ова не е добро ни за нас што веруваме зошто многу често ве сакаме вас попаметните
 
Ако не ти е денот - направи си го денот. Моли се, изведувај ритуали, напиј се вино, трчај гола по дожд, играј шах - направи нешто, не мора да знаат сите каков ти е денот.
Богот не бара внимание - дејствува! ;)

Лага е дека постои само еден концепт на бог и тој да е највистинскиот. Старо-еонските религии така создадоа фанатици и кренаа брат против брат!
Зарем не се читаш?

Веднаш да пронајдеш каде јас велам било што за богот, за овој или оној, па потоа ме обвинувај како јас велам било што :)
Ти не ме ниту разбираш што ти зборувам... едно та исто ми повторуваш!
Се читаш ли ти што пишуваш?

„Атеизмот, колку и да си добра личност во еден момент ќе превладее себичноста. Себичноста е крај за семејството и за пријателството. Парите се вистински за вас. Тие носат се што треба. Ама тие те разделуваат од луѓето, а само Бог те зближува.“
- @moni_moja

Ти да знаеше што е атеизам, да го разбираше човекот далеку од големата потреба да си ја браниш религијата ќе беше подобро... не си ништо подобра од оние кои би убиле за религијата. Ти убиваш со вакви размисли!

Јас не сум атеист. Научи си ги соговорниците ако сакаш да војуваш на нивно поле.

@Атеист сакам моментот кога ќе превладее себичноста да ми го кажеш да не бидам покрај тебе! :)

Што нема да прочита човек од мирјани... страшно!
Потсети се што пишуваше претходно на темава...
 
Последно уредено:

Си за една партија шах кога веќе спомна? си го имам заборавено пасс на ... ајт некој ден, ние двајца ти сам...
Воопшто не сум страшна во погледите кон светот и кон другите луѓе, не е страшно ништо што ќе прочиташ од мене, апсолутно сум незлобна, и сметам дека луѓето од другите религии се што си имаат меѓу нив и Бог е нивна работа и Божја, никому не посакувам зло.
Имаш право за едно појма немам што катана си и не сакам ни да знам во кој правец имаш забегано од правиот пат.

„Атеизмот, колку и да си добра личност во еден момент ќе превладее себичноста. Себичноста е крај за семејството и за пријателството. Парите се вистински за вас. Тие носат се што треба. Ама тие те разделуваат од луѓето, а само Бог те зближува.“
- @moni_moja
Ова е гола вистина, без разлика дали си атеист или што и да е, самото негирање на религијата и ослободувањето од правилата што религијата во племето, родот кај што си се родил ги наметнува, е обид да се поставиш себе си за центар на својот живот. Колку и да се грижиш за другите колку и да ги сакаш во одреден момент некој сплет настани, луѓето ќе те налутат, во лутина ќе ги отфрлиш, во инает ќе ги држиш што подалеку што подолго, пошто ти си центар на твојот живот и нема поважно од тебе. И на крај еден ден ќе си се разбудиш сам, и десет луѓе да има дома пак ќе си сам. Ќе се сетиш ќе ме разбериш.
 
И те како си страшна... прво мирна ко јагне а потоа ми велиш „не знам по кој пат си забегал“. Како така судиш за некој што не знаеш што животна философија следи? :)

Ти си фанатик и кукавица според овие писанија твои. Се плашиш да умреш сама живеејќи го животот по своја волја?
Христијански фанатик вака размислува - кој што ќе се убедува и себе и другите да ги убеди дека е неспособен да биде свој туку мора, родот, семејството, богот - но никако човекот во центарот.

Религијата пред се - тоа и јас го велам за вас - и тука е опасноста!

Која бедност. Се плашиш од слобода? Или се убедуваш и нас не убедуваш дека не знаеме кој бог ти дал слобода?

И ова е одговорот на темава, писанијата твои како доказ колку всушност штети религијата.

„Правиот пат“, „вистинскиот мој бог“, „вистинската моја вера која ги осудува сите други“, „атеистите се себични“...
Кој празен елитизам во името на непознат туѓ бог...

И заради вакви изјави се убиваат овие луѓе меѓу себе и штетат на човештвото...
Ненормална работа...
 
Ова не го пишам за да одам офтопик
Туку тој е начинот на кој религијата го прави животот добар, сите тие правила те зближуваат со луѓето, црквата те тера да го сватиш блискиот да му простиш да го задржиш. Да се молиш за непријателот да му мислиш добро значи да не комплицираш со интриги и освети...
И така животот ти е исполнет со луѓе не со предмети што се купуваат па ќе ти здосадат, не со самиот себе, и толку е животов на овој свет никој не станал среќен сакајќи се само себе си, толку може религијата црквата да влијае на младите.
За богатство нема да помогне
 
„Атеизмот, колку и да си добра личност во еден момент ќе превладее себичноста. Себичноста е крај за семејството и за пријателството. Парите се вистински за вас. Тие носат се што треба. Ама тие те разделуваат од луѓето, а само Бог те зближува.“
- @moni_moja
Ова е гола вистина, без разлика дали си атеист или што и да е, самото негирање на религијата и ослободувањето од правилата што религијата во племето, родот кај што си се родил ги наметнува, е обид да се поставиш себе си за центар на својот живот. Колку и да се грижиш за другите колку и да ги сакаш во одреден момент некој сплет настани, луѓето ќе те налутат, во лутина ќе ги отфрлиш, во инает ќе ги држиш што подалеку што подолго, пошто ти си центар на твојот живот и нема поважно од тебе. И на крај еден ден ќе си се разбудиш сам, и десет луѓе да има дома пак ќе си сам. Ќе се сетиш ќе ме разбериш.
Тешка глупост. Кажи ми, дали подготвеноста да си го убиеш синот единец за да докажеш колку си покорна на Бог е можеби несебичноста што ја имаат верниците за разлика од атеистите? Аврам е пример и модел за христијаните, јудеите и муслиманите, тој е основата за вредностите на сите три религии. Но ете, ти си заклучила дека себични биле атеистите.....[DOUBLEPOST=1473710936][/DOUBLEPOST]
Ова не го пишам за да одам офтопик
Туку тој е начинот на кој религијата го прави животот добар, сите тие правила те зближуваат со луѓето, црквата те тера да го сватиш блискиот да му простиш да го задржиш. Да се молиш за непријателот да му мислиш добро значи да не комплицираш со интриги и освети...
И така животот ти е исполнет со луѓе не со предмети што се купуваат па ќе ти здосадат, не со самиот себе, и толку е животов на овој свет никој не станал среќен сакајќи се само себе си, толку може религијата црквата да влијае на младите.
За богатство нема да помогне
Кога сме кај себичноста:

Матеј 10:
37.Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене.

П.С. Имаш ли деца? И дали ги сакаш помалку од Исус?
 
Последно уредено:
Не е религијата пред се, Бог е пред се.
Не би убила никого ниту би се замешала во нечиј живот затоа што мисли различно. Ако мислам дека не си во право и дека си застранил некако и ако го кажам тоа, не значи дека мислам оти се е лошо кај тебе, конкретно на темава, осетено имам како делува Бог преку молитвата, како помагаат црковните лица и верските книги со поуки, квалитетот на животот пред и потоа... и според тоа кажувам[DOUBLEPOST=1473711117][/DOUBLEPOST]
Тешка глупост. Кажи ми, дали подготвеноста да си го убиеш синот единец за да докажеш колку си покорна на Бог е можеби несебичноста што ја имаат верниците за разлика од атеистите? Аврам е пример и модел за христијаните, јудеите и муслиманите, тој е основата за вредностите на сите три религии. Но ете, ти си заклучила дека себични биле атеистите.....[DOUBLEPOST=1473710936][/DOUBLEPOST]
Кога сме кај себичноста:

Матеј 10:
37.Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене.

П.С. Имаш ли деца? И дали ги сакаш помалку од Исус?
Бог од мене не бара да убијам никого,
А љубовта во која единица мерка се мери? :)
 
Бог од мене не бара да убијам никого,
А љубовта во која единица мерка се мери? :)
Си дел од верување во која богот барал (и кај многумина други денес барал) да убијат некој...
И тоа за да докажат пред богот дека тие имаат силна вера...
Интересно нели! Битно е спасувањето на себе си, другото не е битно...
Религија како христијанство и ислам се штетни за човештвото денес.
Нема што да се расправа едноставно не треба да се биде дел од тој систем на верување и лажно криење под небото.
Нема потреба од украсување со зборови на нешто како овие две религии...

Ако не е религијата пред се, туку божественото - тогаш се нема потреба светите ти отци да имаа потреба некој да наречат неверник и надвор од нашата вера и да е грешник заради тоа.

Дволична и мрачна ти е религијата, го замати концептот на божественото.
Ќе си признаеш еден ден, има време...
 
Забеганост е кога земаш верски книги и наместо да извадиш поука за да го направиш светов и животов поубав, вадиш цитати извртуваш и бараш рчки
Тоа е екстремизам.

Вера е кога сакаш, се ставаш како алатка во Божји раце и викаш што и да се случи со мене нека биде само општото добро да расне, да послужам за добро.
Може ќе се збогатиш и ќе живееш добро и ќе помагаш со донации, може ќе умриш на најстрашен начин за да преживее некое дете - што сака нека биде само трагата што ќе ја оставам во светов да биде добра.
Тоа е вистинска вера и вистинско значење на љубовта кон Христос.[DOUBLEPOST=1473711696][/DOUBLEPOST]Кога Бог барал човечка жртва? Од кого?
Се што бара е да бидеме смирени.
 
Бог од мене не бара да убијам никого,
А љубовта во која единица мерка се мери? :)
Муабетот беше себичноста, во христијанството, во исламот и во јудеизмот ако ги сакаш своите деца повеќе од Бог, тогаш не си достојна за Бог.
Дали ти ги сакаш твоите деца помалку од Исус? Дали сметаш дека постапката на Аврам е вредна за почит? Ете моите родители се атеисти, но никогаш ни во сон не би им паднало на памет такво нешто. Дали поради тоа се себични и помалку вредни од еден верник? Ни јас моето дете не би го ставил на второ место за ниеден бог, дали тоа мене ме прави себичен?
 
И смртта не е крај. Животот на овој свет е ценет, Исус оживувал мртви, не би било ако животот овде е безвреден, но кога спомнувате убивање или умирање се добива чувство дека толку апсолутен крај. Имај на ум дека не е крај.
 
Вера е и ако се ставиш како алатка за да човештвото биде подобро, далеку од овој или оној Бог, бог, богче или како сакаш кажи го...
Тоа е човечност, нема врска со богови!

Човештвото пред се е муабетот што ти го правиш и нема врска со богови!

Забеганост е човечкото во тебе да го осудуваш заради божественото, забеганост е човечкото во тебе да го препишуваш како последица или допуштање на некаков си божествен принцип кој што е еден и само тој валиден за цел свет.

Христијанството и исламот се опасни.
 
Кога Бог барал човечка жртва? Од кого?
Се што бара е да бидеме смирени.
Од оној што е патријарх на сите три монотеистички религии - Аврам. Бог бара од него да си го убие синот единец - Исак, и Аврам без двоумење прифаќа. Во последен момент, пред да го спушти ножот на грлото на син му, Бог му вели, ок, докажа дека си дудлач, не го убивај.
И тој лик е пример за вредностите на сите три религии! Ама тоа не било себичност, себични биле атеистите.
 
Го сакам Исус повеќе од себе си од децата и од сите други. И Исус ме сака мене, децата ми ги подари какви да личат на тие луѓе што ми се допаѓаа отсекогаш, докторот што не можеше да спаси преку молитвата Богородица спаси, и не ми ги даде за да ми ги земе туку за да направам добри луѓе.[DOUBLEPOST=1473712512][/DOUBLEPOST]
Од оној што е патријарх на сите три монотеистички религии - Аврам. Бог бара од него да си го убие синот единец - Исак, и Аврам без двоумење прифаќа. Во последен момент, пред да го спушти ножот на грлото на син му, Бог му вели, ок, докажа дека си дудлач, не го убивај.
И тој лик е пример за вредностите на сите три религии! Ама тоа не било себичност, себични биле атеистите.
Тој е друго, сигурен бил дека зборува со Бог, не му било лесно, а смртта не е крај и сепак го зачувал синот.
Јас живеам во друго време, после Христос, нови завети имаме, мене може само ѓаволот да го побара тоа од мене, и сигурно нема да помислам да проследам таква помисла.[DOUBLEPOST=1473712804][/DOUBLEPOST]
Вера е и ако се ставиш како алатка за да човештвото биде подобро, далеку од овој или оној Бог, бог, богче или како сакаш кажи го...
Тоа е човечност, нема врска со богови!

Човештвото пред се е муабетот што ти го правиш и нема врска со богови!

Забеганост е човечкото во тебе да го осудуваш заради божественото, забеганост е човечкото во тебе да го препишуваш како последица или допуштање на некаков си божествен принцип кој што е еден и само тој валиден за цел свет.

Христијанството и исламот се опасни.
Кога ќе се вратиш на темава ќе видиш дека кога младите ќе се стават себе си и човечкото за центар, животот ќе им се сведе на пари, се ќе погазат и родители и пријатели за материјални добра, во љубовта ќе бараат услови од партнерот место да создаваат и ма каде води сето тоа пресметај сам
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom