Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе добива шанса Даре сезонава сигурно, он и Петар Петковски се единствени како младинци, еден од нив мора да игра, а напред сега со Барсегјан има многу повеќе конкуренција за Петар, така да сигурно Даре ќе игра прва. Страшен потенцијал е, само што физичката кондиција и „спортскиот“ начин на живот во моментов го кочат малку.. Кога игра везњак, нема сила за повеќе од 60-65 минути, а и сега за репрезентација штопер кога играше едвај издржа до крај, затоа што мораше. Иначе, какви топки фати Игор :cuc:
 
Кога веќе планираат да го отстранат Пачата, Игор мора да го форсираат за прв голман, а не месечарот Гача. Ем младинец ем страшен потенцијал.
 
Ниту Пача, ниту Гача ви треба моментално :icon_mrgr:
Со Игор добивте голман за подолг период, дури не направи трансфер негде надвор од земјава :D
Феноменален потенцијал има Игор, одличен голман (y)
 
http://sport.com.mk/?ItemID=6E4C4508554B6943838B6735E0CFD3D6

Станува збор за 17-годишен фудбалер од средниот ред кој ќе конкурира за настап сениорската екипа на „црвено-црните“, а ќе „помага“ и во младинскиот тим на шампионот.


Иако преодниот рок е веќе завршен, шампионот Вардар доби ново име во своите редови. Практично со неговиот ангажман првакот добива „две во едно“, односно на него покрај сениорите, ќе можат да сметаат и младинците на „црвено-црните“. Станува збор за Филип Стојчевски, 17-годишен играч кој пред само неколку дена пристапи на Вардар, а веднаш доби шанса покрај да тренира, и да игра во сениорите откако дебитираше на натпреварот со Раднички Ниш, на пријателскиот дуел одигран во неделата.
Стојчевски игра во средината на теренот, односно како последен играч за врска, „плејмејкер“ а може и како десно крило, што значи поливалентен фудбалер од средниот ред.

ПОТЕКНУВА ОД МЕТАЛУРГ
Филип Стојчевски е само еден од талентите од екипата на Металург која во последно време „вади“ добри млади играчи. Меѓутоа, „хаосот“ со испаѓањето и нестабилната финансиска ситуација придонесе талентите да си одат, а Вардар за Стојчевски е средина во која може да напредува. Поточно доколку не добива шанса во сениорскиот тим, ќе ја добива во младинците, а згора на тоа првиот тим на Вардар има проблем и со играчи под 21 година, кои се задолжителни. Досега се останати само Петар Петковски и Дарко Велковски, а тука конкурираат и Есмин Личина и Ердон Даци, но и тие главно повеќе шанса добиваат во младинската екипа.

ДЕБИТИРАШЕ СО РАДНИЧКИ
Инаку, Стојчевски веќе го имаше своето деби во дресот на Вардар. Играше на средбата со Раднички Ниш која беше од пријателски карактер во неделата каде што доби шанса во второто полувреме. И веднаш покажа дека станува збор за надежен играч во кој „црвено-црните“ ќе можат да сметаат во иднина.
Стојчевски веќе има искуство со настапи во сениорска конкуренција. Тој на неколку меча беше дел од Металург во минатиот шампионат во Првата лига. Иако овој тим испадна, сепак, беше еден од најдобрите од таборот на „Железарците“, а еднаш се запиша и во листата на стрелците. Згора на тоа е и репрезентативец на селекцијата до 17 години на Македонија.

Нов играч сме имале :D
 
А Асани не исполнува условот у21?
 
Не знам зошто не го продадоа Асани.А што е со Хов и Пача гледам во спорт не се најавени како стартери за утрешниот натпревар.Попов изгледа уште не е фит ..
 
Не знам зошто не го продадоа Асани.А што е со Хов и Пача гледам во спорт не се најавени како стартери за утрешниот натпревар.Попов изгледа уште не е фит ..
Како ќе е фит Попов кога се пијанчи. Прошла сабота се здрвил на свадба во струмица нареден ден играше на пријателската со раднички. И после зашто не играл...

Sent from my Ultra using Tapatalk
 
А Асани не исполнува условот у21?

Не го исполнува условот, само играчите родени после 17 јуни 1995 го исполнуваат условот за младинци сезонава, така е според правилата на ффм
 
Брегалницааа хахахахахаха
Се извадија колку толку ... Рано е да се каже, ама ако се продужи со ова темпо се ближи титула.
 
Му текна на ЦЦС да го спомне случајот со младинецот на Шкендија, откако го потсетија во коментари. Многу провидно се обидуваат од ФФМ да го заташкаат случајот со најглупавата тактика, ќути ништо не спомнувај, може ќе се заборави. Не знам што прават од управа, ама не смеат во никој случај да дозволат Шкендија да се извлече, кога веќе пропуштија да издејствуваат и подебела казна за нив со одземени бодови. Не смеат да остават на навивачите да прават притисок врз ФФМ (и тоа само на интернет засега), треба они да си ја завршат работата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom