Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Штом и ја доживеав да барам совети, значи ептен не ми е арно.
Ве молам, помагајте.
Значи, проблемов е следниот: До пред неколку години, не ни сфаќал дека е геј, имал четиригодишна врска со девојка и т.н. и т.н... Разбирам дека кај некои сексуалната ориентација може да се издиференцира многу по пубертетот, и тоа е ОК. Проблемот е мојот сомнеж дека е би. Го сакам и кога го прашувам за тоа секогаш гледам да не навредам, ама вака повеќе не оди. Ми одговара со некои прашања од типот: “што би ти сменил мојот одговор во твојот живот“ или “јас те сакам тебе и никој и никоја друг“.
На болдираното, одговорот е „Многу би ми сменил, зашто јас планирам остатокот на својот живот да го поминам со тебе и само со тебе.“
Јасно, потребно е ова да биде вистина. Но, тоа ти треба претходно да го решиш, т.е. дали е навистина така.
Е сега, не е проблемот што е би (ако е). Проблемот е што не сака отворено да разговара за тоа. До некаде, и проблем ми е ако е би, затоа што тука се’ би завршило. Не можам да функционирам со секојдневна мисла “И да ме остави, ОК, и да се разделиме -ОК!!! Ама да ме остави затоа што под притисок или очекувања на неговите, тој некогаш ќе помисли да се ожени и да ги израдува своите со внучиња?!?!“ Хм... па подобро сега да умрам, отколку да го доживеам тоа!
ОК е да те остави. Не е ОК да те остави.
Значи, има случаи кога *НЕ* е ОК да те остави. Значи, поради која и да е причина ти НЕ сакаш тој да те остави. Си му го кажал тоа?
Ги почитувам би-луѓето. Не дека ги разбирам. Ама дека го мразам тоа што го прават, е тука -нема збор. Скоро како по правило идат де со некој, де со некоја, за да на крај, од нивни причини, “среќно“ се оженат, трчајќи пак по машки, додека жена им дома ги чека за вечера.
Генерализираш. Секој случај е индивидуален и не е фер вака да се поставуваш. Посебно што ниту не знаеш дека е би.
А не сакам ни да помислам на што се’ сум спремен ако ме лаже... не сакам ни да помислам на тоа...
Помисли. Добро помисли, зашто можно е да е баш така. Можно е да те матка, да ти кажува дека те сака, за да не мислиш на друго, а тој да си шара по страна. Дури и со жени. Што би правел ако е така?
Едит: И да, заборавив да прашам: што треба да значи неговата изјава “Се’ почнува и се’ завршува со сексот“
:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
Тоа значи „Додека има секс, добро е. Кога ќе нема, нема да е добро, па ќе го барам на друга страна“ (мое мислење)
Повторно: дали сакаш да го поминеш остатокот од својот живот со него? Ако да, кажи му, макар и по цена да го изгубиш. Ако не, почни и ти да експериментираш на страна, па види каде ќе те одведе животот.