Работа на брод

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Zainteresiran sum za nekoja staff pozicija na primer shop assistant.Dali imam sansa da dobijam nekoja vakva pozicija i kolku bi bila otprilika zarabotuvackata?
Девојка ми работи како shop assistant на MSC и во моментов платата и е во просек 1300 евра. Познавање на повеќе јазици ти ја зголемува шансата, но најмногу зависи од интервјуата. Пример девојка ми немаше никакво претходно искуство со парфимерии или накит и CV-то и беше целосно лажирано но доби место.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Во шоп ?

Па нели продавницата беше наменета исклучиво за подароци (оваа информација ја имам од презентација во Коузон, чисто информативно) ?

Зарем толку се навлечени патниците на купување подароци на брод ?

Прашувам онака, бидејќи кога ќе се укотви бродот во пристаниште, вообичаено во самото пристаниште има многу повеќе продавници и трговски центри отколку што може да ги има на било кој брод.

Или шопот продава и други производи ?
Продавницата кога е на копно не работи бидејќи се tax free и имаат право да работаат само кога се во интернационални води. За да не плаќаат даноци. И казиното исто така, затоа што секоја држава има разни закони за казино и да се раат не си работаат. Инаку (ова го кажувам за карнивал незнам на другите но мислам дека и на другите компании е исто) компаниите знаат дека кога патниците одат на копно трошат пари и оставаат пари надвор. Компаниите со цел да не ги губат тие пари склучува договори со продавници или ланци на продавници договор за соработка. Впрочем има на бродот супер шопери кои ги презентираат и промовираат тие продавници и даваат разни купони и попусти за тие продавници. Го продаваат тоа како тие се сигурни продавници и дека нема да бидат измамени. Се продаваат приказни (каде има и вистина) дека можат во некои да бидат измамени и ограбени, а во продавницата што ги рекламира бродот се сигурни и заштитени. За тоа компанијата си има некои проценти од тие продавници и парите што одат надвор од брод сепак дел пак се враќаат. Тоа е индустрија која гледа да заработи на секој можен начин.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Мислам дека прашањето на Декстер26 беше за што точно се продава на бродовите.
На бродовите се продава речиси од игла до локомотива.
За почеток имаш дел кај што се продаваат сувенири од бродот и компанијата. Јас имам еден куп Дизни и една Ројал Карибиан маичка. Се продаваат играчки за деца, се продава регуларна гардероба (Завиви од компанија до компанија кој со кого има договор, На Ројал гледав Пума опрема, на Дизни, Најки...) Се продава бижутерија, ефтини и скапи ташни. Се продава козметика. И најбитното, скапите работи, накит: злато, разни врсти на дијаманти, сваровски кристали. Се продаваат саати, од 20$ до 25.000$ (Dwayne Wade HUBLOT, го сакам Двејн и ми е еден од омилените играчи, ама не до толку да носам негов саат).
Да останев уште договор-два сигурно ќе си купев некое Тагче, со попуст за вработени се спушта до 1000 долари.

И за крај едно видео од мојот последен брод.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.411

Твојот последен брод беше на Ројал Карибиан ?

Не беше твојот последен ангажман на Дизни ?

Туку, кога сме кај локомотивите, беа само играчки, или добро направени имитации ?

Прашувам онака, бидејќи следам понекогаш имитации на возови и на железнички станици, па ме интересира дали се од добар квалитет и по кои цени ги продаваат.
 
Ме тролаш?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.411
Е де, кој те трола, помнам дека постојано ги спомнуваш Дизни и Карнивал, а не помнам да си ги спомнал Ројал Карибиан. Извини ако погрешно ти делуваше коментарот.

А ова за локомотивите сериозно те прашувам, тешко се наоѓаат добри реплики на вистински возови.
 
Најдобрата и најлошата круз компанија :)
Инаку поминав 3 месеца на Алур оф д Сиис (кога сеуште беше најголем на свет).

За локомотивите сепак ќе те разочарам, фигуративен ми беше коментарот „од игла до локомотива“.
 
Член од
4 август 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Девојка ми работи како shop assistant на MSC и во моментов платата и е во просек 1300 евра. Познавање на повеќе јазици ти ја зголемува шансата, но најмногу зависи од интервјуата. Пример девојка ми немаше никакво претходно искуство со парфимерии или накит и CV-то и беше целосно лажирано но доби место.
Можеш ли да ми кажеш што поточно се работи на таа позиција, претпоставувам им се помага на муштериите ако имаат некое прашање за некој производ и слични работи околу шопот. И како оди интервјуто дали само се разговара или треба да се покаже некоја практична презентација
 
Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Можеш ли да ми кажеш што поточно се работи на таа позиција, претпоставувам им се помага на муштериите ако имаат некое прашање за некој производ и слични работи околу шопот. И како оди интервјуто дали само се разговара или треба да се покаже некоја практична презентација
Да како што рече ти, им помагаш на муштериите со прашања и сл. но тоа е само мал дел од работата. Работиш и на каса, работиш (на едно од пристаништата) и во магацин, местиш штандови - иако незнам точно како оди тоа :D , итн. Може да се случи да те стават сам да работиш на 4-5 "тезги/маси", додека пак другиот ден да работиш во продавница за накит или парфимерија, а пак третиот ден во продавница за детски играчки и сл.

Колку што се сеќавам имаше две интервјуа, едното беше во Скопје во Александар Палас каде што тој што ја интервјуираше девојка ми немаше некое познавање од парфеми или накит и целта му е да види како размислуваш и како се снаоѓаш во одредени ситуации, додека второто интервју беше по Skype во кое ja испрашуваа детално околу парфеми или накит. Се сеќавам дека на второто интервју не помина најдобро, бидејќи имаше аплицирано за парфимерија а како што реков претходно немаше никакво искуство, па најверојатно според резултатите во првото интервју доби позиција како General shop seller. Мислам дека @alek trendo може подетално да ти објасни околу интервјуата.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
26
Поени од реакции
7
Во шоп ?

Па нели продавницата беше наменета исклучиво за подароци (оваа информација ја имам од презентација во Коузон, чисто информативно) ?

Зарем толку се навлечени патниците на купување подароци на брод ?

Прашувам онака, бидејќи кога ќе се укотви бродот во пристаниште, вообичаено во самото пристаниште има многу повеќе продавници и трговски центри отколку што може да ги има на било кој брод.

Или шопот продава и други производи ?
Shop nudi ogromna paleta na proizvodi , osobeno ekskluzivni . Gostite obozavaat da kupuvaat oti Se e bez Carina danok I slicni akcizi. Znaci na brod e no mans land , brodot plovi po internacionalni vodi taka da kazino shop depaetmenti rasturaat . osobeno shop - casovi nakit cigari alkohol brendirana roba .... Ko Alva :)[DOUBLEPOST=1471366299][/DOUBLEPOST]Za shop IMA mnogu sto da Se zboruva. Znam deka IMA nekoi openings skoro za po skajp. Pa da Se spremime koj e za shop. :).
Vo dvizenje sum , ke pisam cell esej za shop poposle.
Pozdrav
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.411
Shop nudi ogromna paleta na proizvodi , osobeno ekskluzivni . Gostite obozavaat da kupuvaat oti Se e bez Carina danok I slicni akcizi. Znaci na brod e no mans land , brodot plovi po internacionalni vodi taka da kazino shop depaetmenti rasturaat . osobeno shop - casovi nakit cigari alkohol brendirana roba .... Ko Alva :)
Ти благодарам за информацијата.

Ова за купувањето без плаќање на царини, акцизи и данок е веќе јасно како Оче Наш, знам какви се нашинциве кога се нафрлуваат како глувци на сирење по фри-шоповите и оние продавници каде што ги издаваат тие tax return потврди за да си ги земат назад парите од даноците на граница, а за патниците на брод па да не правиме муабет.

Муабетот ми беше што конкретно продаваат во шоповите на бродовите, а бидејќи @Tonchie спомна дека продаваат се` од игла до локомотива, прашањето ми беше дали е оригинал локомотива или евтина играчка.

@Tonchie мислеше дека го тролам, но вистината е дека имам пријатели кои се занимаваат со колекционерство, па затоа го прашав.
 
Vovcinja Neam video , 2-3 pati na aukcija imalo na brod ponuda od nekoi retro skapi vozovi. Ama toa cisto sumnjam nekoj deka od mkd mozi da si go dozvoli .
Na YouTube IMA video klipcinja za shopovi na brodovite. IMA brendirana sportska oprema. IMA bizuterija I nakit . IMA svarovski sto e top of the top so ceni. IMA alkohol I cigari. Kozmetika I parfemi saatovi I naocari , dijamanti oplai safiri. ....
Sepak e shop , napravi virtual tour preku you tube. Imaat zgodni prodavacki sto dodavaat na vrednosta na cenata na produktite :)
Zatoa shop with your eyes . :)
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
143
Поени од реакции
42
Dear crew members,
we are happy to inform you that during August and September we have several interviews for open positions!

1.
Company: Carnival Cruise Line
Positions: Asst. Waitress
Interview Date: August 20th, 2016
Interview Place: Belgrade

2.
Company: Harding Retail
Positions: Sales Assistants
Interview Date: August 25th and 26th, 2016
Interview Place: Zagreb

3.
Company: Apollo (Oceania Cruises , Regent & Thomson )
Positions: Food and Beverages
Interview Date: September 19th to 23rd, 2016
Interview Place: Belgrade, Montenegro, Sarajevo, Zagreb

4.
Company: Royal Caribbean Cruise Lines ( ONLY EU PASSPORT )
Positions: Sound Technician, Light Technician, Broadcast Technician, Rigging
Interview Date: September 17th, 2016
Interview Place: Zagreb
Interview Date: September 18th, 2016
Interview Place: Belgrad

5.
Company: Viking Cruise Line
Positions: All positions
Interview Date: August 19th and August 23rd, 2016
Interview Place: Zagreb, Dubrovnik

Send your CV at info@majomi.com.mk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
12.411
ubava ponuda . moze da dobijam lista na trosoci za do zaminuvanje pls .
И не само ти, добро би било сите информации во врска со отворените работни места на брод да бидат објавени на темава, за сите членови да бидат информирани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom