Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што падна коеф на резултати :) Нема зошто да се мести прво коло а се виде и Победа колку може..
 
Многу спремни физички нашиве,како сајли слаби сите ми делуваа ..овие Победа отепани до коска,неможеа шанса да направат додека нашите многу подоминантни во второто полувреме дури ме изненадија искрено...посебно една акција што ја направија Бразилците :drk: ама штета што не влезе за 2-0 иначе ќе имаше масовно свршвање на трибините.

Мајмуните ми делуваа далеку погласни..што се случваше со Чкембарите?..зошто делуваа толку тивко?
А па на малата трибина Мајмуни само 2 пати се слушнаја. :D Фушарски стадион. :D
 
Нека се среќни шо изгубија само 2:0 :D
Можевме уште поубедливо да победиме, реално нема екипа Победа, ако опстанат на коњ се :D
Прво полувреме удар на гол немаја, цело време Пелистер играше, второто 2-3 полушанси и една пречка каде се виде топката дека не оди во гол оти паѓаше топката од горе...

Уште од старт имавме 2 стопостотни шанси за гол, Демир кога нафрли и Петров сам од пред гол го изблокира Крстевски мислам беше, втората шанса па Демир имаше шанса за гол и пак го изблокираја сега другиот штопер...
Второто Бујче излезе сам со голманот, ама беше од косо и се исили и го промаши цел гол, по некоја минута даде гол ама досуден фал во напад (правилно
поништен гол). Тотална доминација на Пелистер, срамота ќе беше да не победевме...

Околу играчите - Тошевски :cuc::cuc::cuc::bravobe:
Гази малиот, сташен десен бек, овај е еден од подобрите десни бекој кој досега играле во Пелистер, секоја чест !:zver:
Овај уште од сега е печен за во репрезентација сениори, синкир овие сега шо играт се појаки од него :D Мора да се задржи на подолг период тука, доста корисен играч...

Ковачев мува не врви назад :D Еден од подобрите штопери во цела лига ! Уште од пред 2 години кога беше тука си газеше, си остана на ниво (y)

Петров исто и тој денес изгази, заедно со Тошевски и Ковачев овие тројца најдобри денес, ќе биди од голема корист и Петров сегде го има низ теренот....

Фернандо, не ме бендиса ништо посебно мене денес, во офанзива е чорба, 600 нафрлувања имаше едно не погоди, сите гол аут ги нафрли, освен акцијата за вториот гол, каде беше најзаслужен за асистенцијата на Бујче воглавно напред изигра слабо, за разлика пак во дефанзива е добар, брз е се труди, не се умори цело време трчаше, ама во напад не е толку корисен отколку во дефанзива....

За Лукас Гоијано, прв контакт и гол :D Треба ваков играч, џокер од клупата, гол играч е, ќе се снајди во нашата лига...
 
Од некој слушнав дека била местена.
Која местена бе братче :D
Победа имаа шанса 89,90-та минута со глава Пашето сам не знае како искочи и одбрани или сакаш да кажеш дека намерно у него шутираше? :D Ја глеав на стрим зашо од Скопје сум, чим ја ти признавам дека си ги плеснаа заслужено знај дека е така.
Со среќа понатаму.
 
Да не се заборај, на 0:0 поништен чист гол за нас од копилето Мечкаровски, страничниот не крева офсајд зато шо не беше, топката голманот сам ја испушта а овај суди фаул демек Бујче му ја шутнал од раце.
Крвта да ти ја ебам мечкар ако читаш толку те мразам колку шо си тежок свињо една скапана неќам да те видам на утакмици на Пелистер.
 
Честито победа !

Го гледам составот Кристијан Тошевски, Бени Демир, Филип Петров, Бујчевски и викам чекај чекааај што се дешава ?? :) значи Блашко си ги прибра најдобрите.. :D

иначе Кристијан Тошевски е најдобар десен бек у Македонија тоа можем да го потпишем со 2 руке ! Од дете е у Тетекс а на 18 године имаше понуда од Хајдук ама имаше повреда и остана у Тетекс сте зеле играч злато вреден

и Бени Демир исто добар и борбен играч ќе ви биде од корист

Петров и Бујчевски не ми остаеја некој впечаток во Тетекс играја само 1 сезона ама не беа нешто нај нај :D

Поздрав
 
Супер беше... А за утакмицата имам само еден коментар со број 3 Кристијан Тошески! Детето не застана од трчање 90 минути
 
Победа дупка,аууу не ми се верваше дека толку се слаби.
Ете која е разликата помеѓу априлскиот состав на Пелистер кој беше збришан на нивата во Новаци од истата оваа Победа,и Пелистер со Речиси 80%нови играчи во првиот тим.
Иако појќе сакам составот да е само од наши деца,сепак како шо оди работата најверојатно товарот ќе го изнесат "стрејнџерите",и реално делат од староседелците.
Ако не се лажам,само Близнако,Пашето и Бацката беа од ланскиот состав во тимот,разликата е очигледна.
Посебно се виде со Тошевски и Петров,и секако Ковачев:bravobe:
Најслаб на теренот Љамче,аман бе дете,толку години тренирање и не се научи како да влези во дуел,па вчера како мал фудбал да играше,сите дуели,или речиси сите ги изгуби.
Освен тие "random smart"додавања шо одвреме на време ги прај,никаква корист неаме од детево.
Има потенцијал,долги нозе,брз прв чекор за да си ги претрчва лесно душманите,арно ама нема стабилност и контрола на топка,а му излези некој пред него му ја остава топката.
Ептен ме разочара,знам дека можи појќе,ама треба некој да работи со него,да му ја подобри таа дуел игра,да не губи топка штом му се приближи играч на 1 метро:shook:.
Ама кој да го научи :tapp:

Во овие детали се гледа шо тим сме,можи со Победа ќе издоминираме оти стварно ти биле ептен слаби,според мене прв кандидат за рикверц во втора лига.
Ама со појјаки екипи тешко вака ќе пробиваме.
При пробивите на некој од крилата,во случајот Тошевски во прво при една ситуација.
Се си прај убо детето,буши по десна страна,простор колку сакаш да се отвори ако се изиграше ко шо треба,
Бега Тошевски на средина,и Бујче беше на средина негде,и шо прај ?
Наместо да бега по страна ЛЕВО/ДЕСНО и да трча паралелно со него по страна и да му навлечи чоек и да му ослободи простор за уште појќе да ПЕНЕТРИРА ТОШЕВСКИ овај како со Магнет некој му влегва во Тошевски:shook: во линија на движење:facepalm:,наместо да се движи накај голот овај се враќа назад и оди накај Тошевски:facepalm:и му носи уште играчи.
Колку ветувачка акција беше.
Во овие мали детали се гледа екипата,не е само нека трчат,и шибај топки.

Не можи бе со долги додавања да се игра а играчите се на 20ина метра раздалеченост:pos:,шо игра е ова жити се?:facepalm:
Па една топка не помина,освен тој центар шутот на Тошевски за голот на Ѓупако,кој си беше од нормална далечина,се друго беше изгубена топка.
И дури игравме така лесно не решаваја штоперите на Победа,и арно шо падна тој голот и го сцрти текот на мечот,иначе ништо немаше да напрајме.
Во појќе ситуации играч имат на 10 метра до нив слободен играч,имаме вишок во тој дел од теренот,,овие одат со некој мини дијагонали и ги губеа лесно топките.
Посебно ова го праеше Ристе Маркоски,ептен нервоза внесе дечкото од ко влезе,доста несигурен беше,непотребно ја држеше топката,нелогични високи топки до крила,префрлање на средина,за малце ќе ебеше една топка на средина и ќе отвореше чиста контра за Победа,од ко падна првиот гол малце се поопушти.
Повреден бил нешто,со рамото,можи зато така изигра..
Мора да се подобрат овие работи со Брегалница,со овие не ми се верва лесно да поминиме како со комшиите.
Мора да се подобри играта,да се надеваме дека ќе има некои корекции,сепак прв меч беше,трема,притисок,тешко време беше за игра.
 
Јас се чудам зошто Демир го извади на полувреме, доста добро изигра на левата страна, тој играчот на Победа шо го чуваше го искина од дриблање, безвеза го извади детето, а од таа страна имавме пробиви и шо напрај, го внеси во игра Иве, тотално ја забави таа страна, Демир за Иве е Усеин Болт, нелогична замена во секој случај, ај кладе напаѓач ама Иве си продолжи да игра како крило на местото на Демир, а Бујче и натаму беше сам шпиц се до влегувањето на Лукас :Кезец:
Љамче, првото изигра доста солидно, добар беше, второто беше слаб, има некој потег во него во тие долги нозе, ама од месечина да ја гледаш утакмицата ќе видиш дека неможи да изигра 90 минути и зато излезе од игра второто, кондицијата е главен проблем кај него, иначе за од клупа да влези, да сочува топка, на кратки додавања е добар, а вака да игра прва, автоматски губиш една замена на него оти 70та мин. му паѓа газот :D Ама тоа е мора да игра ВНУЧЕТО :kezec:

Близнакот назад ни е бавен, за разлика од него Ковачев во секој поглед е посигурен и постабилен од него, има и брзина Мартин, а за високи топки немам збор, како магнет сите топки на негова глава :D
Една ќе ја ебеше близнакот, кога несигурно исфрли во корнер, ќе не кошташе гол тој кикс, ама пак замената Бојовиќ исти кур ти е, иста возраст се и тој нема брзина, поарно нека игра близнакот барем битолчанец е, се надевам ќе биди посигурен на следните утакмици, со тоа што би биле уште подобри во одбрана....

Некои слики од дронот:
2mfm839.jpg

23wl16v.jpg
 
Кај Демир веројатно се работеше за некоја повреда, па неќеше да ризикува Љамче, претпоставувам. Иначе Демир, заедно со Тошевски и Петров најдобри во првото, овие двајцата си продолжија и во второто. Се зачудив од Петров со спринтот шо го напрај негде кон крајот, доста подготвен физички.

Се на се, има секако простор за подобрување, ама одлична игра прикажа Пелистер вчера. Стартот како старт е секогаш важен, ама мора да се има некој континуитет на позитивни резултати, шо секако и се очекува од нив.
 
Надвор од кафезо до оградата имаше група на навивачи! Фракција или?
 
Надвор од кафезо до оградата имаше група на навивачи! Фракција или?
Del od veterani poranesni clenovi i od vreme na vreme se uklucuvaa vo navivanjeto nema kaj nas frakcii i podelbi [emoji6]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom