Значи, што викаш, да не го гледам, а?Бидејќи гледам дека на LB сум првиот кој го гледал, да ве поштедам од малтретирање - немојте да сте го пуштиле новиот Ice Age. Ако четвртиот дел беше најслаб и неспоредливо послаб од првите 3, петтиов (Collision Course) е невидена катастрофа. Значи дефинитивно парите го вртат светот, штом до толку очајно се обидуваат да измислуваат нешто ново, а всушност сѐ се само рециклирани фори од првите три филма (особено првиот и третиот), плус нови, но неинтересни ликови што уште повеќе ги зацрнуваат оние на кои сме навикнати, па така сега ни Сид ни Скрат не се веќе смешни и интересни. До душа, беше најавен со тој краткиот - Cosmic Scrat-tastrophe (или како и да се пишува) од зимоска, што беше и филмска катастрофа, воедно, но му дадов шанса, надевајќи се дека сепак може, колку-толку да биде бар на нивото на другиот краток, од пролетоска, со јајцата. Ама ова испадна баш вистински ужас. Сто пати посакав да го прекинам, и стварно не знам како издржав до крај. Најслаб анимиран годинава!
Значи, да резимираме - НЕ ГО ПУШТАЈТЕ, ЌЕ СЕ КАЕТЕ!
Фала многу. Пријатно.
Спаско.![]()
[emoji13] [emoji12]
Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk




