не. Оџакот, во твојот случај се цевките, факт е дека оддава топлина. Типичен пример ти се цевките во индивидуален систем на парно во подрумски простории. Соседниот стан кој е загреан, не дека директно ја загрева твојата просторија, но ќе ја задржи топлината на твојата просторија. Затоа кога се гледа нов стан или куќа од аспект на загревање, се зема предвид и тие нешта-колку надворешни ѕидови има станот, колку и каква изолација има, дали под собата има подрум, дали е на јужна страна итн.
Ако те разбрав ти тврдиш дека становите на исклучените се затоплуваат од цевките кои поминуваат и тоа го поврзуваш и правиш аналогија со поминување на оџаци.
Но има битни разлики помеѓу. „поминување на оџаци „ и „ поминување на цевки “
Димните гасови на влезот на оџакот се со температура од преку 100 степени.
@мкд владе, пред некое време, во својот дом, ја мереше температурата на димните гасови. Мислам дека тогаш измери 120 степени. Самиот оџак е ѕидан и е со голема надворешна ширина.
Што е најважно оџакот мора да биде загрен за да работи за да „ влече “
Кај „ поминување на цевки “ е сосема друга ситруација. На пример во мојот стан воопшто не поминуваат цевки. Мојот стан е најгоре и тука цевките завршуваат - нема за кај да поминат
Но има и станови кој не се најгоре и низ кој не поминуваат цевки. Имаат така наречен хоризонтален развод.
Се смета дека барем кај 70% станови во Скопје воопшто нема поминување на цевки.
Следна работа, на која ти обрнувам внимание е дека цевките се со многу помал дијаметар од оџаците. Цевка од половина цол има надворешен дијаметар од 20 мм. цевка од 3/4 цол има дијаметар 27 мм; цевка еден цол 33 мм и тн. Разликата помеѓу дијаметрите 5 пати. Но разликата на плоштините е 25 пати ( ако се сеќава, а тоа го учеше во осмо оделени, односот на плоштините е к- на квадрат)
Значи огревната површина кај цевките е 10 до 25 пати помала, во однос на огревната површина кај оџаците
Следна работа на која ти обрнувам внимание дека температурата на водата во цевките е многу пониска од температурата на гасовите во оџаците. Каде што поминуваат цевки има две цевки едната е топла- довод, а другата ладна - поврат
Температурата на доводната цевка е максимум 60 степени. Но тоа се случува ретко, обично е од 40-50 степени. А на повратната вода температурата е пониска за 10 или 15 степени
Следна работа на која сакам да ти обрнам внимание е дека цевките на Топлификација не се постојана топли. Топлификација ноќно време не затоплува, а често и преку ден не затоплува. Тогаш цевките се студени и тогаш тие студени цевки одземаат топлина од загреаната просторија низ која поминуваат. И јас советувам на сите исклучени каде што има „ поминување на цевки “ да ги изолираат за да не губат топлина
Но и да не се изолирани цевките таквите цевки, ако се максимално загреани, емитираат од 20 до 30 вати
Конкретно ако низ некој стан има четири вертикали тој добива топлина колку од една сијалица. А кога низ цевките струји студена вода станот губи топлина.
Но проблемот со сметките и со Топлификација е следен:
Од 2008 година најцрните организирани криминалци - хохштаплерите од Топлификација почна претерано да ги ограбуваат граѓаните. Тој грабеж е извршен со (1) наметнување на неточен начин на мерење наречен мерење со калориметри; (( 2)Воведување на некаква ангажирана моќност и (3) Поделба на системот наречен „ либерализација “. Со ова следеше лажно прикажување 3-4 пати поголема потрошувачка на мазут од вистинската потрошувачка
Овој криминал требаше да го препознае и спречи власта, во прв ред Регулаторната комисија за енергетика
Но таму се вработени врвни партски функционери, кои тие преплатени работни места ги добија пореди своите партиски заслуги. И тие лажно ги обвинија илјадниците граѓани кои се исклучија за да се спасат од измамата и грабежот дека се тие виновни за високите сметки на приклучените. И денес оваа власт ги прогонува исклучените за да прикрие дека нејзините партиски функционери се неспособни и килави
Затоа исклучените од Топлификација секоја сабота протестираат проти Владата и владеачката партија