Крф

Член од
13 јануари 2015
Мислења
811
Поени од реакции
276
Не зборете глупости.
Ако си млад 20-30 години и сакаш луд одмор, дефинитивно Кавос ! Место кое не спие 24/7 и журките се буквално насекаде.
Ако си над 30 години, и сакаш помирен одмор, одмор во права смисла на зборот тогаш Ипсос.
Поздрав
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Денес се вратив од Крф и можам да кажам фала и никогаш повеќе таму барем не да си сместен Ипсос. Вриеше од комарци бетер од Дојран , корне на канализација а љубезноста на тамошните трговци едноставно да не им си во очи дека си од Македонија ќе ти качат цени нема да те услужат и што уште не. Во вистинска смисла тотална утка и да првпат ми се случи во вилата каде што бевме сместени да не се чистат собите за време на престојот. Катастрофа.
 
A

Avenger99

Гостин
Дечки колку чини билет за траект за еден автомобил и двајцата возрасни патници од Игуменица до Крф? Прашувам за повратен билет.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Денес се вратив од Крф и можам да кажам фала и никогаш повеќе таму барем не да си сместен Ипсос. Вриеше од комарци бетер од Дојран , корне на канализација а љубезноста на тамошните трговци едноставно да не им си во очи дека си од Македонија ќе ти качат цени нема да те услужат и што уште не. Во вистинска смисла тотална утка и да првпат ми се случи во вилата каде што бевме сместени да не се чистат собите за време на престојот. Катастрофа.
Која е вилата ако се иде да не се иде тамѕ ? Преку агенција беше или сам си организираше ?
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Која е вилата ако се иде да не се иде тамѕ ? Преку агенција беше или сам си организираше ?
Вилата се вика Сохо таму не сместија од Стаф/Ескејп. Општо не сум задоволен од Крф не ти препорачувам да одиш.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Вреди преку тоа Ескејп да се иде на Ипсос? Онака за чил одмор 7 дена?
 
A

Avenger99

Гостин
Истото ме интересира
Бев јас, 94 евра повратен билет, една кола со двајца возрасни патници.
Ќе пишам подолга рецензија деновиве кога ќе сум послободен за Ипсос и општо за Крф.
 
B

Beck's

Гостин
Бев јас, 94 евра повратен билет, една кола со двајца возрасни патници.
Ќе пишам подолга рецензија деновиве кога ќе сум послободен за Ипсос и општо за Крф.
Пиши ми и на порака опши импресии пошто планирам да одам наредна недела
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас сум бил 2 пати на Крф, пред 3-4 години, а цените на траектите се „лотарија“. Знае да има попусти, па поевтино да фати. Газдите кај што престојувавме ни станаа одлични пријатели, па нивниот син ни набави билет за „назад“ за 20 евра, на одење плативме „изгор“.. преку 50-60 евра.
Ако одите со кола, мој совет е да одите од Игуменица до Лефкими со траект (тоа долу на островот). Ем поевтино е, ем побрзо се стигнува, а потоа со колата да си отидете до каде што сакате.
 
A

Avenger99

Гостин
Значи вака, отидов на 30.07 до 06.08 месец со сопствен превоз преку граничен премин Меџитлија. На граница бев кај 5 саат сабајле и гужва немаше многу, за пола саат поминавме граница. Од меџитлија се движевме некои 80-90 км до Козани, од каде се врти десно за Јанина и Игуменица. Од Козани па се до Игуменица е автопат некои 250 км, автопатот е одличен, има преку 40 тунели во еден правец, и има 2 патарини кои чинат по 2.4 евра.
13978231_10210944379472422_2092568966_o.jpg 14012484_10210944379512423_256929776_o.jpg 14012409_10210944379432421_1818650415_o.jpg

Од Игуменица, само што ќе влезете во градот се врти десно и не одете на првото пристаниште бидејќи тоа е за товарни бродови, после кружниот тек се врти лево и тука си одма. Плативме 94 евра повратен правец од Игуменица до Керкира за автомобил и двајца возрасни патници. Возењето трае саат и пол до 2 саати, внатре во бродот има и ресторан, од кога ќе ве наместат долу со колите, понесете со вас се што ви треба бидејќи ќе ве залепат со останатите коли како сардини.
14001912_10210944442553999_2061341098_o.jpg
13956820_10210944442914008_193798190_n.jpg

По пристигнување во градот Крф( Керкира) на семафорот се врти десно има знак Гувиа, бидејќи јас бев сместен во Ипсос. За сите кои ќе бидат сместени во Ипсос, возите само право, патиштата низ Крф се одлични, на последниот семафор имате табла Палеокастрица право а Дасиа десно, вртите десно и веднаш после Дасиа доаѓа Ипсос.
Ипсос е место каде што се претежно млади луѓе, 80% се Италјани( ќе ги познаете по бесните фризури), нешто малце Срби и наши. Внимавајте, се возат доста веспи и скутери од нивна страна, претицуваат све и свашта да не чукнете некој.
Ипсос како место е ок, плажата по мене не е лоша, лежалка со пијалок( кафе, вода, сок) е 2.5 евра.
IMG_20160803_164332.jpg
IMG_20160803_174542.jpg
За јадење, онаму каде што пробав најдобро е во Папагалос, имаат добра услуга и најголема гужва е таму. Пита гиро е 2.4 евра, голема пита гиро е 4 евра а екстра голема е 4.8 евра. Папагалос се наоѓа веднаш до најголемата дискотека Монтекристо. За маркети имате на влезот во Гувиа Лидл меѓутоа далеку е за секојдневно одење а во Ипсос има АБ маркет кој е со солидни цени и снабденост.
Ноќниот живот во Ипсос не е лош, најдобра дискотека дефинитивно е Монтекристо, влез е 10 евра со пијачка, внатре е полно со Италјани. Избегавајте ја дискотека Хавана, не е лошо и во Мохито, али ако веќе излегувате, одете во Монтекристо, голема е, поделена во 3 дела.
IMG_20160801_020838_HHT.jpg IMG_20160731_013615_HHT.jpg
 
A

Avenger99

Гостин
Од плажите што ги посетив и вредат да се посетат:
Плажа Барбати, на 5км северно од Ипсос, не е песочна ама и не е лоша, има гужва,лежалк тешко после 1 часот, малце ќе се помачите и со паркинг ако сте со сопствена кола. Цените се стандард, 2.5 евра лежалка со пијалок.
IMG_20160731_144054.jpg
IMG_20160731_144057.jpg IMG_20160731_160510.jpg

Плажа Палеокастрица, плажата е скапичка, меѓутоа вреди да се посети, има некои 22 км од Ипсос, делува како залив, дува невероватно многу ветар, и водата за разлика од другите плажи е поладна. 2 лежалки и чадор чинат 8 евра, многу мал дел од плажата е покриен со лежалки така да ако сакате ќе мора околу 10 да сте веќе таму. Ако можете изнајмете кајак IMG_20160802_121557.jpg кој чини 7 евра за 1 час за двајца, да осетите адреналин на ветерот :D
IMG_20160802_113606.jpg IMG_20160802_113615.jpg
Плажа Глифада
исто некои 20 км од Ипсос, една од најдобрите, претежно млада популација, доста топ лес девојки :D Исто доста скапа плажа, лежалките чинат 8 евра без пијалок, а и јадењето и пијачките од барот се скапички, 5 евра хамбургер, 4 евра точено пиво 0.5 литри. Мора да се посети, нема ветер, целосно песочна и плитка плажа, водата топла.
IMG_20160804_110308.jpg

IMG_20160804_105754.jpg
IMG_20160804_110146.jpg
Плажа Агио Гордиос
25 км од Ипсос, за мене најдобрата плажа, песочна, евтини лежалки, топла вода. IMG_20160805_150851.jpg
IMG_20160805_154558.jpg
IMG_20160805_154722_HHT.jpg

 
A

Avenger99

Гостин
Останати места што вреди да се посетат:
Сидари и каналот на љубовта, ова се наоѓа најсеверно на островот, некои 20 тина километри од Ипсос.
IMG_20160803_195142_HHT.jpg IMG_20160803_195004.jpg
IMG_20160803_200144.jpg
Доколку јадете во Сидари, обавезно одете во Пицерија Наполи, веднаш штом ќе се спуштите од каналот, од лева страна има знаци. Неверојатна услуга и храна и за крај ќе добиете и изненадување од куќата :)

Акваленд, обавезно да се посети, 27 евра влез за цел ден, голем е многу убав, малце ќе се помачите да го најдете, ама вреди.
IMG_20160801_110710.jpg
IMG_20160801_120117.jpg
IMG_20160801_105236.jpg

Кавос :D тука тешко се опишува. Има некои 70 км од Ипсос или саат и 15 минути возење, кога ќе стигнете гледате Полиција и болнички како свират :D Ноќните клубови неможат да се избројат, многу се, врие Англичани и Американци, јас сретнав и доста срби. Вреди да се посети една вечер.
IMG_20160803_033023_HHT.jpg
IMG_20160803_033523_HHT.jpg
IMG_20160803_033608_HHT.jpg

Градот Крф. Искрено се заљубив во градов, тесни улички, чисто, многу убаво. Немавме многу време целосно да го посетиме, а и не е мал, во градот навечер е неверојатна гужва, паркинг тешко да најдете, подобро малце подалеку од центарот и платете си паркинг, бидејќи има доста полиција, која пишува казни. Вреди и да се посети тврдината, навечер беше бесплатен влез.
IMG_20160805_225115_HHT.jpg
IMG_20160805_224706.jpg
IMG_20160805_233418_HHT.jpg [DOUBLEPOST=1470948245][/DOUBLEPOST]Сума сумарум, за мене Крф е едно пријатно изненадување. Островот не е голем а нуди толку многу работи што вреди да се посетат, можда е малце поскап, али вреди во секој случај. Се на све, потрошив некои 500+ евра за све и ич не жалам, кога би можел би одел повторно. :)
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Како е за превоз ако не идеш со кола а си сместен во Ипсос? Гледам дека има Зелен и Плав автобус. Добро ли се организирани ? Некој совет за да не се плаќаат вишок дупли карти ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom