Убаво е да се вози тинејџерски филм, неубаво е (од мене) да /се/ наметнува/м проблемот на години - но, BEHAVE. Ако се топиш пред него, сосема фино и нормално. Асоцијативната меморија владее. Би рекол и дека ти си му раскинала тогаш, а тој бил пре-кул околу тоа (не изреагирал како што можеби и си очекувала, што не мора да значи дека после соодветната реакција би го примила назад, туку би станало збор за дополнителен его boost / не дека не ти ги оправдувам причините, ама со самото стапување во врска со таков човек, покрај адреналинот ако не игра разумот вакви епилози се неминовни).
И сега изборот е прост. Ако тој (кој „никогаш не се ни женил“) нескротлив ерген го гледаш како „пролетно ветре“, а тој се' уште се држи до мачо моментот (кој пак можеби, ако не разговара со тебе, е играње на карта „кутриот јас“ апропо првичниот епилог на ситуацијата), можеш да направиш прв чекор или секогаш да се прашуваш „што би ако би“. За жал, епилогот кој мислам дека е поверојатен е дека детските болести ќе превладеат па или нема да го сториш тоа, или ако го сториш, тој ќе те казнува за „гревот“ од минатото.
Епилогот кој би одговарал на happily ever after моментот е дека обајцата ќе сфатите дека сте родени еден за друг и дека небосклонот со ѕвездите кои ги расеал вечерва одлучил да ја насочи сета своја енергија кон тоа совршениот soulmate couple да се спои повторно после толку време, можеби точно на наредната полна месечина...
Скршената вазна, колку и да ја лепиш, ги покажува браздовидните траги на делчињата на кои била скршена. Ако евентуално успеете да ги „гипсирате“ до задоволитено ниво, ќе почнам да верувам во бајки. Во спротивно, се би се свело на математика и на компензација... Што је моје, што је твоје / односно / јас волку, ти толку / што и не е лош избор, ако го спознаеш и одлучиш да ги почитуваш негативностите на истиот, доколку уживањето во позитивностите е доволно добро.
Последен совет: навистина не би требало, колку и да е неромантично и не е во склоп со реоткриената ти од пред 8 години, кога/ако ќе сте насамо да го срочиш муабетот „ми се чини дека не престанав да те сакам цело време“, „во очиве ќе ми ги видиш сите тајни“ итн итн итн.
Нема да запали во твоја корист, не за друго.
Многу среќа:smir:
Едит
Не му купувај бре Есењин, земи му ги Пролетни води на Тургењев
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)0
Шала. За него само Буковски, со посвета:
„Ако сакаш да умриш ко старо куче, удавен во сопствената исповраќаница од Џим Бим, игнорирај ме и курчи се колку ти е волја. Ако сакаш да сум ти љубоморна што би бил со мене, покажи дека си доволно голем и дојди на ___ во ___ часот на кровот на таа и таа зграда. Нема да те фрлам од неа, барем нема јас да сум таа што ќе те турне
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
“
Симултано зафркавање е, ама подобро е од она на мачорот Гарфилдов
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
))