Бев до пред некој ден на Лефкада.
Се сместивме у Пештани, што би кажал драгиот колега
@Peja989 заради апсолутно добрата понуда што ја добивме за сместување, а и времето на закуп.
Прво и основно, ако идеш на Лефкада, иди си со своја кола. Плажите се расфрлани низ сите страни на островот. Но, кога сега би ми било понудено да бирам каде ке се сместам, веројатно би било некаде во околината на Агиос Никитас. За 8 дена колку што бев, извозев околу 600 километри низ островот. Колку што е од Куманово до Лефкада.
Патот е доста лош за возење, ако сте возач почетник, ке имате ватрено крштевање на многу делници низ островот. Тесни, нагли кривини.
Плажите.
Катизма. Една од најчистите, најраспостранети плажи на островот. 7 евра е лежалка за двајца, 3Е фредучино, 3Е хајнекен, 3Е Милос, Корона само мислам дека беше 5Е. Прекрасна плажа, кој сака, може да ја види и од воздух.
Паркинг има, ама ке мора порано да тргнете кон плажата. Бевме кога имаше по скоро 2 метра бранови, па ако не сте искусен пливач, може да жестоко ако ве поклопи бран.
Егремни. Ние отидовме пешки, иако било забрането. Надолу имате 25 минути спуштање по стрмни и скоро непроодни патеки. Скалите при крај воопшто ги нема. Долу нема бар, па носете си вода во фрижидерче, зашто ке ви треба за назад.
Назад се враќавме скоро саат време. Премногу е стрмно.
Поглед од видиковец.
Порто Кацики.
Многу возење од Нидри, ама плажата е пефекција. Слики немам, зашто камерата ми се откачи, и остана на дното. Реално, ако не сте опуштени за возење по тесни патчиња, двојно внимавајте.
Итака.
Плажа на која бевме како дел од крстарењето со Македонија Палас.
Агиос Никитас не ни направи кеиф, ваљда дека беше ветровито. У Нидри не бевме на плажа, пошто местото е тапа за преку ден.
Лефкада не е баш ефтина, така да, доколку не пазиш на цени, и си ручаш и вечераш по ресторани, спремете си 500Евра по човек.