Стари македонски имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде баш ме интересира за едно име па мислам тука да прашам.
Баба ми се вика Алтна(Незнам како е стварно правилно).
Дали ова име е македонско ?
 
Ајде баш ме интересира за едно име па мислам тука да прашам.
Баба ми се вика Алтна(Незнам како е стварно правилно).
Дали ова име е македонско ?
Злата.
 
Хех.. татарска работа.
Се зачленил вчера, философира на темава за на крај (примарната цел е) да ти вметне татарска пробаганда од 1932.

Ништо не докажуваш со тој архив (каде наводно пишувало дека луѓето од овие области се бугари), иако се користат различни извори сепак епиграфските (претежно надгробни плочи и др споменици) се по веродостојни.
 
Ајде баш ме интересира за едно име па мислам тука да прашам.
Баба ми се вика Алтна(Незнам како е стварно правилно).
Дали ова име е македонско ?
Мислам дека правилно е Алтана. По некоја логика името е турско, но поради тоа што со векови постоело турското ропство, голем број жени го носат тоа име........, па дури и името Султана.
 
Повеќето македонски имиња за жал станаа "стари".

Овде споменуваме имиња коишто исчезнале наполно пред отприлика педесетина до сто години назад, а денес само мал процент од Македонците на своите новороденчиња им ставаат македонски традиционални имиња какви што носеле нивните предци и коишто сеуште се ставаа до пред 30-40 години .
Горан, Драган, Јулија, Емилија и Весна не се македонски имиња.
Во меѓувреме им ја зедоа мерката и на презимињата, па жени ставаат машки презимиња и самите не знаејќи зошто (претпоставувам затоа што виделе неколку такви познати фаци од Србија и самите не знаејќи кој во Србија и поради која причина има такви форми на презимиња).
Јас не сум видел попараноичен народ (кој ќе направи се за да биде некој друг) и друг народ којшто е до тој степен без чувство за сопствен идентитет (до пред 100 години грото бугаромани, а потоа србомани, дури и Македонците муслимани се декларираат како било што друго, само не Македонци).
Македонците, и после 70 години на постоење македонска државна управа, и понатаму ментално се една безлична маса. А безлично тесто секој ќе го меси.
 
Андон,Јанкула,Петре,Кирил,Методи,Танас,Спиро,
Ставре,Сотир,Војдан,Божин,Велјан,Гаврил,Ѓоко,Ѓурчин,Ефрем,Јане,Климент,Наум,Кузман,Костадин,Атанас,
Анастас,Леонид,Никодим,Неделко,Партениј,Петко,
Силјан,Софрониј,Спасе,Трајан.
 
Меѓу старите имиња не го спомнавте Србин.
од: "Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971": стр. 60, с. Добрушево, стр. 95, сел. Волкосело, (Прилеп); стр. 143, сел. Јаболчиште (Велес)...

Пулевски: "Србин је име, христијанско и мушко, а срби се мнозина, иљи имиња..."
Ова презиме го имаш меѓу Македонците од Западна Македонија, има и две села со име Србиново кај Гостивар,и Србица кај Кичево.Но нема врска со припадноста,ако гледавме по таа логика тогаш Србите се мешавина од Албанци,Грци и Бугари,бидејќи се среќаваат презимиња како Арнаутовиќ,Грковиќ,Бугарчиќ/Бугарски.Додека кај Македонците ги немаш,или па во ептен мал број.Него ја запазив дека Македонците имаат некои свои имиња кои не се користат помеѓу нашите соседи како:Трпе,Трпче,Петре,Мојсо,Тале,Војдан,Силјан,Даме Спиро,Темелко,Аце,Симјан,Климе
 
Имиња од Леринско (машки)

Аристид или Аристиди
Панајот или Панајоти
Апостол или Апостоли
Паскал или Паскали
Европиди
Дине
Кочо
Лефтер или Лефтери
Сотир
Пандо или Пандил
Панчо
Живан
Улјан
Геле
Тало
Кице или Кичо
Гоче
Ламбо или Ламбро
Леонид или Леонида
Филе или Филко
Страхил
Минче
Боне
Анастас
Лазо
Стилјан
Ставро
Андон или Андони
Фани или Теофани
Тели
Манол или Маноли
Симо
Пецо
Тоде
Таки
Мануил или Мане
Киријак или Киријако
Гиче
Најдо
 
Оф-топик малце...

Знаеш ли од каде би можел да ја најдам книгава? Оти ја барам подолго време но без успех.
Знам дека е после 100 год :)
Али ме интересира дали ја најде книгава?и ако да дали ја има уште?
 
Еве некои од книгата Историјата на Македонскиот народ од турски документи,Охридски санџак 1583год .
Од селата Клење,Нерези,Пискупштина,Безово,Џепиште,Луково,
Модрич,Требиште,Тучепи и Гиновец.

Јофко,Пројчин,Тихо,Јандро,Нене,Којчин,Волчко,Продан,Мило,Мрзан,Бежан,Бојко,Ачко,Бојчин,Грдан,Мечо,
Јорго,Стајо,Ѓорче,Кеко,Волкашин,Рајчин,Кондо,Панзо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom