Реков дека не знам за тенковите, сега побарав малку и вака стојат работите:
М-47 им ги дал Ајзенхауер во 50-тите за да одврати советска инвазија по Резолуцијата на Информбирото или по Унгарската револуција. Пеќи, тие се асли тенкови, но тоа била еднократна пратка и како што пишуваш и самиот, од 319 комада до 1990 останале 200, којзнае колку од нив биле во употреблива состојба.
M18 се специјализирани орудија за борба против тенкови (не се вистински тенкови, немаат значителен оклоп) и само со нив не можеш да водиш војна. Но добро, Југославија си ги купила ремонтирани во Италија и ги држела во резерва се до 90-те, кога и се појавија во Краина.
M-38 си е џипче и не знам како може да се класифицира како орудие освен ако не му монтираш митралез, но можеш и на Тојота пикап, па не ги броиме нив. Сум ја утнал бројката.
M-36 бил увезен и му ставиле мотор од (советски) Т-55.
Томпсоните беа уште од Втората светска војна и главно се чуваа во складиштата на Територијалната одбрана како неадекватни за армија. Од старост, иако конзервирани, а и од самата конструкција (подзвучни) секој трет куршум „пљуцкаше“ и паѓаше пред тебе, а и многу заглавуваа. Тие беа едно од најмногубројните оружја во АРМ на почетокот (нели, земени од ТО). За тешките митралези не знам, но мислам дека не беа многубројни, како и различните оружја за специјалците - тие не можат да се бројат како стандардно вооружување на армијата, а особено не дека биле мнозинство или дури и половина од арсеналот.
Повеќето од овие работи потекнуваат од Втората светска војна и дури и кога биле добиени/купени веќе биле безнадежно застарени. Еве што
имала ЈНА (не верувам дека и ова е конечен список), а сите знаеме дека особено потешкото оружје беше модифицирана советска технологија. Во споредба со тој список, овој твојов е занемарлив.