@Strelec
Јас кој сум исклучен, кој не се греам ни денски па ни навечер, кој протестирам против Владата, кој сум најлош од сите лоши, ти благодарам што ме “ потсети на deltaT и како иде топлото од комшијата кон собите што ти и тие исклучените не ги греат ни денски не па навечер “
Ти благодарам што со помош на ју-туб ми покажа формули за да ги знам во иднина.
@Sass
И јас не знам што е тука нејасно
Јас сум исклучен од Топлификација
Се греам на струја, со клима и температурата во станот е 26 степени
Топлификација ги затоплува проклучените на 20 степени
Но пратениците од власта тврдат дека јас сум добивал топлина од Топлификација
@Lurtz
Ти велиш дека за тебе „ Формулите немаат некое значење за мене “
Јас не напишав ниту една формула
Јас ти објаснив со зборови во што е проблемот
Ти ми прати еден текст, кој е преполн со формули и кој вопшто не се однесува на исклучување туку се анализира што ќе се постигне ако наместо плаќање по м2 се воведат распределители
Тој текст завршува се резиме дека некој ќе може да штеди и да ги намали сметките од 5 до 15%
Тоа никаква врска нема со муабетов
Ние зборуваме за криминалот со парното во Скопје
Јас сум исклучен и мојот стан е затоплен на температура повисока одколку што се затоплени становите кои ги грее Топлификација
И од тие станови, не може никако да прејде топлина на мојот стан
Никогаш топлина не поминува од пониска на повисока температура
А тоа што ова го тврдат пратениците од власта - тоа е нивни проблем. Секој може да мисли што сака. А знаеме зошто мислат така