да се вратиме на климите ...
Дали може некој да сподели мислење за VIVAX COOL, ACP-12CH35AERI? Помина летово, ги оставив моите без клима, треба барем пред зима да се направи нешто...
Буџетот е 500еур плус-минус, ова ми изгледа ок, демек ДЦ инвертер, греачи на компресор, тацна, грее до -15 и сл а влегува внатре. Слободно разубедете ме за друг модел ако има подобар избор за парите. Не успеав да најдам сервисно упатство, ваљда е многу нов моделот.
Јас ја имам добра е. Убаво лади, не сум проверувал колку троши ама оние што проверувале велат дека е добра, ептен е тивок компресорот не се слуша, убава е на лик и има WiFi.
2 месеца се мачев да го поврзам WiFi-то ама денеска еве конечно успеав. За сите што имаат проблеми со оваа клима и со апликацијата за WiFi (NetHome Plus):
- Добив одговор од Вивакс Хрватска дека апликацијата не работи на Андроид 6. Демек апдејт се спремало моментално ама, еве веќе две недели од тогаш уште нема никаков апдејт.
- Арно ама, кога ја пушташ апликацијата се најавуваш со имејл и пасворд. Доброто тука е што можеш преку друг телефон да се најавиш со истиот имејл и да ја поврзеш климата со рутерот, а после од твојот телефон кога ќе се најавиш климата ќе си биде поврзана и ќе можеш да ја палиш/гасиш.
До сега за 3 телефони знам дека можат да ја поврзат со рутер: Samsung Galaxy S4 mini (Android 4.4.2), Lg F60 (Android 4.4.2) и еден Meizu кинески (не знам што андроид имаше ама мислам 5. нешто беше). Веројатно и многу други можат само треба да имаат верзија на Андроид постара од 6.0 (ама и не постара од 4.4 оти тогаш нема ни да ја подржуваат апликацијата)



