Помош околу францускиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.477
Поени од реакции
6.138
Здраво на сите !
Имам огромна желба да го усовршам францускиот јазик. Во слободно време имам тетратка каде што ја пишувам граматиката на јазикот, но имам проблем се обидов да гледам вести на француски на 24France, ама не можам ништо да ги разберам многу брзо зборуваат, со пример ќе ви покажам на што мислам
Nous aimons parler Francais - Nuzamonparlefranse
Kако да го надминам овој проблем со сврзување на зборoвите ?
 
Последно уредено:
Пробај со гледање француски филмови. Зависи колку го владееш јазикот, можеш да ги гледаш со титлови на француски (ако убаво разбираш), а можеш и на друг јазик што добро го разбираш (ако најдеш македонски или англиски евентуално) и да го слушаш дијалогот следејќи ги титловите.
 
Чим Alizee си ја ставил во потпис мора да е сериозна работава ;)
Точно, од слушање е речиси невозможно да научиш, бидејќи не прават никакви паузи измеѓу зборовите, исто како ние во македонскиот.
За да ја научиш основата најдобро е да си пребараш книги и вежби за почетно ниво или курсеви кои одат до 3-4 нивоа. Пробај да најдеш и видео материјали на торент, за поквалитетни материјали и се обично платени.
Најдобро се усовршува од филмови со превод на француски но претходно е потребно да имаш основа и да ја научиш нивната прелесна граматика, усовршувањето е полесно.
Јас учев 7 години француски преку курсеви и имам одлична основа, се сеќавам на касетофонот ја пуштавме секоја реченица по 5-6 пати за да ја напишеме во тетратка :D
Ама со тек на време се навикнуваш. Праксата чуда прави.
 
Од тука ја препишувам граматиката http://fr.slideshare.net/SuzanaSavic2/ss-38457871 имам и една книга што ја најдов, книгата се вика "Граматиката на Францускиот Јазик" -Марко Папиќ ја разгледував но некако ме буни мислам дека оваа книга е за луѓе којшто студираат француски.
Откако ќе ја потполнам тетраткава ќе пробам тоа со филмовите и subtitles со тетратката пред мене :D
 
Процени си сам до каде ти е знаењето и која книга ти одговара.
И кога учиш нешто биди сигурен дека го знаеш.

Пример за наједноставниот глагол:
Je suis
Tu es
Il est
Elle est
Nous sommes
Vous êtes
Ils sont
Elles sont

Немој да испадне знаеш што е suis а не знаеш што е sont :D
 
9ти левел сум во Duolingo ама не гледам некое подобровување има разлика кога самиот ќе го напишеш тоа, како и да е фала за линковиве.
 
Било кој не мајчин јазик ако не го користиш во секојдневието прилично тешко ќе ти оде.

Гледањето филмови и вести само ќе ти направат да се напрегаш.

Ако си студент пробај со некоја летна работа ако има, 3-4 месеци без никаков контакт со твој јазик.

Златен па ти ќе имаш минимум Б2 :D
 
Запиши се на курс и истовремено сам дома труди се да го повторуваш тоа. Јас учев 8 години француски, сега не го користам многу и доста имам заборавено, но суштината ја знам, мене не ми одеше тешко, и сега кога имам можност разговарам со некој на француски, секако, што исто зборува француски. За почетник што навистина сака да го научи јазикот, мислам дека најдобро е курс (ако веке не го учиш во школо), сепак подруго е кога професор ке ти објасни се, од почеток, се во свое време. А гледањето филмови и вести доаѓа потоа, откако ќе почнеш веке самостојно и солидно да разговараш француски. btw мене слушањето ми е најтешкиот дел кога учам странски јазик. Многупати се случува од слушање да не разберам ништо, а истото кога ќе го прочитам, се разбирам.
 
Како го совлада тоа со слушањето? Јас не можам да се снајдам без француски subtitles, не можам да направам проценка кога еден збор започнува/завршува.
 
Французите зборат најбрзо во свет (на второ место се Кинезите). Можда тоа е причината.
 
Како го совлада тоа со слушањето? Јас не можам да се снајдам без француски subtitles, не можам да направам проценка кога еден збор започнува/завршува.
Не знам како да ти кажам баш. Не почнав тогаш одма со слушање. Треба прво да дојдеш до некое ниво кога без проблем ќе читаш и ке навлезеш во тоа. Така кога слушав ги познавав зборовите :)[DOUBLEPOST=1473267238][/DOUBLEPOST]
Французите зборат најбрзо во свет (на второ место се Кинезите). Можда тоа е причината.
Има врска и тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom