Извини, ама не го сфатив баш љубовниот проблем

Имаш другарка која: е фина, мила, имала прв дечко у 4то одд. па после идела со некои постари од неа повеќе од 10 години, патем она има 19 (јас немам ништо против разлика во години кога си полнолетна, нема да кажам што мислам за овој факт кога си малолетна), изгледа „опасно“, а Бога ми и се дружела со „опасни“, си ја одржува линијата (иако според ова што го кажа повеќе ми изгледа дека во теретана иде за да набие кондиција за нешто друго, а не за изгледот, знам дека звучи двосмислено, тоа и ми беше намерата :baeh

. Значи девојката има најубава фаца на цел свет, ама мора напорно да вежба за телото да и` изгледа пристојно. Во животот околу неа имало само „убави“ луѓе и сите дечковци и биле лепотани.
Еееее, Бога ми за девојкава кажа повеќе отколку што треба!
Другарка ти веројатно изгледа убаво, но има комплекс на ниска вредност кој не е на површина, туку сеуште тлее длабоко во неа. Тоа е нешто најлошо, да знаеш. Некои глупости кои ги прави, не треба да ги препишува и да се правда со загубата на родител. Татко и бил жив кога таа имала 10 години, па си бркала дечковци. Значи смртта на татко и да не ја зема како причина за глупостите кои ги прави. Ако толку многу ја погодила смртта ќе се трудела да биде подобра личност! Луѓето не се гледаат по нивниот изглед, се гледаат по она што го носат во себе. Искрено ме насмеа овој „проблем“. Не бараш дечкото да биде повозрасен од тебе, за другите да мислат дека ти си зрела личност. Не бараш дечко за да им се фалиш на другарките. Ма, не е важно колку години има бараш дечко за да ти биде убаво со него! Со годините кои таа ги имала добила сосема спротивно од она што го барала, добила само секс. Да, не добила ништо повеќе! Немој да ми кажуваш дека немала секс до сега и самата кажа дека таа брка дечковци од 10 години. Па уште имала и врска која траела една година, не се гледале у очи! Па на некои девојќи уште 5 живота да ми дадат нема да можат неа да ја стигнат, ма. Во теретана нашала некој тип кој многу ја сака, ама типот има голем нос?! Лелееее абе за у кревет што ќе и е нос, нека затвори очи и нека исклучи сијалица, па тој уште и на операција ќе идел. Абре ти се зезаш со сето ова?!
Мој совет е да седне со мајка и, да и каже се`! Па мајка и да земе нешто што не се крши и да ја убие од ќотек, оти не завршила никаква работа со ќерка и.
Додека мајката жалела за загубата на сопругот и се мачела да ги истера децата на прав пат, да им овозможи што повеќе, децата си фатиле свој кривулест пат. Јас немам деца, но, знам дека најголем неуспех на еден родител е лошо воспитано дете! Нека и каже на мајка и за да си ја среди со време, да не кубе коси после!
Ако си и вистинска пријателка ќе седнеш со неа и ќе поразговараш за вистинските вредности. Ќе ја прашаш што прави во животот, во која насока планира да се движи. Не значи дека ако е полнолетна може да се плеска со кого стегне за едно кафе, сокче или ланченце. Животот брзо поминува, не го трошете на ваквии глупости!!! Патем, дечкото не е грд, дечкото е прекрасен!
ВИЕ сте грдите во случајов!! Вие сте тие кои пред цел форум покажувате колку сте плитки. Мислиш дека, колку повеќе поминува времето, ќе останеш иста?! Ма немој! Не ги проценувајте луѓето според изгледот, изгледот лаже!