- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Живееме, работиме и трпиме едни покрај други (Македонци, Албанци и Турци, христијани и муслимани), но со некои исклучоци не сме се мешале и не се мешаме премногу ни сега. Не е некоја филозофија, премногу разлики не делат, и цивилизациски и културни и верски и јазични, национални, политички. Освен што сме комшии, малку имаме заедничко. Не не поврзува ни некое пријатно заедничко историско минато како народи (напротив), а и заедничката сегашност е некако насил(н)а.
Самата средина, фамилиите од двете страни, политичките состојби се фактори кои вршат постојан притисок врз евентуална мешана врска, брачна или вонбрачна. Децата од вакви врски исто така се осудени на изолација, на недоверба од страна на врсниците. Тоа некој може и да го игнорира извесен период, но не секогаш и не секаде.