Тој сабајле не сум го осетил ама изгледа не ни здрмал многу јако кај мене во Илинден.
Ама овој прееска околу 3 саат беше заебан иако траеше 2-3 секунди. Ја у соблекувална бев се спремав за утакмица коа здрма ќе се потепавме кој попрво да излезе, искачам надвор глеам кабли и дрва се тресат. Сепак не се осети толку јако пошто ниска е просторијата и мала ама тие што биле по куќи кажуваат дека било страшно. Кај мене дома слики попаѓале, фрижидерот у сред дневна отишол, плакарот од ментеш изместен, постерот од репрезентацина на Македонија ми паднал и што е најчудно држач за сапун, метален, набиен у зид, се скинал, не да се откорнал од плочки со све штрафови туку се скинал, бог да чува. Мајка ми се укочила, пршлени и изместил земјотресов, све убил у неа. Не е за смеење ама мене смешно ми е.
Вујко ми вика ја у двор седам и си ја глеам куќата како ми се ниша, дека на два спрата има куќа горе све му побутало, слики, плакари, сталажи. И кај други исто што се јавија по дома све им бутнало внатре.
Језиво, да дрмало уште 5-10 секунди може и катастрофа да се задеси.