Конфликтот во Сирија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
После пет дена на џихадистичка офанзива, исламистите се многу блиску до остварување на својата цел пробивање на блокадата на источниот дел од Алепо.
Утрово Џаиш Фатах и останата муџахединска избљувотина ја зазедоа артилериската школа и сега од нивните соборци на другата страна ги делат само еден километар од квартот Рамуза.

Untitled.jpg

Сириската армија е принудена да го затвори патот по кој се снабдуваше Алепо, и сега по него се движат само армиски возила и засилувања. Во овој момент може да се каже дека Алепо е целосно опсаден град.

Наредните часови и ден-два ќе бидат клучни за исходот на оваа битка бидејќи и двете страни се чини дека се на крај на своите можности.

На другата страна СДФ успеа речиси целосно да го ослободи Манбиџ од ИСИС. Преку 90% од градот е ослободен, а уште неколку групи борци на ИСИС се опсадени во самото централно подрачје.

13938482_1792720977678357_8414095247403887474_n.png
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.853
Да за жал е вистина, но треба да се почека малку, исламистите досега имаат над 1000 жртви, земале 2-3 километра им останува помалку од километар за да го пробијат обрачот, но од друга страна сириската држава и ИСИС не се рамни, ИСИС немаат авијација, така да не ми е јасно како ќе го заштитат овој коридор.
Сето ова ми изгледа како шведска маса за ликвидација на терористи, кога ќе загинат уште 2-3 илјади терористи може и да се повлечат, коридорот е тесен, нема цивилно население да се кријат позади него, така да мислам дека нема да успејат, се разбира шефовите на ИСИС- САД и ЕУ ќе пробаат да издејствуваат хуманитарен коридор, примирје, се со цел да го задржат коридорот.
 
Велиш вашиот сојузникот Ердоган намерно ги праќа терористите кај нивните девици затоа што им е налутен за расипувањето на дружбата со Путин?
Патем, ова не е ИСИС, туку Ал-Каеда и интернационални формации на терористи финансирани од Саудиска Арабија и Катар, а поддржани на терен од Турција.
 
K

kaiser soze

Гостин
Како што разбрав, обрачот од САА на Алепо е разбиен, со завземањето на Рамуза и патот за дотур до западно Алепо.
Во Манбиџ пак, се чистат останати мали упоришта на ИСИС.Истотака, експлозивни направи има многу, како и терористи помеѓу цивилите кои се обидуваат да избегаат од градот.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Како што разбрав, обрачот од САА на Алепо е разбиен, со завземањето на Рамуза и патот за дотур до западно Алепо.
Во Манбиџ пак, се чистат останати мали упоришта на ИСИС.Истотака, експлозивни направи има многу, како и терористи помеѓу цивилите кои се обидуваат да избегаат од градот.
Ова е чист пораз за Асад и армијата. Без разлика како ќе се одвиваат понатаму нештата, на најавена офанзива да падне одбраната за пет дена на таков важен дел, значи дека нешто сериозно треба да се менува во приодот кон војната од страна на армиските структури. Не може војната да ја извојуваат Хезболах, ирачките шиитски милиции и иранските и афганистански доброволци. Се додека армијата не инкорпорира поголем број на професионално подготвени формации и не ги проценува и координира подобро активностите не можат да се надеваат на ништо подобро. Вака само бегаат како муви без глави. Точно дека е важно да се зачува човечкиот потенцијал, но ако не се искористи џабе е.
Особено во вакви услови кога противникот има многу силна логистичка поддршка од Западот и УСА.

Патем руските бомбардери не беа нешто многу активни вчера во Алепо. Би сакал да го прашам Бачето дали сега е повеќе за Ердоган или за Асад? Или како ќе кажат од Москва, така.. )))

Ќе биде интересно како сега меѓународната "хуманитарна" заедница ќе биде загрижена за стотиците илјади про-владини поддржувачи кои се од денес под опсада?? А уште поважно од ова е прашањето дали САД сега ќе ја прифатат како сојузник Ал-Каеда во Сирија??
 
Да изгледа дека терористите се поврзале и го направиле коридорот, пораз е за Асад, но во секоја војна има и порази. Колку до големите стратези како Каран, на еден фронт со големина илјада километри неможеш секаде да го заштитиш од пробив, во секој случај противникот може да собере 5-10 илјади и да направи офанзива за било кое место, се разбира дека важни и тесни коридори треба да се заштитат повеќе, но неможеш да држиш 5000 војска таму. Слични такви ризични места има десетина и нема да ти стигне целата армија да ги осигуриш.
Од друга страна терористите се очајни, опкружени и имаа големо количество од редот на триесетина илјади во Алепо, така да пред капитулацијата е нормално да пробаат пробив. Мислам дека овој коридор ќе е привремен само да се повлечат од Алепо, може и сето ова да е во договор со Асад, да им остави коридор да се повлечат 'чесно'.
Колку до вашето прашање, од почетокот на војната сум за Асад, бев против Ердоган но луѓето и политиката се мењаат, уште пред пучот Ердоган разбра дека САД и таа војна во Сирија ќе му ја запалат и неговата куќа. После смената на Давутоглу започна да ги нормализира односите со Асад, има пратено и луѓе од разузнавањето на тајни средби во Дамаск. После пучот по секоја цена ќе гледа да ја стабилизира Сирија, не му требаат тие стотина километри сириска територија кој му беа обеќани од САД, но таква смена неможе да стане преку ноќ, сепак 5 години беше сојузник на САД, ЕУ, ИСИС против сириската држава, на ИСИС полека ќе им откаже логистика, нема да ги лечи во Турска, нема да им дава оружје, пари, храна, нема да може да ја поминуваат границата кај сакаат и кога сакаат. Веќе е почнат тој процес, прво ги отстранува Ѓуленистите од армијата, полицијата, царината, но не само тие а и многу други дејствувале на страната на ИСИС по убедување, вклучително и Ердоган, така да треба време да свикнат дека грешеле и ако сакаат да ја сочуваат Турска ќе треба да се со Асад.
 
K

kaiser soze

Гостин
Ова е чист пораз за Асад и армијата. Без разлика како ќе се одвиваат понатаму нештата, на најавена офанзива да падне одбраната за пет дена на таков важен дел, значи дека нешто сериозно треба да се менува во приодот кон војната од страна на армиските структури. Не може војната да ја извојуваат Хезболах, ирачките шиитски милиции и иранските и афганистански доброволци. Се додека армијата не инкорпорира поголем број на професионално подготвени формации и не ги проценува и координира подобро активностите не можат да се надеваат на ништо подобро. Вака само бегаат како муви без глави. Точно дека е важно да се зачува човечкиот потенцијал, но ако не се искористи џабе е.
Особено во вакви услови кога противникот има многу силна логистичка поддршка од Западот и УСА.

Патем руските бомбардери не беа нешто многу активни вчера во Алепо. Би сакал да го прашам Бачето дали сега е повеќе за Ердоган или за Асад? Или како ќе кажат од Москва, така.. )))

Ќе биде интересно како сега меѓународната "хуманитарна" заедница ќе биде загрижена за стотиците илјади про-владини поддржувачи кои се од денес под опсада?? А уште поважно од ова е прашањето дали САД сега ќе ја прифатат како сојузник Ал-Каеда во Сирија??
Гледајќи ги во неколку наврати како реагираат и дејствуваат армијата, НДФ и останатите, делуваат скоро како вистински аматери.Џихадистиве со две возила со бомбаши самоубијци ги разбиваат, овие во паника веќе не знаат кај терат.Поддршката од воздух не е на ниво, можам да кажам оти во вакви случаи ЈПГ имаше многу посоодветна помош од америте.ИСИС ја користеше релативно сличната тактика во Кобани, само што беа многу подобро вооружени, ама ЈПГ далеку подобро се справуваше од тоа што го гледам сега од САА.Плус координацијата со воздух беше одлична, на толку мал простор одлично се дејствуваше.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ова е чист пораз за Асад и армијата. Без разлика како ќе се одвиваат понатаму нештата, на најавена офанзива да падне одбраната за пет дена на таков важен дел, значи дека нешто сериозно треба да се менува во приодот кон војната од страна на армиските структури. Не може војната да ја извојуваат Хезболах, ирачките шиитски милиции и иранските и афганистански доброволци. Се додека армијата не инкорпорира поголем број на професионално подготвени формации и не ги проценува и координира подобро активностите не можат да се надеваат на ништо подобро. Вака само бегаат како муви без глави. Точно дека е важно да се зачува човечкиот потенцијал, но ако не се искористи џабе е.
Особено во вакви услови кога противникот има многу силна логистичка поддршка од Западот и УСА.

Патем руските бомбардери не беа нешто многу активни вчера во Алепо. Би сакал да го прашам Бачето дали сега е повеќе за Ердоган или за Асад? Или како ќе кажат од Москва, така.. )))

Ќе биде интересно како сега меѓународната "хуманитарна" заедница ќе биде загрижена за стотиците илјади про-владини поддржувачи кои се од денес под опсада?? А уште поважно од ова е прашањето дали САД сега ќе ја прифатат како сојузник Ал-Каеда во Сирија??
Од војничка страна сеуште не можи да се наречи „чист пораз“, но во голема мера зависи како ќе влијае на моралот како и моралот кај непријателот. Од воена страна однапред беше очекувано дека многу тешко е да се брани така танка линија, простор со кој армијата го опколуваше Алепо. Ал-каеда и компани главниот пробив го извршија со самоубиствените возила наполнети со огромна количина на експлозив. Без тоа немаше да успеат. Досега во историјата на војување никогаш не добила војна силата која користи самоубиствени методи, вклучувајќи не и нас македонците во времето на комитството.
Не знам можеби не се разбирам, но досега терористичките банди ја уништуваа сириската војска со разштркани сили раководени од независни командни штабови кои напаѓаа од разни места и армијата не можеше секаде да стигни. Ако армијата ослободува едно место и успее да го заземи, терористичките банди бараа слабо место и удираа на друга страна. Така што сириската војска мораше бавно и внимателно да напредува и при секое истрчување трпеше во споредба со непријателот големи загуби во опрема и луѓе. Сега разштрканите терористички банди се збија и ќе мораат да се борат со збиени редови поради влогот што го внесоа во битката за Алепо. Руското воздухопловство освен во почетокот, во најкритичните борби последниве 2 дена беше необично тивко. Велат поради потребата да задоволи барања и претходни договори со разни страни, пред се израелците во однос на Хезболах. Но можеби и поради ова кое погоре го опишав.
Но ќе видиме како ќе се одвива понатамошната борба.
 
Последно уредено:

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Имаше период пред неколку месеци кога се очекуваше исламистите да загубат во Алепо па се потпиша примирје од страна на Русија и САД кога на сите им беше јасно дека нема никаква логика.

Русија во март кажа дека ги постигнала целите и повлече голем дел од авијацијата. Се разбира и воздушната подршка за САА драстично се намали. Русија од март не е активен учесник во сирискиот конфликт така да ништо чудно што исламистите поддржани од САД забележаа успех во кинење на обрачот. Дали ќе биде траен и какви реперкусии ќе има понатаму ќе се види во следните недели.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Главната причина за започнувањето на сириската граѓанска војна.
 
K

Kiko

Гостин
Ne mi se veruva. После 5 години војна САА не успеа да научи основни одбрамбени механизми како поставување жици , мински полиња и припрема на бункери. еднан недела терористиве најавуваа офназива, а овие спиеа. И на крај оставија тони муниција наместо да ја уништат. Кои нубови се САА.
И за памет еве што значи русија да ти биде сојузникк. Значи да те замачка малку у да те остави во најголемите лајна. У пичку матер!
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428

На Русија не и одговара да заврши војната, ќе треба после да се гради Ирански гасовод, вака војната ќе си трае и веројатно нема да има никаков госовод (Ирански, Катарски), дури и кога ќе заврши во некое догледно време.

Друго ако не знаеш, Русите си заминаа од Сирија (официјално, друго е тоа што донесоа повеќе опрема од што си ја вратија),
јас очекувам во септември пак да се вратат оти зимо е нивната сезона на војување.
 
K

Kiko

Гостин
.[DOUBLEPOST=1470693217][/DOUBLEPOST]Мислам дека е време за FOAB.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Снимки од жестоки воздушни напади: Вака изгледа одмаздата на Асад од воздух

08.08.2016 | 15:41
Извор: Точка
Прочитано: 7896 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

Сириските бунтовници кои победоносно објавија дека конечно ја разбиле едномесечната опсада на источниот дел на Алепо, сега се под жесток удар на авионите и хеликоптерите на сириската армија.

Сириската војска објави видео снимки од воздушните напади на позициите на бунтовниците, додека пак од редовите на бунтовничките сили, за западните медиуми тврдат дека провладините сили со поддршка на руското воено воздухопловство, ги напаѓаат со касетни бомби.

Бунтовниците со сите расположливи сили од околу 10 илјади борци тргнаа во општа офанзива која што започна во петокот и успешно го зазедоа големиот воен комплекс Рамусах западно од градот.

Истовремено, бунтовниците ја разбија опсадната линија на сириската армија која што ги спречуваше да се снабдуваат со оружје и нови борци кои што додека градот не беше под опсада, во најголем дел пристигнуваа од Турција.

Сириската армија под команда на претседателот на државата, Башар Ал Асад, веднаш започнала голема контра-офанзива од воздух. Асад има намера да го заземе целиот град кој пред војната беше најразвиен град во Сирија. Моментално Алепо е поделен и голем дел од градот е под контрола на бунтовниците.

Се смета дека токму окупацијата на овој град од бунтовниците „ја одржува во живот“ целата војна, односно кога сирската армија би го ослободила стратешки важниот град Алепо, тогаш тоа веројатно ќе значи конечна победа над бунтовничките сили и би можело да придонесе во ставање на крај на војната.

Се проценува дека во опколениот источен Алепо се наоѓаат од 250 до 300 илјади цивили, кои според Обединетите Нации до средината на август би можеле да останат без храна, пренесува британски „Гардијан“.

Kajgana Shop

На врв Bottom