Aбе кој денес го интересираат народни приказни и како биле некогаш животот и случувањата. Поминаа времињата кога македонските народни приказни палеа и добро проаѓаа кај гледачите. Денес кога е во голема брзина развојт на технологијата овие нашиве телевизии уште снимаат македонски народни приказни со содржина од пред господ знае која доба.Вчера случајно затекнав една од овие новите народни приказни на Канал 5. Катастрофа! Ај што глумата е вештачка и неубедлива, туку гледам прават и римејкови на старите добри приказни со Колозови, Гоце и Ванчо. Како бе дираат таква класика, испаѓаат патетични со ова. Замисли си растел со овие приказни и на памет знаеш некои реплики, и сега ја гледаш истата приказна со други актери и со скоро идентичен дијалог. Страшно мрзлива работа...