Ова само хомосексуалци го прават, нели?
Можеби не, но до одреден степен е во право. Во светски рамки, но и на локално ниво, кај нас, промискуитетот е преизразен. Бројките и нивната интерпретација и останатиот биготски декор што ги надополнува преку изворие од каде цитира секако дека е булшит, ама самото јадро на изјавата за промискуитетен проблем кај нашата популација не е лага. За кај нас не треба подалеку да гледаш од местата каде се изнаоѓаат партнери. Или навиката во светски рамки наместо превентивно да се дејствува, да закачи некој вирус па да набавува после лекови и да го сведе на undetectable, и за нив тоа е решение на проблемот (пошто сега се достапни лековите за сите).
Да сум јас, има да ја одржувам висока цената да не ми текна некој да се глупира и своето, и со здравјето на другите. Али како што сум рекол и претходно, имам диктатроски тенденции па моето мислење и решение не важат многу. Али еве, во демократија, па ја имаш другава слика. Едно е да се бориш за еднакви права, ама треба да си способен да бидеш критичен и кон својата популација онаму каде вистински има проблем. Затоа што таму каде ти мижиш друг гледа. И не можеш да браниш некого за глупави животни избори што ги направил и да се преправаме дека истото не постои или го нема.
Се додека не го решиме ваквиот проблем, Летко и сите како него имаат материјал за пљампање. Нормално, со извитоперени бројки, или урбани митови (ко она за животниот век на хомосексуалците врз база на физичко и психичко здравје, или самоубиствата), ама пак се протнуваат некои факти низ дупките.