Лефкада

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Да прашам,на слепо да идам да барам смештај после 13 Авг дали лесно се наоѓа?Од прилика што парички е за двајца?Првпат би одел па добро би ми дошло некој инфо.А да и патот каков е?
Годинава Лефкада е екстра популарна и не би ти препорачала (доколку веќе не си заминат). Ние планираме од 8 Септември да одиме и се изнамачив додека најдов смештај во Агиос Никитас, ама буквално се изнамачив. Значи преку агенција немаше ништо и на интернет преку букинг немаше ништо, едвај ископав некоја грчка страна па да најдам смештај. Не знам како е на лице место но сепак ризикот е голем.
 
C

cige

Гостин

И јас не препорачувам. Лефкада е целата распрскана со помали населени места, со по 10, 20, 50.... куќи и таму смештајот е многу поефтин одколку во поголемите гратчиња т.е Нидри и Василики, Агиос Никитас е село, премногу е мало за да се нарече гратче, има само една уличка со неколку таверни и тоа е тоа. Нидри е слично на Паралија, ама треба секој ден да возиш до другата страна на островот за на плажа.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
И јас не препорачувам. Лефкада е целата распрскана со помали населени места, со по 10, 20, 50.... куќи и таму смештајот е многу поефтин одколку во поголемите гратчиња т.е Нидри и Василики, Агиос Никитас е село, премногу е мало за да се нарече гратче, има само една уличка со неколку таверни и тоа е тоа. Нидри е слично на Паралија, ама треба секој ден да возиш до другата страна на островот за на плажа.
Што е подобро за смештај Агиос Никитас или Василики? Во смисла за да ти бидат плажите поблиску а сепак да има и кај да излезеш да прошеташ навечер. Колку што видов Никитас е блиску до главниот град па ние се надеваме на таа варијанта, дека ако ништо друго ќе можеме во некогаш и до Лефкас да шетнеме. Од друга стана пак колку што слушнав Никитас има сосема солидна плажа доколку не ни се вози секој ден до другите плажи. Ќе видиме како ќе испадне. Одиме 8 Септември, како е морето и времето таму тој период, се надевам дека нема на зимовање да одиме ;)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Годинава Лефкада е екстра популарна и не би ти препорачала (доколку веќе не си заминат). Ние планираме од 8 Септември да одиме и се изнамачив додека најдов смештај во Агиос Никитас, ама буквално се изнамачив. Значи преку агенција немаше ништо и на интернет преку букинг немаше ништо, едвај ископав некоја грчка страна па да најдам смештај. Не знам како е на лице место но сепак ризикот е голем.
Преку агенциите ги вртат максимум 10 куќи, а на Букинг нема ни 30% од смештајот таму. Ова важи за цела Грција, така да џабе паничење, на 8 септември ќе има слободен смештај и те како.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.679
Поени од реакции
66.761
Бев до пред некој ден на Лефкада.

Се сместивме у Пештани, што би кажал драгиот колега @Peja989 заради апсолутно добрата понуда што ја добивме за сместување, а и времето на закуп.

Прво и основно, ако идеш на Лефкада, иди си со своја кола. Плажите се расфрлани низ сите страни на островот. Но, кога сега би ми било понудено да бирам каде ке се сместам, веројатно би било некаде во околината на Агиос Никитас. За 8 дена колку што бев, извозев околу 600 километри низ островот. Колку што е од Куманово до Лефкада.

Патот е доста лош за возење, ако сте возач почетник, ке имате ватрено крштевање на многу делници низ островот. Тесни, нагли кривини.

Плажите.

Катизма. Една од најчистите, најраспостранети плажи на островот. 7 евра е лежалка за двајца, 3Е фредучино, 3Е хајнекен, 3Е Милос, Корона само мислам дека беше 5Е. Прекрасна плажа, кој сака, може да ја види и од воздух.
Паркинг има, ама ке мора порано да тргнете кон плажата. Бевме кога имаше по скоро 2 метра бранови, па ако не сте искусен пливач, може да жестоко ако ве поклопи бран.

Егремни. Ние отидовме пешки, иако било забрането. Надолу имате 25 минути спуштање по стрмни и скоро непроодни патеки. Скалите при крај воопшто ги нема. Долу нема бар, па носете си вода во фрижидерче, зашто ке ви треба за назад.
Назад се враќавме скоро саат време. Премногу е стрмно.

Поглед од видиковец.

Порто Кацики.
Многу возење од Нидри, ама плажата е пефекција. Слики немам, зашто камерата ми се откачи, и остана на дното. Реално, ако не сте опуштени за возење по тесни патчиња, двојно внимавајте.

Итака.
Плажа на која бевме како дел од крстарењето со Македонија Палас.

Агиос Никитас не ни направи кеиф, ваљда дека беше ветровито. У Нидри не бевме на плажа, пошто местото е тапа за преку ден.

Лефкада не е баш ефтина, така да, доколку не пазиш на цени, и си ручаш и вечераш по ресторани, спремете си 500Евра по човек.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Галос (Gialos) требало да ја посетите, одма до Егремни, слична на неа само многу попристапен пат и помалку стрмна, голема е како Катизма само не е урбанизирана.

Ја лани скинав 500 и кусур километри за 10 дена, стварно е искуство, бааѓи возачко школо се учи, особено за маневрирање во тесен простор :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Возете во Кратово

Има клипче ставено на УТ пред една недела, расчистен е патот малку и се иде со кола до Gialos. Јас одам натаму на 29-ти здравје, па видеќемо...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.679
Поени од реакции
66.761
Па види, и таму и таму на одредени места, колата не иде у друга.
 
C

cige

Гостин
Галос (Gialos) требало да ја посетите, одма до Егремни, слична на неа само многу попристапен пат и помалку стрмна, голема е како Катизма само не е урбанизирана.

Ја лани скинав 500 и кусур километри за 10 дена, стварно е искуство, бааѓи возачко школо се учи, особено за маневрирање во тесен простор :D
Плажа која што не смее да се пропушти е Mylos Beach. Се наоѓа еден рид северно од Катизма, и еден рид јужно од Агиос Никитас. Се оди пеш од Агиос Никитас. Плажата е страшно добра, ситна песок, тиркизна боја, бранови.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Плажа која што не смее да се пропушти е Mylos Beach. Се наоѓа еден рид северно од Катизма, и еден рид јужно од Агиос Никитас. Се оди пеш од Агиос Никитас. Плажата е страшно добра, ситна песок, тиркизна боја, бранови.
Nisto povekje od katizma ne e Mylos, osven sto nema guzva tolku, ali ima pesacenje dosta. Agiofili i Mikros Gialos se dobri plazi pristapni za kola\motor so lezalki i pijacki.

Sent from my ZTE Kis II Max using Tapatalk
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Здравје, за една недела тргнувам ова време 01-02 часот. Ќе тражам сместување во Агиос Јоанис.

Прашањето ми е - дали 800/900 евра се доволни за двајца за 8-9 дена (и смештајот да се плати од тие пари)?
Рачунам некаде да најдам 300 евра студио, другите за трошоци + гориво за таму и назад.

На враќање сакам да поминам од Парга и Сивота, па преку Игуменица враќање дома.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
143
Дали може да се оди на егремни или скалите се срушени?

Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
 
По мое, тоа нема да ви бидат доволно пари, но зависи каде ке јадете, дали ке плаќате лежалки на плажа, колку оброци ке јадете дневно по ресторани, и како ке се транспортирате од плажа до плажа.

Дали може да се оди на егремни или скалите се срушени?

Sent from my iPhone 6 using Tapatalk
Стрмно е, и ако си малце агилен, може да се спуштиш до доле. Али за нагоре, очекувај губење на 8.000 калории.
 
Ф

Флеш

Гостин
Плажа која што не смее да се пропушти е Mylos Beach. Се наоѓа еден рид северно од Катизма, и еден рид јужно од Агиос Никитас. Се оди пеш од Агиос Никитас. Плажата е страшно добра, ситна песок, тиркизна боја, бранови.
Nisto povekje od katizma ne e Mylos, osven sto nema guzva tolku, ali ima pesacenje dosta. Agiofili i Mikros Gialos se dobri plazi pristapni za kola\motor so lezalki i pijacki.

Sent from my ZTE Kis II Max using Tapatalk
Дечки,за оваа плажа е зборот?Ако да,навистина е убаво.

C

cige

Гостин
Nisto povekje od katizma ne e Mylos
Катизма не заслужува ваков коментар.

ima pesacenje dosta
Колку доста? Наведи со параметри.

Agiofili i Mikros Gialos se dobri plazi pristapni za kola\motor so lezalki i pijacki.
Агиофили и Микрос Гиалос се плажи целите на камења, и ги споредуваш со песочните Катизма и Милос?
За Агиофили нагласуваш дека е добропристапна за со возило , а имаш 3 км возење по земја.
Не ми се верува :confused: :cautious: :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom