Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Хепта,
како да го разбереме новиот еон, кога во него нема ништо ново, туку све е старо и веќе видено?
Според тоа што си заглавен премногу во стариот еон, во обожување на Иса, не верувам дека може да видиш нешто ново ниту да направиш правилна анализа на новиот еон..

Новиот еон смени многу во свеста на човештвото, но не може да смени на пример во него човекот да дише јаглерод моноксид наместо кислород...
Ако за тоа ме обвинуваш мене како Телемит дека се е „по старо“ - гледам само христијанска омраза кон она што го чувствува како закана... а ние сме закана за вас и потикнувачи на големиот страв од „крајот на времињата“ :)
 
Според тоа што си заглавен премногу во стариот еон, во обожување на Иса, не верувам дека може да видиш нешто ново ниту да направиш правилна анализа на новиот еон..

А бе остај ме ти мене и врати се на моето прашање.
 
А бе остај ме ти мене и врати се на моето прашање.
Ти го поставуваш прашањето, мора и тебе да те анализирам за да можам да ти кажам каде грешиш во однос на тоа што прашуваш, бидејќи не разбираш.

Одговорено: новиот еон смени многу, но не може да смени суштински работи за човекот што ги изградил преку работа врз себе си за да најдобро се развие во она што е денес...

На пример новиот еон го смени богот кој што седи на тронот на Истокот.
Од таму започнува се...

Иса и Асар се едно, но Асар е обожувач, Иса како и обично, страдалник како што беше и стариот еон и целиот концепт на страдање на оние „бедни по дух“.
Денес нема бедни по дух и тие да се пред способните и храбрите и силните... Богот во новиот еон не бара бедни по дух, тоа е исто така голема промена...

Бегај и ти и твојата греовност... чувај си за во душата целата грешност кон умирачките богови и во пекол заедно со нив.

Нема место за гревот во новиот еон. Зборот на Гревот е ограничуавње.
Остани ограничен и беден по дух и да - надевај се.
Пола вера е надевање во стариот еон.

П.С. Биди задоволен што всушност те сметам за жив на форумов, а не да ми зборуваш како твоето прашање е неодговорено...
Не е одговорено и нема да биде одговорено бидејќи си христијанин, обожувач на смрт, кукавица, богоборец кој што подржува робство и страв. Тоа го нема во новиот еон.
Затоа не гледаш одговор на твоите прашања, кои се базираат на тотално непознавање на Законот на Телема како и чудната потреба да се криеш во стариот еон каде што Иса е големиот иницијатор на стариот еон.
 
Последно уредено:
Ти го поставуваш прашањето, мора и тебе да те анализирам за да можам да ти кажам каде грешиш во однос на тоа што прашуваш, бидејќи не разбираш.

:pos:

Откако сам себе се изанализира, сега ти преостануе уш‘е мене да ме анализираш...

Туку, дај врати се на прашањето.[DOUBLEPOST=1470744653][/DOUBLEPOST]
Нема место за гревот во новиот еон.

Од кога памфлетот снана вистина?
 
:pos:

Откако сам себе се изанализира, сега ти преостануе уш‘е мене да ме анализираш...

Туку, дај врати се на прашањето.
И тоа што викаш, за да не ме заморуваш, ете одговор на прашањето од страна на Fra. Achad, а јас нема да ти кажам ништо подобро од ова. Целиот текст може да го најдете на овој линк од официјалната страница на О.Т.О. Македонија, а тука следува мал извадок:

„Вие знаете колку длабоко не импресионираат идеите на Изгревот и Заоѓањето на Сонцето и како нашите древни браќа, гледајќи дека Сонцето ноќе го снемува и повторно се јавува наутро, ги базираа своите религиозни идеи на тој концепт на Умирачки и Воскреснувачки Бог.

Тоа е централна идеја на религијата на Стариот Еон, но ние не ја оставивме зад себе, иако се чини дека таа е втемелена во Природата ( а симболите на природата се секогаш вистинити); ние сепак ја надраснавме таа идеја, навидум вистинита во Природата.
Бидејќи е сфатен и овековечен овој голем Ритуал на Жртвување и Смрт, ние преку откритијата на научниците, осознавме дека Сонцето не е тоа што изгрева и заоѓа, туку дека Земјата на која живееме се врти околу себе така што нејзината сенка не двои од Сонцето, за време на она што го нарекуваме ноќ. Сонцето не умира како што мислеа нашите стари браќа; тоа постојано блеска, секогаш ја шири Светлината и Животот. Застанете за миг и создадете си јасна претстава на тоа Сонце, како блеска наутро, блеска напладне, блеска навечер и блеска ноќе. Ја имате ли таа идеја јасно во главата? Преминавте од Стариот во Новиот Еон.“

--- Нов Еон, fra. Achad

P.S. Ако и сега некој не гледате одговор (може да не се сложува со огдоворот, но тоа е друго), мора да побарате книги во кои се зборува за философијата на Телема и да направите компарација, сето друго е залудност.

П.П.С Сликовита разлика од стар и нов еон:
13900088_10154425831329252_450206079113216711_n.jpg
 
„Вие знаете колку длабоко не импресионираат идеите на Изгревот и Заоѓањето на Сонцето и како нашите древни браќа, гледајќи дека Сонцето ноќе го снемува и повторно се јавува наутро, ги базираа своите религиозни идеи на тој концепт на Умирачки и Воскреснувачки Бог.

Тоа е централна идеја на религијата на Стариот Еон,

13900088_10154425831329252_450206079113216711_n.jpg

Хепта бе,

па Црквата не верува во предмети-богови-идоли, туку во живиот и предвечен Бог. Кому му продаваш прикаски за нечие заостанато верување, кога тргнуваш од погрешна почетна претпоставка, од која, логично, извлекуваш погрешни заклучоци за нечија староеонска вера?

И дај конечно, кога ќе ти стане јасно дека целата Телема не е ништо ново, туку све во неа е старо и веќе познато?...
 
Твојата црква е мртвило за духот, не е ок да ја продаваш како курва на секој.
Чувај си ја за себе си, не ја продавај на Телемит таа идеја од стариот еон, не ми е компатибилен тој еон со моето постоење...

Кај запна и ти, кај се запусти мене да ми зборуваш за „живиот ти бог“ кој што ти ја всади идејата дека си „беден по дух“, дека си грешен и дека ќе умреш ако не веруваш... :)
Да сакав да црпам знаење од стариот еон, поревносно ќе го изучував еврејскиот мистицизам и учење, а не христијанството и неговото секташко упропастување на еврејскиот закон...

Те турка насила тој бог во бездна... џабе проповеди, кога не ти чини верата во пракса. Бидејќи е само вера...

„Поништени се сите ритуали, сите искушенија, сите зборови и знаци. Ра-Хоор-Куит го зазеде своето седиште на Исток за време на Рамноденицата на Боговите; и нека Асар биде со Иса, кои исто така се едно. Но тие не се од мене. Нека Асар биде обожувател, Иса страдалник; Хоор во неговото тајно име и сјај е Господ што иницира.“
--- Книга на Законот, I:49

P.S. Пробај ги праксите, пробај ја Телемата - види дали се е познато. :)
Мислам, ако може да излезеш од вртлогот наречен христијанство.
 
Чувај си ја за себе си, не ја продавај на Телемит таа идеја од стариот еон, не ми е компатибилен тој еон со моето постоење...

Идејата за стариот еон токму ти и твоите ја продавате, ама запакувана под модерна амбалажа, која (амбалажа) ѓоамити треба даја прикаже Телемата како тазе религија.

Прочитани сте одамна...
 
Телемата не е нова религија...
Еонот е нов.
Законот на Телема е закон на Новиот Еон.

Која е философијата на Телема, @MIKI1 и како тоа е „во нова амбалажа на старо учење“?
Како стариот еон е ист со новиот, според твоето разбирање и знаење? :)
Сигурно ти како христијанин повеќе знаеш за Телема од мене... :LOL:
 
Последно уредено:
Хепта бе,

па Црквата не верува во предмети-богови-идоли, туку во живиот и предвечен Бог. Кому му продаваш прикаски за нечие заостанато верување, кога тргнуваш од погрешна почетна претпоставка, од која, логично, извлекуваш погрешни заклучоци за нечија староеонска вера?

И дај конечно, кога ќе ти стане јасно дека целата Телема не е ништо ново, туку све во неа е старо и веќе познато?...

@MIKI1 црквата не верува во предмети, ама на тие предмети се поклонува секој христијанин и става паричка на нив ги целува и милува, дури ги споделува на фејсбук за среќа.
Црквата верува во слаткоречивите зборови на Јован Златоуст, Роуз, Пајсиј Светогорец и остали, црквата верува во она што го вели Пајсиј, дека човек треба да се чува од сексуалните искушенија и дури ако е во брак, да внимава на тоа да нема редовен секс. Е, во тоа е проблемот на стариот еон... Кај католиците свештениците не се оженети и немаат деца, а тие учат како треба да се биде со жена и како да се воспитуваат децата, истото е и со православието, некој квази монах кои што никогаш немал ниту жена ниту дете во своите книги пишува за тоа како треба да функционира еден брак и како и колку пати треба да се има секс.

Гледаш колку е провидна разликата во стариот и Новиот Еон, човекот и така има еден куп искушенија и тешкотии за да ги надмине денес, не му требаат дополнителни црни правила создадени од некој што никогаш ги нема играно. ;)

А вака може ли?

998798_390154047783747_886152328_n.jpg
 
И бидејќи толку е моќта на стариот еон и неговите „активисти-верници“, да се вратиме на нашата тема за Телема и се што носи со себе тој Закон за развивање на Човештвото до крајни граници...

На овој [ линк ] ќе го најдете едно од изданијата на Телемитскиот весник „Тринк“ (кој што се издава интерно, за членови на Редот) на О.Т.О. Оазата „Трину“ од Прилеп.

Ова издание го содржи Коментарот D на „Книгата на Законот“ па може да го погледнете, нормално, на коленици „Книгата на Законот“ и читајте :)

Исто така има еден есеј за Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм, нешто за Мантра Јога, Хата Јога... за секој по нешто.
 
Последно уредено:
Falsehood is but a function of the conditions of Time and Space, and the idea of evil comes only from perceiving the oppositions which are transcended by Truth. So each thing that is hath its root in Necessity; were the least of these lost, the whole Work should be marred.

The Hearth of the Master
 
93 пријатели :)

Бидејќи во Liber AL vel Legis svb figura CCXX се запишани овие стихови:

„Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.

Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
Смртта е за пците.“
--- Книга на Законот, II:34-45

Да ве потсетам дека на на 12 август, далечната 1903, Алистер Кроули ја зема за жена Роуз Кели, жената преку која ќе дојде Новиот Еон, првата ноќ на Пророкот со неговата Невеста!
Розата на Светот, како што ќе ја нарече Кроули, е предвесникот на Новиот Еон.




93 93/93
 
Последно уредено:
Излезе нов број на весникот „Самек“, е-весник на Secret Fire Оазата во Скопје.
Слободно читнете го... овој пат, за Жената!
 
Денес така оди тоа, нема оправдување „богот ми рече“, „имам мисија на Земјата да ги спасам сите од ѓаоло“ и останати оправдувања кога ќе забега човек :)

734607_276064095859410_423640127_n.jpg
[DOUBLEPOST=1471264853][/DOUBLEPOST]
„Јас сум сам: нема Бог каде што сум јас“

--- Liber אל vel Legis svb figura CCXX

Краток коментар на стихот од страна на Големиот Ѕвер:

„Атеизмот на Бог.
'Алах е атеист! Toj нема свој Алах.' - Bagh i Muattar.
Да се признае Бог значи да се почитува неговата положба и според тоа, да не се биде Бог.
Проклетството на дуалноста.“
--- Стар Коментар, 1912
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom