ЗЕМЈОТРЕС!

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.698
Поени од реакции
35.093
Него прашајте ја онаа со носот како шпакло за сечење бурек Инамногуфина дали се симнала од Џеваир :pos:
Уште пред 7 саати пишала „Не се секирајте за Џеваир го тестиравме до 9ка пред два месеци, се е ок!“
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Уште пред 7 саати пишала „Не се секирајте за Џеваир го тестиравме до 9ка пред два месеци, се е ок!“

таа може само патлакот да им го тестира на некои од курдите што работат на фасада,на колку степена се крева.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.698
Поени од реакции
35.093
@Stefan-kobe во исто толку години за прв пат осетив толку голем страв, но повеќе страв поради што не го гледаш „непријателот“, се друго колку толку може да предвидиш или насетиш, ова педерската ја прави.
Сабајле ме дигна од кревет, а во 15 само што си го направив кафето и седнав да го чекам да се лади, ми го истури пола на маса и едвај стигнав од еден на друг крај на собата, кај вратата демек на посигурно. А што е потрагично сум на 5ти во зграда која нема ни техничко решение ниту ништо, никој не знае како е градена и што е ставено во истата, едвај се наканив пак да се качам дома, али не планирам да спијам иако сум само 4 саати спиен ноќеска, пола зграда спијат надвор на паркинг и седат во паркот, а кој има роднини на друго место ја збриша одма.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Уште пред 7 саати пишала „Не се секирајте за Џеваир го тестиравме до 9ка пред два месеци, се е ок!“
Простотија во раскош човече.
 
C

Castiel

Гостин
Никогаш во животот се немам усрано како денес. Еве искрено кажувам на отворен форум, 24 години имам, како што денес ми се тресеа нозете и се испосрав, така у живот се немам исплашено.

Вчера си легнав до 4 и нешто сабајле, не ме фаќаше нешто сон. Сабајле во 06:57 ме разбуди звукот како од млазен авион што секако беше најава за земјотресот, ја кренав главата и во истиот момент здрма јако. Се штрекнав пошо бев сонлив нели, истрчав на тераса, али се беше ок.

Потоа денот се одвиваше нормално, дремев по дома и у 15:00 си викам ај да прилегнам малце да погледам фудбал, само колку да испружам нозе пошо се на се нецели три саати имав спиено. Само што легнав, го земав телефонот во раце оно слупа многу појако од првиот пат. Јас и брат ми бевме сами дома, мајка ми на работа, а татко ми на пазар. Прво што направив е што извикав ПЕТААААААААР ИСКАЧАЈ ОДМААААААААААА, и од паника се упатив накај терасата. (живеам на трети иначе) Ми дојде некоја блесава идеја во случај да почне да се руши зградата да рипнам доле, пошо комшијата под мене има тенда и може да се изведе такво нешто без да се повредиш. Трчајќи накај тераса почна цела зграда да се тресе, ми се мрдаше паркетот лево-десно, паѓаа садови, вазни, саксии со цвеќиња, соларничињата во кујна, телевизорот, буквално се живо и диво се рушеше. Само што стигнав до тераса престана да тресе и во истиот момент го зграпчив брат ми и такви боси истрчавме надвор целите во паника. Уште па жените од зградата кренаа дополнителна паника, ок нормално е не викам не, и баш беше хаотично.

Се симнавме доле, не се сруши ништо, сите беа во паника, јас бос како утка седам пред зграда, гледам нагоре и нозете ми се тресат како на неандрталец. Не можев 5 минути да се соземам...

И шлагот на тортата, искочени сите комшии надвор, доаѓа една бабичка и вика: Ееееее, оваа зграда е правена да издржи 9 степени според рихтер. ООоооооооооооооок баба Васка, иди плети гоблени и не кур умарај со безвезни теории. 9 степени да издржела... :ROFLMAO:
Не си единствен верувај. Сосема нормално чуство и реакција. Исто и ја никад ама никад во живот не сум бил волку исплашен ко денес. Додуша уште сум. Нозе ми се тресат цел ден што на моменти не знам дали стварно се тресе земјата или ми се причинува само.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.842
Ноќеска како ќе се тера нек си ебе мајката,да се надеваме дека ќе нема некои позначајни и јаки потреси што ќе внесат паника меѓу народ,ама за секој случај јас ќе си спијам облечен и патиките до кревет ќе ми се и со едното око отворено.
што е сигурно,сигурно е
Стави си памперс најубаво.
Тоа се секунди бе,а он патики ќе врзува за тоа време :LOL:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
@Stefan-kobe во исто толку години за прв пат осетив толку голем страв, но повеќе страв поради што не го гледаш „непријателот“, се друго колку толку може да предвидиш или насетиш, ова педерската ја прави.
Сабајле ме дигна од кревет, а во 15 само што си го направив кафето и седнав да го чекам да се лади, ми го истури пола на маса и едвај стигнав од еден на друг крај на собата, кај вратата демек на посигурно. А што е потрагично сум на 5ти во зграда која нема ни техничко решение ниту ништо, никој не знае како е градена и што е ставено во истата, едвај се наканив пак да се качам дома, али не планирам да спијам иако сум само 4 саати спиен ноќеска, пола зграда спијат надвор на паркинг и седат во паркот, а кој има роднини на друго место ја збриша одма.
абе оди легни наспиј се,не биди будала.Ако немаш слободен ќош од некоја соба,ослободи си во случај ноќеска да дрмне,што не верувам и имај го местото спремно.
Се осеќа земјотресот ако е појак како тој сабајле и тој во 15 часот што удри,прво звукот доаѓа,таков чуден и заглушувачки,па после дрмањето
Ама и те разбирам,на петти спрат спиеш и одеднаш во 3-4 ноќеска те буди кршење на чаши.
Бегај,језиво
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
имаш слика од неа зар ја видел некој како изгледа ххххх
@Џонтра Волта има слика од неа,ако сака да ја прикачи,нека повели
xpzhmw.jpg


Иначе не е лошо кај вас што се тресе или што осеќате бучење зуење и све поврзано со земјотрес да пишете каде се дешава тоа.
 
C

Castiel

Гостин
Ова од статус од фб. Колку толку има некое објаснување.


Dejan Gadzovski
14 hrs ·
Со оглед на тоа што не испоразбуди уште посабајле и што денес најверојатно ќе биде честа тема на разговор, бујрум еден корисен извадок од книгата Геологија на д-р Ненад Бањац, од делот на Сеизмологијата, кој барем мене многу ми се наоѓал.
Ова е како изгледа описно дванаесетстепената сеизмолошка MSK скала за интензитетот на земјотресите, чисто да си знаете да можете отприлика да процените “уште колку фора имате”! :-D
1^o - Незабележителен земјотрес, го регистрираат само сеизмолошките апарати, луѓето не можат да го почувствуваат.
2^o - Многу слаб земјотрес, го чувствуваат само исклучително чувствителните лица доколку се во состојба на мирување.
3^o - Слаб земјотрес, го чувствуваат повеќето жители во состојба на мирување.
4^o - Умерен земјотрес, го чувствуваат повеќето жители, луѓето се будат од сон, а мебелот благо се протресува, проследено со ѕвецкање на прозорите и стаклените предмети.
5^o - Јак земјотрес, го чувствуваат сите, висечките предмети се занишуваат, часовниците со клатно застануваат, помалите предмети се поместуваат или превртуваат.
6^o - Застршувачки земјотрес, делува застрашувачки, така што во случај на ваков земјотрес и сите посилни од него, доаѓа до појава на паника кај населението. Делови од мебелот се превртуваат, сликите паѓаат од ѕидовите. Помалите ѕвона во црквите се занишуваат и почнуваат да ѕвонат. На куќите настануваат помали штети, само кај малтерот.
7^o - Штетен земјотрес, нанесува оштетувања на објектите, кршење на керамидите, паѓање на оџаци. Во одредени услови предизвикува активирање на свлечишта.
8^o - Многу штетен земјотрес, предизвикува значителни оштетувања на објектите, одрони на карпи, се јавуваат промени во издашноста на изворите, се менува нивото на водата во бунарите, се јавуваат пукнатини во земјиштето.
9^o - Разурнувачки земјотрес, предизвикува толкави штети што преку 50% од куќите кои не се асеизмички градени се онеспособени за живеење. Се појавуваат чести одрони, свлечишта и големи пукнатини на тлото. Често доаѓа до кинење на подземните инсталации.
10^o - Уништувачки земјотрес, ушиштува преку 75% од зградите, на земјиштето настануваат крупни пукнатини од кои излегува песок и мил, се менува нивото на вода во езерата.
11^o - Опустошувачки земјотрес, значително ги оштетува сите градежни објекти и предизвикува големи промени на тлото.
12^o - Катастрофален земјотрес, го уништува или потполно го менува релјефот, се затрупуваат езера и реки, настануваат нови водопади, а тлото се бранува.

Како дообјаснување: Oваа MSK скала (Медведев, Спонхауер, Карник) е модификација на скалата на Меркали, Канкани и Зиберг и е еквивалент на скалата што се користи денес - Европската макросеизмичка скала.
Таа е показател за интензитетот на земјотресот и е описна, во смисол на тоа како луѓето ја чувствуваат силата на земјотресот, што е релативно, бидејќи зависи од оддалеченоста на епицентарот и длабочината на земјотресот - хипоцентарот, но и многу поразлично од магнитудата (ослободената енергија во центарот на земјотресот) која, пак, се мери по Рихтер на деветстепена скала.
Значи, денешниов 3,8 степени е по Рихтер!
И уште нешто многу битно. “Само еден степен разлика”, не е САМО еден. Рихтеровата скала е логаритамска, што значи еден степен разлика значи 10 пати поголема енергија, што, пак, значи земјотрес со магнитуда од 5^o ослобува 100 пати повеќе енергија од оној со 3^o, на пример!
И уште побитно. :-D Механизмот на настанувањето на земјотресите, барем кај нас, е чисто од тектонска природа ( бидејќи ги исклучувам вулканските и урвинските) и поплавите немаат никаква врска со ова (а уште помалку бомбата на Ким Јонг-ун)!!! Хипоцентарот на последниов земјотрес е 3 км длабочина, што е премногу плитко за земјотрес, но е многу длабоко за поплавите да имаат некакво влијание и се наоѓа на тектонски расед помеѓу Скопска Црна Гора и Кумановската Котлина. Тектониката ќе си работи, вакви земјотреси ќе има и во иднина и од скопската страна на СЦГ, а и од јужна, од страната на Водно и добро е вакви земјотреси да се случуваат почесто за енергијата постепено да се ослободува.
 
Член од
17 јуни 2012
Мислења
1.934
Поени од реакции
2.438
Никогаш во животот се немам усрано како денес. Еве искрено кажувам на отворен форум, 24 години имам, како што денес ми се тресеа нозете и се испосрав, така у живот се немам исплашено.

Вчера си легнав до 4 и нешто сабајле, не ме фаќаше нешто сон. Сабајле во 06:57 ме разбуди звукот како од млазен авион што секако беше најава за земјотресот, ја кренав главата и во истиот момент здрма јако. Се штрекнав пошо бев сонлив нели, истрчав на тераса, али се беше ок.

Потоа денот се одвиваше нормално, дремев по дома и у 15:00 си викам ај да прилегнам малце да погледам фудбал, само колку да испружам нозе пошо се на се нецели три саати имав спиено. Само што легнав, го земав телефонот во раце оно слупа многу појако од првиот пат. Јас и брат ми бевме сами дома, мајка ми на работа, а татко ми на пазар. Прво што направив е што извикав ПЕТААААААААР ИСКАЧАЈ ОДМААААААААААА, и од паника се упатив накај терасата. (живеам на трети иначе) Ми дојде некоја блесава идеја во случај да почне да се руши зградата да рипнам доле, пошо комшијата под мене има тенда и може да се изведе такво нешто без да се повредиш. Трчајќи накај тераса почна цела зграда да се тресе, ми се мрдаше паркетот лево-десно, паѓаа садови, вазни, саксии со цвеќиња, соларничињата во кујна, телевизорот, буквално се живо и диво се рушеше. Само што стигнав до тераса престана да тресе и во истиот момент го зграпчив брат ми и такви боси истрчавме надвор целите во паника. Уште па жените од зградата кренаа дополнителна паника, ок нормално е не викам не, и баш беше хаотично.

Се симнавме доле, не се сруши ништо, сите беа во паника, јас бос како утка седам пред зграда, гледам нагоре и нозете ми се тресат како на неандрталец. Не можев 5 минути да се соземам...

И шлагот на тортата, искочени сите комшии надвор, доаѓа една бабичка и вика: Ееееее, оваа зграда е правена да издржи 9 степени според рихтер. ООоооооооооооооок баба Васка, иди плети гоблени и не кур умарај со безвезни теории. 9 степени да издржела... :ROFLMAO:
Битно си ги фатил Јапанците и Кинезите сабајле :ROFLMAO:

Шала на страна, кај нас овде во Ченто имаше доста штети, ти добро си поминал со вазни и садови.Тој во 7 саат скоро и да не го осетив, ме разбуди само и пак си продолжив да спијам.После тоа само што уплатив 3-4 тикета се враќам дома, легнав и си го пуштив Speed со Киану Ривс, телефонот наместен да ми свири за голови и наеднаш кога здрма јако облеков само пантолони и спринт по скали бос од 5ти спрат.Една жена ме гледа како трчам надоле и ми вика дечко каде? У себе си викам: кај на мајка ти...:ROFLMAO: .Дремев пред зграда едно 5 мин, нозе ми се тресат сум клекнал како просјак пред ГТЦ од што неможам да стојам, се качувам горе и гледам во кујна бојлерот паднал, идам во веце и поплава..бојлерот паднал ми искрши и лавабо и туш вода цури од сите страни, водата од тушот прска накај жиците од бојлерот и страв ми беше да влезам пошто се е вода струја ќе ме утепа.Па сум ги вадел сите бушони, па врти ги сите вентили сопирај вода па неќе па симни се во подрум изгаси ја водата во цела зграда.. абе циркуз

И зборот ми беше ме заеба Милан за 3000.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom