Прв пат ја отварам темава, така да, не знам за кои се серии се зборело. Еве неколку серии кои јас ги изгледав летово (освен Strangers Things, The Night Of и Mr. Robot), додека паузираа "главните":
Feed the beast - Двајца другари од детството, секој со свој порок и демони од минатото, решаваат заедно да отворат ресторан во Бронкс. Едниот е готвач, наркоман и бивши затвореник кој должи многу пари, а другиот е познавач на вино, пијаница, вдовец и татко на трауматизирано дете. Приказната е океј, глумата е супер (David Schwimmer и Jim Sturgess во главните улоги), ликовите се добро разработени. Добра серија за тепање време.
Animal kingdom - Отткако мајка му ќе се предозира и ќе умре, Џеј оди да живее со баба му и нејзините 4 синови. Уште од првиот ден забележува дека тие не се најнормално семејство и дека се бават со нешто сомнително. Наскоро, успеваат да го вовлечат и него во нивниот бизнис. Не е лоша серијава, но нешто ми фали. Ми се допаѓаат ликовите, добро се разработени, секој одскокнува од другиот со свои карактеристики и мистерија. Но, приказната ми е малку претерана, нивната "вештина" е малку преувеличена. Во секој случај, може да се изгледа.
American gothic - На моменти ми е досадна и се прашувам зошто воопшто ја гледам, а на моменти ми е супер. Има нешто што ја прави серијава... што знам... глупа? Ми делува како американска сапуница. Но, заплетите се одлични. Толку добро се измешани работите, толку добро успева да те збуни, лудило. Таман си помислил знаеш што се случува, извира нешто ново, некој нов доказ или момент од минатото, за да те натера повторно да се сомневаш во друго. Не знам што да мислам за серијава, и добра ми е и тапа ми е. Чекам да видам само како ќе заврши.
Roadies - Многу ми се допаѓаа оваа серија. Roadies се луѓето позади бендот, оние кои прават се во врска со нивните настапи на турнеја. Тие се како една фамилија кои работат во полза за бендот и се грижат се да биде во најдобар ред. Ликовите се многу добри, приказната е одлична, има драма, има хумор, има музика, има љубов, има пријателство. Глумат Luke Wilson, Carla Gugino, Machine Gun Kelly и лично, мојата омилена Imogen Poots. Одлична серија!
The get down - Серијава е ВРВ! Претставен е животот на неколку тинејџери (црнци) во 70-тетите години во озогласениот Бронкс. Диско ерата пополека се губи со појавата на рапот; луѓето се запрепастени од вештината на брзо склопување римувани стихови; the grandmaster flash ги учи помладите како да скречуваат (без да ја уништат плочата); возовите низ маало се покриени со графити, а исто така и метро станиците и напуштените ѕидови; криминалот владее, дрогата е насекаде, убиства се случуваат постојано; згради се палат за исплата на оштетување, (тој дел од) градот е во урнатини; црнците се постојано угнетувани и дискриминирани, како такви "живеат во светот на белецот"; младите се трудат да направат што е можно повеќе од себе си, се пронаоѓаат во музиката и урбаната уметност, се трудат да преживеат. Од кинематографијата и 70-тите вајб, до музиката и хипхоп култирата, до драмата и борбата за преживување... серијава е ПРЕДОБРА.