По се изгледа таа варијанта би ми била најдобра...
...
Абе се опседнав со чистењево, исфрлив бел леб, преку ден јадам по 6-7 танки парчиња баварски црн леб. Пробувам да избегавам и масло еве, али ми се дешава со салати да дојдам во контакт. Заборавив на сокови и благи работи (шеќери).
И не вечерав после 7h скоро два месеци, но читаќи на форумов и пошироко дојдов до информација дека правам грешка поради тоа што долгочасовно го изложувам телото без протеини и се плашам од загуба на мускулатура.
Користев all in one суплимет- Synchronize (содржина: Beta Alanine 3g; Crea Trona 4g; Leucine 3 g и 47g протеин whey концентарт-изолат) но го баталив штом го испив мислеќи дека немам никаков ефект од суплементот, но во тренинзи кои следеа отпосле сфатив дека всушност имало ефект, имав повеќе сила (си мислам дека е од тоа
)
Пробував да држам некоја си вегетаријанска диета (без месо), но изгледа ми треба повеќе протеин доколку сакам да се исчистам побрзо, ми треба барем 1г. на кило тежина, а јас не го достигнувам тоа.
Но почнувам со стек и туна поинтензивно, а ќе мора и суплемент да земам со повисок протеински концетрат си велам. Ќе видам, со оглед на тоа што имам прилично "сиромашна" диета можда ќе бидам принуден да земам нешто и со повеќе калории, а исто така и нешто како Бета-Аланин и Луцерин, читам имале исклучителна важност.
Иначе од резултатот можам да бидам задоволен си велам, 12 кила за едно 3 месеци, од 82 на 70. И си велам дека засега немам изгубено мускулатура, барем не нешто воочливо.
Си велам дека сум некаде измеѓу 10-15% body fat. Правам стомачни, трчам по 7 км 3 пати неделно, склекови, пуш апс/пул апс, али не во еден ден, пример еден ден кардио со стомачни, следниот ден склекови со вежби за трицепс и бицепс (дома) трет ден вратило пуш апс пул апс.
Се надевам ќе се доисчистам во наредниве 2 месеци и да ги видам сите 6!
Тоа е...