Прво, и основно, пријателство, и само пријателство меѓу машко и женско не постои. Од кажаното јас вака ја толкувам ситуацијата.
Тој ја сака/л неа, и се упикува/л ама таа не била заинтересирана за него, па сега работи женската посесивност и таа како другарка не сака да го дели со тебе. Дури, никогаш не можеш да знаеш дали некогаш имале или немале нешто. И јас официјално бев само другар со некои девојки... :devil3:
Многу често луѓето не можат или не сакаат да си ги ограничат односите кои ги имаат со луѓето. Пријателите се пријатели, девојките се девојки со едните се разговара, советува и трачари, со другите се има секс и се гледаат ѕвездите во убава летна вечер.
Од друга страна, може да си само повеќе љубоморна и посесивна ти, па обично играње да го гледаш како нешто заканувачко. Ако мене ме прашаш, нема ништо страшно девојка ми да игра провокативно со некого додека јас ја гледам и да нема срам, зашто така знам дека имаме взаемна доверба, но потоа секогаш стои фактот дека ако е доволно опуштена да го прави тоа во мое присуство, кој знае на што е спремна кога јас не сум таму.
Да не претерувам, lap dance не значи ништо ако тебе ти посветува двојно внимание. На крајот на краиштата никого не можеш да задржиш да не те изневери ако сака. Ако ти е убаво кога сте заедно, задржи го, ако не, замини си. Simple as that.
Е сеа чувства...