Одамна е јасно дека САД планира да направи нов протекторат од типот Косово во Сирија и Ирак. Уште од 2002 според СТАРФОР којшто не само предвидуваат а учествуваат во планирањето на геополитиката. Не случајно освен создавањето на ИСИС, создаваат и Курдска држава. Реално во Ирак не помагаат на државата а на Курдите, во Сирија е исто, со тоа што освен нив им помагаат и на други групи којшто се против законската власт.
На сликата јасно се гледа дека Ирак во моментов нема граница со Турска, тенденцијата е тоа да стане и со Сирија.
Затоа им пречи таа мирна енклава Камишли којшто преку Хасака кајшто сега се борат би ја разделиле Курдската територијана на две.
После неуспешниот обид на САД за пуч, граѓанска војна и поделба на Турскана три дела, тогаш курдската држава веќе ќе беше создадена и огромна, сега гледаат само да ја засилат и исчистат таа "курдска" територија. Иначе во почетокот Асад и курдите беа сојузници против ИСИС, но после агресијата на САД и формирањето на војни бази на курдска територија полека САД почна да ги прави тие колонијални структури и гледаме дека веќе и дирекно командуват дел од нив.
Иако ми е жал за курдите, онеправдан народ кој не успеал да се избори за своја држава, но ако се тоа стане по неприроден пат како што е сега, курдската држава ќе е само уште еден протекторат или колонија за влијание на САД.
Џабе му е веќе на САД, Турција се ослободи од НАТО и се прави тој сојуз со Иран, Русија, Ирак, на Ердоган веќе не му треба сириска територија а гледа само соседите да се стабилни и да нема курдска држава.