Дали религијата им штети или им го сменува однесувањето на младината кон други?

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување
отвори му библија и покажи каде госпот ја создаде гравитацијата

Важи, а ти за возврат, ќе ми најш „библиски цитат„ во кој пишуват како се прајт сарма од свинско, завиткана во лозов лист.

Можи така?...
 
А ти мислиш животот на земјава почнал пред 1000 години? Животот на оваа планета почнал пред 1-2 милијарда години како микроорганизми. Со еволуција ние сме еволуирале. ПОВТОРУВАМ. Само што нешто е комплицирано не треба да значи дека има создавач .-.
Микроорганизмите воопшто не се едноставна работа, а сложеноста не е изолирана причина за разумната генеза на материјата, исто така и останатиот материјален свет(растенија, планети, ѕвезди...), со своите закономерности и целеисходност укажува на тој контекст.

Самиот велиш животот почнал, значи има свој почеток пред кој непостоел...

Прашањето е, дали сево ова постоење е “пуста случајност“ или е разумна причина со одредена смисла и цел?:)
 
Еве пример за чиста како солза православна мафијашка уцена под закана за навлекување на гнев божији врз себе и пази врз чедата - ова со чедата за да добие на тежина. Ѓаолштини.

Ова е „премудрост телесна„ која заслужува Нобелова награда за „глупост на милениумов„.[DOUBLEPOST=1466263712][/DOUBLEPOST]

А ти, од кај знаеш дека се точни?
Ја не реков дека се точни ама зошто ТИ мислиш. Не врти сега прашања.
 
Ја не реков дека се точни ама зошто ТИ мислиш. Не врти сега прашања.

Е не ти кажувам, оти глеам дека све си знајш; доволно е само да најш некој линк на „Нетов„ (чија содржина не ја знаеш ни сам, а очекуваш јас да ја читам...) и да го „собориш„ секој мој одговор. :icon_lol:
 
Религијата, во зависност од тоа како се практикува и како е разбрана од верникот, може да е штетна но може и да е полезна.

Се е до перспективата кон религијата.
 
Е не ти кажувам, оти глеам дека све си знајш; доволно е само да најш некој линк на „Нетов„ (чија содржина не ја знаеш ни сам, а очекуваш јас да ја читам...) и да го „собориш„ секој мој одговор. :icon_lol:
:bravobe::oeoeoe:
 
Џабе се труделе да го состават и рашират текстов, Мики изјави дека младите не и се потребни на црквата :icon_lol:
Не верувам дека е составен текстов, лично сум сведок дека група зависници од моја генерација горе долу некоја година, се извлекоа и продолжија со нормален живот. Не се замонашија.
Како што одам в црква често пред некој 15 години забележав дека едно мало црквиче е отворено (беше отворено секој вторник) а овојпат не беше вторник, реков ќе влезам, и ги зачекав внатре на молитва и калуѓерка имаше со нив.
Ме замолија да не кажвам по градот, сите хард и хеви стајлинг а овде како овчички :) не беше за верувење глетката.. ама ене ги сега знам двајца што се родители
 
Дрогата што не прави, исто како религијата :)
Хеви стајлинг, а во црква мртви... озбилни.

Добро е што станале родители. Сигурно црквата им помогнала многу... мислам, верата, на верата мислам.
 
Дрогата што не прави, исто како религијата :)
Хеви стајлинг, а во црква мртви... озбилни.

Добро е што станале родители. Сигурно црквата им помогнала многу... мислам, верата, на верата мислам.
Во црква тажни и преплашени од состојбата во која се донеле самите себе.
1. Верата им помогна - исто и мене на поинакво ниво со поинакви проблеми
2. Црковните лица помогнаа и не се пофалија никаде - исто и мене

3. Незнам што е добро во животот за тебе, ама нема ништо подобро од тоа да имаш луѓе што те сакаат искрено и кога не си на врвот и кога си болен и кога си лут нервозен - семејство, деца или незнам кој такви луѓе да постигниш да ги имаш е незаменливо за мене. Посебно деца. Во состојба се да те сакаат безусловно.

Твојава реплика ми беше дезориентирана некако, не те сватив баш... ама ок...
 
Знам дека не ме сфати.

Под точка 3. нема ништо со религија.
Под точка 1. е лага и илузија на минатите векови и треба да излезете од таа јама дека верата помогнала. Постојано ќе повторувам дека само вера не е доволно за да се надминува во животот. Сте се излажале себе си некако и одозгора се дрзнувате и другите да ги залажите по тој пат. Тоа не е ок.

Не, вие сте се репрограмирале, поточно лицата под точка 2. ве репрограмирале - наместо вие како немоќни суштества да го направите тоа далеку од сите тие мртви симболи.

Всушност и што очекуваш: луѓето од примерот земале дрога мислејќи дека ќе загосподарат со неа, а всушност бидејќи биле слаби по дух и карактер, робот им станал господар, па побрзале да најдат засолниште во мракот под превезот на „грешноста“ и „бедноста по дух“.

Ќе има уште такви ликови... за жал.

Интернетот е крив. Им дава крилја дури и на оние без екстремитети!
 
Не си во право, религијата ако не се затера во екстремизам резултира со здраво семејство и здрав живот.
Бог постои, не сме ни програмирани ни заробени ни несвесни ниту пак луди.

П.с.
Никаде никогаш не реков само вера
Треба молитва треба и мотика, што и да правиш треба да мислиш и да работиш напорно.
 
Религијата сама по себе е екстремизам со тоа што вели: само нашиот концепт на божественост е точен, само нашите верници ќе се спасат, дргугите се секташи и веруваат во лажни божества!
Тоа и те како е екстремизам, и кај муслимани и кај христијани. Такви се учењата на умирачките богови!

Значи атеистите без религија имаат нездраво семејство и нездрав живот, или тоа не сакаше да го кажеш ти ги извртувам зборовите?
Бог дали постои или не, ти не можеш да знаеш како верник, која што си ги прифатила кој знае кои учења на не знам која црква христијанска.
Така да, ако може да не зборуваш нешто што други ти велат дека треба да веруваш дека е така и точка.

Не мора да кажеш дека треба само вера.... се гледа.
Молитвата е уште една лага дека така се „сработува“ било што во однос на себе си и човештвото според старо-еонските учења.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom